Goce.mk

goce.mk

News MK ↓ 105 episodes

Подкаст на goce.mk

Author

Goce.mk

Category

News

Podcast website

www.goce.mk

Latest episode

Apr 27, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Кирил и Методиј се враќаат - со црвени пенкала 23.05.2025

Денес сите пишуваме. Пишуваме статуси, пишуваме пораки, твитаме, коментираме, па дури и „се изразуваме“. Но некако, сè почесто се случува тоа пишување да нема баш никаква врска со мислење. Или со логика. Или со, да простите-со јазикот. Писмена неписменост не е нов вирус. Таа одамна шета меѓу нас, со диплома во рака и самодоверба во 280 карактери. Тоа е таа појава каде што личност знае да напише „п...

Генерација Z: најпаметни досега… или најизгубени? 09.05.2025

Некогаш луѓето верувале дека знаењето е моќ. Денес – знаењето е Google резултат на првата страница. Ние, генерацијата Z, сме родени во свет каде сите одговори се на дофат со еден клик. А сепак, прашањето што сите ги мачи е: дали сме најпаметната генерација досега… или најизгубената? Имаме пристап до секоја информација што некогаш била забележана. Можеме да научиме дури и кинески на Duolingo додека...

Кој ја креира јавната перцепција денес? 25.04.2025

Некогаш медиумите беа гласот на народот. Денес пак инфлуенсерите се ехото на новиот народ: млад, визуелен, нетрпелив. Денес вистината доаѓа преку Instagram story со музика во позадина и попуст код за серум за лице. Иако звучи смешно, ова е реалноста. Инфлуенсерите го преземаа местото на класичните медиуми. Не затоа што знаат повеќе, туку затоа што имаат поголемо внимание. Она што новинарот ќе го н...

Триесет зборови се полоши од триесет сребреници 18.04.2025

Често знам да им кажувам на луѓето дека дедо ми раскажува многу убави приказни. Кога тој раскажува, и светот престанува да се врти. Го слушаш и одеднаш не си веќе таму каде што си-туку таму каде што те води зборот. Стануваш дел од приказната. Ги живееш чувствата на јунаците, ги носиш нивните соништа, нивните стравови. И не ги забораваш. Со раскажана приказна расте човекот. За децата тие се мал све...

Успеавме ли да ја затрупаме Стерната? 11.04.2025

Успеавме да ја затрупаме Стерната. Ама не со песок, ниту со партали, ниту пак со камења. Туку со тишина, со молк. Со навика да не прашуваме, со страв да се слушнеме себе, со желба да бидеме нешто друго. Успеавме, зар не? Ја затрупавме таа Стерна што бучи во нас. Ја покривме со гласни серии, со инфлуенсери што продаваат совети за мир, со туѓи зборови што ги викаме „наши“. Ја задавивме до шепот.

Петки за молк, единици за став: Размислување на пауза–каде затајува образованието? 04.04.2025

Во нашите училници најдобро поминуваат тие што не поставуваат премногу прашања. А на оние што размислуваат премногу... им се спушта оценка. И тоа не е само чувство-според PISA резултатите на Организација за економска соработка и развој (2018), учениците од регионот покажуваат потешкотии при решавање на проблеми што бараат критичко размислување, иако добро ги репродуцираат фактите. Добредојдовте во...

Мамо...картата е купена 28.03.2025

Картата е купена. Не за концерт. Не заодмор. Не за викенд во соседството. Туку за живот што (можеби) не припаѓа овде. Билет во еден правец – од земјава што не те сака доволно, кон друга што не тени познава. Мајката молчи додека ја реди гардеробата. Таткото пак го крие треперењето на рацете додека ја пали цигарата. Сите знаатдека не одиш само да „пробаш“. Сите знаат дека ова не е патување, туку бег...

