VOA
Voice of America
Voice of America is an international news and broadcast organization serving Central and Eastern Europe, the Caucasus, Central Asia, Russia, the Middle East and Balkan countries
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Сирија опфатена од масовни одмазднички убиства и хуманитарна криза - март 17, 2025 Video 17.03.2025 3:05
Сирија се соочува со бран насилства. Стотици луѓе беа убиени во масакри на сириското крајбрежје минатата недела и се смета дека биле со одмаздничка природа. На тоа се додаваат и заканите за хуманитарна криза во земјата. Известува Хедер Мурдок.
Украински инженер загинал на фронтот, но од негови скици се роди ново детско игралиште - март 16, 2025 Video 16.03.2025 2:18
Украинскиот инженер и војник Андриј Черницки смислил проект за изградба на детско игралиште во неговиот роден град - но не го дочекал тоа. Игралиштето неодамна беше отворено. Известува Тетиана Кукурика.
Уметноста добива нова форма со вештачката интелигенција - март 15, 2025 Video 15.03.2025 3:52
Компаниите за вештачка интелигенција ги обучуваат своите модели со дела на писатели, уметници и креативци кои обично не се споменати или надоместени. Наместо да се борат против вештачката интелигенција, некои технолошки компании ги охрабруваат креаторите да го искористат тоа. Известува Тина Трин.
„Крвава месечина“ го осветли небото на Латинска Америка - март 14, 2025 Video 14.03.2025 0:30
„Крвава месечина“ го осветли небото на Латинска Америка
Хидроцентрали постари од половина век: Во каква состојба е македонскиот енергетски систем? - март 14, 2025 Video 14.03.2025 4:30
Македонските енергетски капацитети се постари и од 50 години. Потребно е итно инвестирање во нови, велат експерти. ХЕЦ Вруток е од 1957 година, ХЕЦ Глобочица од 1965 година, додека Шпиље од 1969 година. ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола се од 1980 година, додека ТЕЦ Неготино од 1978 година.
Калифорнија го повлече законот за отчетност кај социјалните медиуми - март 14, 2025 Video 14.03.2025 2:42
Како победа за корпорацијата „Икс“ на Илон Маск, американската сојузна држава Калифорнија повеќе нема да бара од компаниите за социјални медиуми да известуваат за нивните модераторски практики на содржините. Мет Дибл известува од Силиконската долина.
Турција и Израел во спрега за иднината на Сирија - март 14, 2025 Video 14.03.2025 2:59
Сирија е повод за ривалство меѓу Турција и Израел. Аналитичарите велат дека Израел станува вознемирен од зголеменото воено и дипломатско влијание на Турција во Сирија, додека Анкара го обвинува Израел дека сака да ги поткопа новите водачи на Сирија. Доријан Џонс известува од Истанбул.
Раното цутење на црешите ги воодушевува туристите во Токио - март 13, 2025 Video 13.03.2025 0:30
Раното цутење на црешите ги воодушевува туристите во Токио. Сезоната на цветање на црешите требаше да започне следниот петок (21 март) во Токио.
Неизвесна иднина за Газа со спротивставените планови за мир - март 13, 2025 Video 13.03.2025 3:19
Арапските држави усвоија египетски план за иднината на Газа и ја повикаа меѓународната заедница да го поддржи планот. Израел вели дека Хамас не смее да има никаква улога во иднината на Газа. Линда Градштајн известува за Гласот на Америка од Ерусалим.
Кина ги обвинува САД за нарушување на светската стабилност, но истовремено му се заканува на Тајван - март 13, 2025 Video 13.03.2025 2:17
Кина ги обвинува САД за нарушување на светската стабилност, а упатува закани кон Тајван. Официјален Пекинг најави дека ќе возврати на царините од администрацијата на Трамп, во обид да прикаже себеси како сила за глобална стабилност. Известува Вилијам Гало.
Според аналитичари, царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико - март 13, 2025 Video 13.03.2025 2:48
Царините од САД силно ќе ја погодат економијата на Мексико, предупредуваат аналитичари. Мексико е главен трговски партнер на САД. Во 2024 година, извезе производи и во вредност од речиси 506 милијарди долари. Известува Вероника Вилафање.
