Goce.mk

goce.mk

News MK ↓ 105 episodes

Подкаст на goce.mk

Author

Goce.mk

Category

News

Podcast website

www.goce.mk

Latest episode

Apr 27, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Мојот Став: Образование без редослед 27.04.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Понекогаш навистина доаѓа момент кога човек се прашува дали живееме во некаква симулација, или едноставно сме земја што упорно се убедува дека е „на чекор до Европа“, додека реалноста ни се распаѓа во мали, секојдневни апсурди што веќе никого не изненадуваат. Изминатава недела дознавме дека во Македонија можеш да се запишеш на магистерски или докторски студии и...

Мојот Став: Тешкотијата да се искаже сопствен став 11.04.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Замислете ученик кој по години учење знае да одговори на прашање, но се двоуми кога треба да каже што мисли за нешто, навикнат да го бара точниот одговор и таму каде што се очекува став. Ова за жал, не е само личен впечаток, туку појава потврдена и со истражување на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, според кое најголем проблем за ученицит...

Мојот Став: "Феноменот" на крадење во Македонија 31.03.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став: Крадење во Македонија не е нешто ново, ама сепак е феномен. Од толку академски граѓани, доктори на науки, магистри, среќни бракови, воспитани деца, чудно е како сме дошле до состојба да си дозволиме да се краде од роденденска забава на мајмунче од зоолошка. Можеби обичниот народ си добил инспирација од митото и корупцијата кои се спроведуваат над жителите на Мак...

Мојот Став: Ајде да се веселиме 23.03.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Пред некој ден беше светски ден на среќата. Ден кога, барем според календарот, треба да бидеме среќни. Ако не сте, не грижете се, ќе ви објаснат дека проблемот е во вас. Ајде да се веселиме. Да зборуваме за убави работи. На пример, колку е убаво кога цените растат, а платите континуирано стојат. Или колку е прекрасно чувството да чекаш ред, па да дознаеш дека т...

Мојот Став: Осми март со црна лента 07.03.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Годинава Осми март нека биде со црна лента. По сè што се случува, лицемерно е да зборуваме за почит кон жената додека реалноста стои пред нас. Зад честитките и букетите има приказни што не завршуваат со насмевка. Има домови во кои празникот не носи радост, туку тишина. Има мајки што палат свеќи за ќерките што требало денес да ги прегрнат. Низата трагедии што им...

Мојот Став: Колку чини еден редок живот? 28.02.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Постојат болести што медицината ги нарекува „ретки“. Зборот звучи речиси невино, како нешто што се случува далеку, на маргините на статистиката. Но реткоста е само медицински термин, а човечкото чекање никогаш не е ретко. Да чекаш терапија, да броиш денови наместо иднини, да живееш меѓу надежта и тишината на институциите, тоа е искуство што премногу семејства г...

Мојот Став: Митот наречен социјална правда 20.02.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Постои еден збор што во Македонија се употребува почесто од „добар ден“, а се разбира поретко од тишината што следи по него. Тој збор е: “социјална правда”. Го слушаме во говори, го читаме во програми, го гледаме во предизборни плакати како ветување што секогаш доаѓа утре. А утрето, како што знаеме, е најдолгиот ден во македонската историја: никогаш не пристигн...

Мојот Став: Колку е “високо” високото образование во Македонија? 16.02.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Во Македонија високото образование последниве денови се мери. Се мери со нов закон, со нови бодови, со нови критериуми, со нови табели. Се мери толку многу што човек би помислил дека конечно сме ја нашле формулата за квалитет. Само што никој не знае каде е метарот. Колку сантиметри тежи еден професор? Колку милиметри вреди еден труд? Колку килограми има импакт-...

Мојот Став: Што точно извезуваме од Македонија? 06.02.2026

Со години зборуваме за „одлив на мозоци“ и веќе ни стана излитена фраза. Ја користиме механички, како временска прогноза: младите си одат, државата старее, сите ги свиваме рамениците и продолжуваме понатаму. Како да е природна појава, а не политички и институционален пораз. А потоа, одеднаш, во вести читаме дека “од Северна Македонија со години биле испраќани вистински човечки мозоци во странство,...