Осми март – Нежност, сила и неизговорени приказни 07.03.2025

Во рацете на мајка ти, баба ти, сестра ти, пријателката, колешката, професорката… лежи светот што го познаваш. Осми март не е само датум – тој е сите нивни приказни, изречени и неизречени, сите нивни победи и тивки жртви што никој не ги забележал. Во очите на секоја жена има нежност, но и тежина. Тежина на утрата кога станува прва, за сите да бидат згрижени. На ноќите кога заспива последна, со мис...

Статусен симбол: Вистинска вредност или само слика за другите? 28.02.2025

Во свет каде што првиот впечаток често вреди повеќе од суштината, статусниот симбол станува валута на престижот. Тој е невидлива карта за припаѓање, знак на успех во очите на другите, но дали навистина значи нешто или е само привид што се менува со модата и времето?  

Секој јазик е приказна, мајчиниот–нашата сопствена 21.02.2025

Јас сум Деспина, ова е мојот став:  Постојат зборови што не можат да се преведат, чувства што не можат да се објаснат, а се разбирливи само кога се изразени на мајчин јазик. Тоа е јазикот со кој сме ги изговориле првите зборови, со кој сме ги научиле првите приказни, со кој нè смирувале додека сме плачеле, јазик на кој сме мечтаеле и сонувале. Тоа е јазикот што нè прави она што сме.

Секој 14-ти иста дилема - вино или љубов? 14.02.2025

Секој 14-ти февруари во Македонија се повторува истата дилема – дали да се слави љубовта со Денот на вљубените или традицијата со Свети Трифун? Едните купуваат рози и пишуваат љубовни пораки, другите отвораат шише вино и се шегуваат дека „љубовта минува, ама доброто вино останува“.

Чекање во ред – тест за трпение 07.02.2025

Сите сме биле таму. Долг ред во пошта, маркет или на шалтер за административни услуги. Луѓето се вртат, воздивнуваат, нервозно проверуваат телефони. Некој потпира рака на колкот, друг тропка со ногата. Погледите им се вкопуваат во оној што е на ред, како со сила да можат да го забрзаат процесот. Чекањето во ред е секојдневна појава, но и еден од најголемите тестови за трпение. Современиот човек е...

Партизанска – булевар на смртта или булевар на нашата негрижа? 02.02.2025

Секој што барем еднаш поминал по булеварот „Партизански одреди“ знае колку е опасен. Брзи автомобили, недоволно пешачки премини, несовесни возачи, а понекогаш и пешаци што ризикуваат преминувајќи на несоодветни места. Трагедијата во која 22-годишната Фросина го загуби животот, повторно нè потсети на проблемите што ги игнорираме сè додека некој не загине.

Озборувањето – канцерот на модерното општество 17.01.2025

Во општеството на модерната ера, озборувањето секако го зазема своето „почесно“ место како средство за деструкција на меѓучовечките односи. Колку и да изгледа безопасно на прв поглед, зборувањето зад грб претставува тивок, но моќен канцер кој ги нагризува вредностите на довербата, почитта и искреноста. Една латинска поговорка вели: „Озборувањето е како јаглен: ако не те изгори, ќе те извалка.“ – ч...

Празниците: мост меѓу традицијата и модерното време 03.01.2025

Празниците отсекогаш имале посебно место во животот на луѓето. Тие не се само моменти кога календарот покажува „црвени датуми“, туку периоди на сплотеност, мир, и шанса да станеме подоби луѓе. Но, во денешниот свет, празниците носат и предизвици – како да ги зачуваме традициите, а притоа да одговориме на динамиката на модерното време? Важноста на празниците Празниците не се само забава или денови...

Гласот на младоста: Студентскиот протест како двигател на промени 20.12.2024

Во срцето на Белград, деновиве улиците се исполнети со гласови кои бараат правда, промени и подобра иднина. Студентите во Србија излегоа од амфитеатрите и ја напуштија теоријата, за да ја практикуваат моќта на своето демократско право – протестот. Тие покажаа дека младоста не е само период на учење, туку и време за дејствување. Студентите се собраа со една цел–одговорност за несреќата во Нови Сад,...

