VOA
Voice of America
Voice of America is an international news and broadcast organization serving Central and Eastern Europe, the Caucasus, Central Asia, Russia, the Middle East and Balkan countries
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Избркани од домовите, асимилација, уцени: Како изгледа животот на Украинците под руска окупација - март 09, 2025 Video 09.03.2025 3:48
Илјадници села и мали украински градови се под руска контрола. Животот драматично се промени за многу Украинци кои останаа во окупираната територија. Многумина се избркани од сопствените домови, додека на нивните места се градат станови што ги купуваат Руси. Известува Катерина Беседина.
Владо Мисајловски, министер за одбрана: Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети за Украина - март 09, 2025 Video 09.03.2025 15:59
Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина, вели во разговор за Гласот на Америка министерот за одбрана, Владо Мисајловски и додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу два милиона евра од македонското министерство за одбрана.
Градоначалниците на Чикаго, Денвер, Њујорк, Бостон на испрашување пред Конгресот поради имигрантите - март 08, 2025 Video 08.03.2025 3:41
Пред конгресен комитет, градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон, го бранеше статусот на неговиот град како „град засолниште“. Со истото се соочија и градоначалниците на Денвер, Њујорк и на Бостон. Известува Кејн Фарабо.
Осми Март: Ден за општеството да ги разбере достигнувањата на жените - март 08, 2025 Video 08.03.2025 4:04
Според Светскиот економски форум стои дека ќе бидат потребни околу 130 години за светот да достигне целосна родова еднаквост, во која жените и мажите подеднакво придонесуваат во сите димензии на животот. Како тоа изгледа низ животот на две жени од Колорадо? Приказна на Свитлана Пристинска.
Македонски војници нема да бидат дел од евентуална мировна мисија во Украина - март 07, 2025 Video 07.03.2025 3:56
Ваквото позиционирање на официјално Скопје доаѓа во период на силна дипломатска мобилизација кај клучните европски сојузници за поголем ангажман во Украина и сериозното разгледување на опцијата за испраќање трупи. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.
За маржи до 70 отсто, Пазарната инспекција изрече казни од 42 илјади евра - март 07, 2025 Video 07.03.2025 1:13
Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки.
Прикажани уметнички дела со помош на вештачка интелигенција - март 07, 2025 Video 07.03.2025 0:29
Турско-американскиот уметник Рефик Анадол изложи уметнички дела кои користат вештачка интелигенција во музејот Гугенхајм во Шпанија. Речиси 50 проектори го прикажуваат уметничкото дело со висока резолуција, прикажувајќи 25 милиони слики од природата.
НАТО вежба во Романија, без САД - март 07, 2025 Video 07.03.2025 3:01
Најновата сила на НАТО за брз одговор ја тестира својата сила во Романија, на само километри од украинската граница. На вежбата САД не учествуваат. Операцијата ја води Првата дивизија на Велика Британија. Известува Мирослава Гонгадзе.
Додека мажите се во војска: Сè повеќе жени работат во рудниците во Украина - март 07, 2025 Video 07.03.2025 3:35
Додека мажите се во војска, сè повеќе жени работат во рудниците во Украина. Гласот на Америка беше во еден од рудниците за јаглен. Прецизната локација на рудникот и целосните имиња на рударите не се откриени поради безбедносни причини. Известува Лесиа Бакалец
Одделенскиот наставник Иле Михајловски од Свети Николе е меѓу најдобрите во светот - март 07, 2025 Video 07.03.2025 4:37
Материјално од она што го видов, македонскиот образовен систем стои прилично ниско, вели, Иле Михајловски, одделенски наставник од Свети Николе, кој се најде во листата на 50 најдобри наставници во светот во конкуренција на 5000 пријавени кандидати од 89 држави.
Хрватскиот спикер во официјална посета на Скопје - март 06, 2025 Video 06.03.2025 4:17
Спикерот на хрватскиот Парламент Гордан Јандроковиќ се обрати во македонското Собрание, и пред пратениците испорача две клучни пораки – едната за пристапувањето кон ЕУ, другата за прашањето како да се дојде до мир во Украина. Владимир Мирчески известува од Скопје.
Тарифи за да го вратат производството во САД - март 06, 2025 Video 06.03.2025 2:57
Тарифите отсекогаш биле алатка во трговската политика на САД, но под претседателот Доналд Трамп тие повторно заземаат централно место. Претседателот Трамп ја одложи новата царина од 25 отсто само за увоз на возила од Канада и Мексико за еден месец.
Одложување од еден месец за царините од 25% за автомобилскиот сектор - март 06, 2025 Video 06.03.2025 0:39
Американскиот претседател Доналд Трамп за еден месец ги одложи царините за американските производители на автомобили од Мексико и Канада. Ова следи откако Трамп разговараше со лидерите на производители на автомобили, Форд, Џенерал Моторс и Стелантис.