Мојот Став: Чекајќи поголема плата 30.01.2026

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Во средата поминував низ центарот на Скопје и налетав на протест. Свирчиња, транспаренти и луѓе што бараат повисоки плати. Застанав неколку минути ама повеќе од љубопитност отколку од намера да се приклучам. Гледајќи наоколу, во еден момент си помислив: каде се младите? Не дека ги немаше воопшто, само ги немаше доволно. А баш ние треба најмногу да се нервираме...

Мојот Став: Загадувањето како изговор 26.12.2025

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Загадувањето во Македонија одамна не е проблем. Тоа е алиби. Со години ни служи како совршено оправдување: зошто институциите не функционираат, зошто здравството е преоптоварено, зошто сме уморни, нервозни и без енергија, зошто секојдневието ни изгледа потешко отколку што треба да биде. „Не е до нас, до воздухот е.“ И навистина-до воздухот е. Ама не само до нег...

Мојот Став: Продадена слобода со вкус на ментол 19.12.2025

Јас сум Даница, а ова е мојот став:  Никој од младите денес не почнува да пуши затоа што сака да мириса на чад. Почнува затоа што некој многу паметно му продал приказна: дека ова е избор, стил, контрола. Дека не е како „старите цигари“. Дека е почисто, попаметно, поново. Со вкус на ментол. Или боровинкаИ едно браво за тој некој. Успеал да направи „нов“ генерациски бизнис. Никотинот никогаш не бил...

2:0 службено за Мозочниот Одлив: Македонија игра одбрана без играчи 12.12.2025

Јас сум Даница, а ова е мојот став: Понекогаш имам чувство како Македонија да игра фудбалски натпревар со самата себе, и пак да губи. 2:0-службено за Мозочниот Одлив. Не е дека младите не ја сакаат земјата. Напротив. Ја сакаат премногу за да останат во брак со систем што ги малтретира. Па си заминуваат. И секој што се качува на автобус за Германија ја има истата мисла: „А бе, можеби оваа земја не...

Мојот Став: Што ни вреди град под надзор, ако државата останува надвор од контрола? 05.12.2025

Јас сум Даница, а ова е мојот став: Кога државата се пофали со проектот „Безбеден град“, многумина реагираа како да сме направиле цивилизациски скок. Камерите, велат, ќе нè научеле дека црвеното светло не е украс, дека тротоарот не е паркинг, и дека улицата не е Монца во квалификации. Добро е тоа. Конечно нешто што ветува ред на терен. Но веднаш се појави прашањето што никоја камера не го снима: ш...

Мојот Став: Кој и како ќе ја изведе гимназиската реформа? 28.11.2025

Јас сум Даница, а ова е мојот став: Најавената гимназиска реформа со две заеднички години и потоа префрлање во математичка или општествена насока, звучи како чекор напред, барем на хартија. МОН ја промовира како свеж концепт, но вистинското прашање е: дали конечно ќе се направи реформа што функционира, или повторно ќе добиеме уште една добро спакувана празна кутија? Две заеднички години имаат смис...

Мојот став: Култура на неказнивост – коренот кој никој не го копа 21.11.2025

Во Македонија секоја поголема трагедија ја шокира јавноста точно три дена. Четвртиот ден веќе почнуваме да се навикнуваме, петтиот ден си се враќаме во истите рутини, а по една недела веќе произведуваме нов скандал. Јас сум Даница, а ова е мојот став:

Мојот став: Култура на неказнивост – коренот кој никој не го копа 21.11.2025

Во Македонија секоја поголема трагедија ја шокира јавноста точно три дена. Четвртиот ден веќе почнуваме да се навикнуваме, петтиот ден си се враќаме во истите рутини, а по една недела веќе произведуваме нов скандал. Јас сум Даница, а ова е мојот став. Тоа не е слабост на колективната меморија, туку навика која создава далеку поголем проблем од кој било индивидуален пропуст. А тоа е култура на нека...