По 60 години, граничниот премин „Маркова нога“ ќе стане реалност - март 12, 2025 Video 12.03.2025 3:43
По цели 60 години, граничниот премин „Маркова нога“, меѓу Северна Македонија и Грција, ќе стане реалност. Преминот бил во функција до 1967 година, кога бил и затворен. Автор: Мики Трајковски
Индиските вдовици го слават фестивалот Холи - март 12, 2025 Video 12.03.2025 0:30
Индиските вдовици го слават фестивалот Холи во Утар Прадеш
Ќе придонесат ли американските разговори со Хамас до ослободување на сите израелски заложници? - март 12, 2025 Video 12.03.2025 2:32
Преговарач за заложници од администрацијата на Трамп ги нарече „корисни“ неговите неодамнешни состаноци со претставниците на терористичката група Хамас. Разговорите биле фокусирани на ослободувањето на американско-израелскиот заложник кој го држи Хамас. Известува Араш Арабасади.
Што ќе донесе одредбата на Трамп за внесувањето на биткоинот во националните резерви на САД? - март 12, 2025 Video 12.03.2025 2:56
Што ќе донесе одредбата на Трамп за внесувањето на биткоинот во националните резерви на САД? Претставници на Белата куќа проценуваат дека владата има околу 200.000 биткоини, приближно вредни 17 милијарди долари. Известува Мишел Квин.
Менди Ќира: Минималната плата да се покачи до 500 евра, но придонесите да се намалат - март 12, 2025 Video 12.03.2025 5:40
Разговор со Менди Ќира, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија за синдикалните барања на работниците, за можностите и потребите на регионот.
Собраниска интерпелација за членови на Судскиот совет, опозицијата ја напушти седницата - март 11, 2025 Video 11.03.2025 4:49
Владејачкото мнозинство во Собранието со денешните интерпелации за петмина членови на Судскиот совет, кои ги избра токму парламентот во претходниот состав, го почна, како што го нарече, процесот на вистински реформи во судството. Владимир Мирчески известува од Скопје.
Сонце изгрева над Нук на денот на изборите во Гренланд - март 11, 2025 Video 11.03.2025 0:39
Жителите на Гренланд денеска излегуваат на избори кои го привлекуваат меѓународното внимание со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз островот богат со минерали. Исходот од изборите е неизвесен.
Ќе издржи ли примирјето во Газа, различни гледишта за крајниот исход - март 11, 2025 Video 11.03.2025 3:00
Претседателот Доналд Трамп ја удвои својата закана дека Хамас мора веднаш да ги ослободи преостанатите израелски заложници. Од терористичката група, пак, ги обвинија САД и Израел за наводен обид за повлекување од преговорите. Известува Патси Видакусвара.
Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД? - март 11, 2025 Video 11.03.2025 3:23
Колку долго може да издржи Украина без воена помош од САД? Тоа прашање се поставува откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди „пауза“ на воената помош за Украина, а со цел да поттикне мировни преговори. Известува Хенри Риџвел.
За состојбите во Русија, за војната: Разговаравме со група руски туристи на Малдивите - март 11, 2025 Video 11.03.2025 3:21
Не слушате многу од руските цивили во меѓународните медиуми бидејќи руската влада ги ограничува странските известувачи. За Гласот на Америка, Генија Дулот се сретна со некои руски туристи на Малдивите и ги праша што мислат за за напорите на Трамп крај на војната во Украина.
Крај на американскиот цент? - март 10, 2025 Video 10.03.2025 2:29
Крај на американскиот цент? Претседателот Доналд Трамп му нареди на американскиот Оддел за финансии да престане да ги кова центите, чии трошоци за производство ја надминуваат неговата вредност од 1 цент.
Земјата претседавач со ЕУ: Проширувањето останува во центарот на нашето внимание - март 10, 2025 Video 10.03.2025 3:53
„Политиката на проширување на ЕУ може значително да придонесе за постигнување на нашите безбедносни цели и затоа проширувањето останува во центарот на нашето внимание“, рече во Собранието Мариуш Бримора, амбсадор на Полска, земјата која претседава со ЕУ.
Израелската полиција спаси нелегално младенче лав и два мајмуни - март 10, 2025 Video 10.03.2025 0:30
Израелската полиција спаси нелегално младенче лав и два мајмуни
Пад на цените на недвижностите во Кина во ек на економски тензии со САД - март 10, 2025 Video 10.03.2025 1:56
Кина ја постави својата цел за економски раст на 5 отсто. Таа бројка е непроменета од минатата година, и покрај зголемените економски предизвици, вклучително и ескалацијата на трговските тензии со САД. Известува Бил Гало од Сеул.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.