Оземпик: помеѓу медицината и модата 13.12.2024

Во светот на медицината, секој лек има своја намена. Оземпик, како лек дизајниран за луѓе со дијабетес тип 2, има потенцијал не само да го стабилизира шеќерот во крвта туку и да помогне со губење на тежината кај оние што се соочуваат со сериозни здравствени ризици. Но, што се случува кога оваа медицинска иновација станува алатка за брз и неконтролиран пад на килограмите? Во секојдневието, сведоци...

Подобро заслужена шестка отколку надуена десетка 05.12.2024

Никогаш немаше да ми текне дека ќе ја цитирам мојата наставничка по математика од основно, која постојано ни велеше “подобро заслужена тројка отколку надуена петка”, арно ама јас денес малку ќе си поиграм со тие бројки. Изминатава недела по социјалните мрежи кружеше изјавата на актуелната министерка за образование: “За жал, имаме студенти кои дипломираат со висок просек, а немаат познавања ниту за...

Улогата на образованието во изградбата на критичка свест кај младите 28.11.2024

Образованието отсекогаш било столбот на секое општество, но неговата вистинска моќ лежи во способноста да создаде критички свесни индивидуи, способни да размислуваат независно и да дејствуваат одговорно во светот. Денес, во ера на масовна дезинформација и брзи технолошки промени, образованието е поважно од кога било, не само за пренесување на факти и знаења, туку и за развивање на критичко размисл...

Силата на еден став 22.11.2024

Постојат моменти кога животот не бара од нас да се прилагодиме, туку да застанеме цврсто. Да се издигнеме над тишината, над стравот од осуда и над желбата да се вклопиме. Во тие моменти, нашиот став зборува за нас повеќе од што можат зборовите на другите. Ставот е огледало на личноста. Тој е нашиот неприкосновен печат, одраз на вредностите и уверувањата кои не’ водат низ животот. Во време кога мно...

Бојана Кацарова, студент на генерација: “Кога се работи со љубов и посветеност, успехот е неизбежен” 26.09.2024

За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата–тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика, за ова чист пример е Бојана Кацарова, дипломиран доктор по Општа медицина и студент на генерација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип. Бојана смета дека кога се...

Ирена Мулачка: Ни требаат новинари на кои приоритет ќе им биде интересот на граѓаните 25.09.2024

Ирена Мулачка, новинарка на „Фокус“, трикратна добитничка на наградата „Никола Младенов“, е наш соговорник во серијалот „Жените го менуваат новинарството“. Зошто „Жените го менуваат новинарството“? Затоа што поголемиот дел од најзабележителните и највлијателни истражувачки стории во Македонија се дело на новинарки и со самото тоа се една од за жал малкуте светли точки на македонското новинарство....

Даскалот S02E02 24.09.2024

По што македонската азбука е различна од другите азбуки? Неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле во втората епизода на Даскалот.  #Македонија   #македонскa   #азбука   #ЈАЗИК   #македонскијазик   #македонскаазбука

Даскалот S02E01 24.09.2024

Вратете се со нас, вратете се со Даскалот: Нови содржини за љубителите на македонскиот јазик и историја!  #македонскијази к  #правопи с  #правогово р  #историјанамакедонскиотјази к  #македонскакнижевнос т

Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите? 24.09.2024

Македонското новинарство живее години на сериозни предизвици, кои се закануваат да го внесат во длабока криза (која веќе и го има зафатено). Огромно влијание на политиката во новинарството, медиуми кои зависат од државни или општински пари и се претворени во мегафони на градоначалниците, министрите, јавните претпријатија, слабо платени и вреднувани новинари, и соодветно на тоа мал интерес од млади...

Listen to the goce.mk podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.