Кочани требаше да нé разбуди. Нé разбуди ли? 16.09.2025

Пред точно шест месеци Кочани и Македонија се разбудија во шок од трагедијата која однесе над 60 млади животи. Млади деца, кои излегле да се забавуваат и да поминат уште една саботна ноќ, не се вратија. Изгореа во оган или се задушија од гасовите кои ги вдишале во дискотеката „Пулс". Една од помислите во тие моменти на шок и неверување беше, ако ова не не натера да го мениме системот, за да н...

Македонија ќе ја биде – се друго е мит! 07.09.2025

Македонија ќеја биде – се друго е мит! Драги млади, Денес ја славименезависноста на Македонија, денес го славиме денот кога сме се одвоиле одЈугославија и сме прогласиле сопствена, независна држава Македонија. Веројатно стеслушале приказни за Југославија – и веројатно тие приказни се на линијата дека била„совршена“ држава, дека тогаш сè било подобро. Веројатно исто така честослушате дека Македониј...

Извештаи, избришани зборови и непријатни вистини 11.07.2025

Почнаа пак да вријат социјалните мрежи, емисиите, форумите, а бога ми и некои умови кои ретко се вклучуваат. Повод? Редовен извештај на Европарламентот за напредокот на нашата земја. Еден пасус, една реченица, едно спомнување на „македонскиот идентитет“ – и одеднаш: драма, заговори, предавства, „ни го крадат идентитетот“, „ЕУ сака да нè избрише“. Како да сме во трилер со лоша содржина, ама со прет...

Си беше еднаш еден приемен кој ги покажа сите лаги 03.07.2025

Си беше еднаш едно образование каде сите имаа петки. Толку многу петки, што веќе изгледаа како декорација, а не како оцена. Сведителствата блескаа,родителите беа горди, наставниците спокојни, директорите задоволни. Сите среќни. И тогаш – бам! Приемен испит за запишување во средно училиште.50% од тие „одлични“ основци не положиле. Половина од учениците со “чисти петки” паднале на првиот реален тест...

Трета светска на праг-ние по папучи 27.06.2025

Во рамките на политичката теорија намеѓународни односи, особено кај автори како Ханс Моргентау и Кенет Волц,„мирот“ не се третира како трајна состојба, туку како привремен баланс на силиво анархична меѓународна структура. Историјата покажува дека големите војни незапочнуваат со врева, туку со дипломатија. Не се најавуваат — се воспоставуваатниз постапки што на почеток изгледаат рационални, а подоц...

Соништа со рок на траење 20.06.2025

На 15 години, сè ти изгледа можно. Си викаш: ќе завршам факултет навреме, ќе најдам работа што ја сакам, ќе патувам, ќе бидам нешто. Сонуваш големо – не затоа што си наивен, туку затоа што уште не си се соочил со реалноста. До 20-тата година, соништата веќе не изгледаат толку гламурозно. Си научил што значи умор без причина, стрес без пауза и живеење со преголеми очекувања од себе. Не се откажуваш...

Учи дете, за да станеш келнер 13.06.2025

“Ќе завршам факултет за да си најдам работа… што ќе ме тера да се прашувам зошто сум го завршил факултетот”. Во Македонија, тоа е класичен рецепт. Од мали нè учат: учи, учи, и уште малку учи, дипломирај, и работата ќе дојде. Само што никој не кажува каква работа, каде, и за колку пари. Или поточно – за која навреда. Почнуваш со полна енергија. Запишуваш факултет, влегуваш со некоја идеја дека ќе н...

За луѓето кои мислат дека се некој и нешто 05.06.2025

Во секое друштво, на секој агол, се појавува по некој — самопрогласен цар, кралица без круна, или гласен филозоф што чита само насловни страници. Тие што мислат дека се некој и нешто, се движат низ светот како да им должи нешто. А светот? Светот само се врти. Ниту го забележува нивниот поглед полн со самобендисаност, ниту им прави простор за црвениот тепих што го замислиле. Тешко е да им објасниш...

Listen to the goce.mk podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.