НАТО ги засили патролите после кинењето оптички кабли во Балтичкото Море - март 06, 2025 Video 06.03.2025 2:37
После неколкуте инциденти со оштетување на поморските кабли во Балтичкото Море, НАТО започна програма за следење на овие витални подводни комуникациски и енергетски цевководи. Владислав Андрејевс од Гласот на Америка беше на брод на НАТО за откривање мини.
САД во преговори за Белорусија да ослободи политички затвореници - март 06, 2025 Video 06.03.2025 3:30
САД и Белорусија, наводно, преговараат за договор за ослободување на значителен број политички затвореници во Белорусија. За возврат, САД размислуваат за олеснување на некои санкции за земјата која е тесно поврзана со Русија. Известува Максим Адамс.
Дел од ослободените украински села постепено се обновуваат - март 06, 2025 Video 06.03.2025 3:26
На Украина ѝ се потребни 524 милијарди долари за закрепнување, се вели во нов извештај за проценка на штети и потреби. Извештајот е објавен од Обединетите нации, украинската влада, Светска банка и Европската комисија. Лесија Бакалец известува од село на околу 90 километри северно од Киев.
„Америка се врати“ – претседателот Доналд Трамп се обрати пред Конгресот - март 05, 2025 Video 05.03.2025 4:20
Претседателот Доналд Трамп во Конгресот ги пофали досегашните преземени чекори, а како такви ги вброи намалувањето на федералната влада, високите царини, а упати и пораки за прекин на борбите Украина – Русија. Демократите ги искажаа своите незадоволства. Патси Видакусвара има повеќе детали.
Петти ден на карневалот во Рио де Жанеиро - март 05, 2025 Video 05.03.2025 0:30
Петти ден на карневалот во Рио де Жанеиро Карневалот во Рио де Жанеиро, најголемиот бразилски фестивал во годината, заслепуваше со големите подвижни бини, костими и изведби во вторникот (4 март) вечерта, петтиот ден од раскошната прослава.
Канада ги заострува условите за запишување странски студенти - март 05, 2025 Video 05.03.2025 2:28
Канада, која долго време се сметаше за една од најотворените држави во светот, воведе огромни промени кои ги засегаат странските студенти. Реформите го истакнуваат растечкиот глобален тренд кон порестриктивни имиграциски политики. Арзума Компаоре известува од Калгари.
Во Русија растат очекувања за средба Путин – Трамп - март 05, 2025 Video 05.03.2025 3:10
Растат очекувањата во Русија за самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. На улиците на Москва, многу Руси го поздравуваат она што го гледаат како затоплување на односите со Вашингтон, а некои се надеваат дека е почеток на крајот на изолацијата на нивната земја од Западот.
Израел ја блокира помошта за Газа, примирјето е доведено во прашање - март 05, 2025 Video 05.03.2025 3:11
Иднината на примирјето меѓу Израел и Хамас е доведена во прашање откако Израел прекина секаква помош за појасот Газа. Израел вели дека сака да го продолжи сегашниот прекин на огнот за седум недели, Хамас вели дека сака разговори за траен крај на војната. Линда Градстин известува од Ерусалим.
Меѓувладина седница меѓу Северна Македонија и Унгарија - март 04, 2025 Video 04.03.2025 9:06
Унгарската и македонската влада се на иста линија кога станува збор за Украина, а тоа е дека Европа, која е најпогодена од тригодишната руска агресија, треба да притиска за одржливо мировно решение и дека токму Европа треба да има позначајна улога во процесот на конечно запирање на војната.
Хималајските држави во Индија под снег - март 04, 2025 Video 04.03.2025 0:29
Хималајските држави во Индија под снег. Индиските хималајски држави Химачал Прадеш и Џаму и Кашмир се претворија во живописен зимски рај, по обилните снежни врнежи во регионот.
Досегашни ефекти од кратењата во владиниот сектор во САД - март 04, 2025 Video 04.03.2025 3:33
За време на првиот состанок на кабинетот претседателот Доналд Трамп ја бранеше одлуката за намалување на големината на работната сила на американската влада. Покрај очекувања за заштеди, одлуката донесе и противењето на отпуштените федерални работници. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.
„Епл“ најави 500 милијарди долари инвестиција во САД и 20.000 работни места - март 04, 2025 Video 04.03.2025 2:18
„Епл“ објави инвестиција од 500 милијарди долари во САД и 20.000 нови работни места, сигнализирајќи ја својата про-американска страна. Најавата доаѓа после намерите на Трамп да ги зголеми царините кон Кина, каде се произведуваат голем дел од уредите на „Епл“. Известува Мишел Квин.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.