Elena Djebr
Elena Djebr
Додека не станете среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со она што го имате. Добредојде на мојот подкаст каде зборувам за личен раст и развој, едукација и лична трансформација. Тука на лесен и едноставен начин сакам да те инспирирам и мотивирам да живееш посреќен и поквалитетен живот, каков што заслужуваш. На ова место можеш да пронајдеш личен осврт на теми поврзани со психологија, психотерапија, ментално здравје и личен раст и развој. Пронајди ги твоите одговори! Ти благодарам што си тука. www.elenadjebr.com
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Лични граници - епизода 1 04.04.2022 8:46
Здраво и добредојде на првата епизода од серијалот за границите. Што се лични граници и зошто се толку многу важни?
Што да правите доколку не можете да си дозволите психотерапија? 01.04.2022 41:37
Што да правите доколку немате можност да посетите психотерапија? Во оваа епизода споделувам повеќе начини да работите на својот личен раст и развој и грижа за менталното здравје, кои не носат со себе и финансиски товар и многу време. Ве молам, имајте на ум дека овие препораки се само доколку сакате да посетувате психотерапија во функција на личен раст и развој, а не за третирање на вознемирувачка...
Начини да се сакаш себеси и твојот јазик на љубов кон себе 25.03.2022 39:49
Во оваа епизода споделувам неколку моќни начини да се практикува здрава љубов кон себеси, како и неколку аспекти од живеењето кои се многу важни за поубав и поквалитетен живот. Предлагам да ја слушате како низа на претходните епиозоди, бидејќи е тесно поврзана со претходните теми. На крајот од епизодата споделувам повеќе за јазиците на љубовта и како да ги поврзете со практикувањето на љубов кон с...
Зошто да се сакаме себеси и кои се бенефитите на времето поминато сами со себе? 18.03.2022 24:44
Да се заљубиш во себеси е првата тајна за среќа. - Роберт Морли Многу често гледаме на тоа како и кога да се состанеме со другите луѓе, а ретко кога и како да се состануваме самите со себе. Секако, не споделувам дека состанувањето со другите не е важно, но самотијата и времето поминато сами со себеси знае да е многу важно и да донесе многу бенефити.
Вежбата за личен раст и развој која потполно ми го промени животот 11.03.2022 18:51
Во оваа кратка објава, сакам да споделам една вежба за личен раст и развој која мене лично многу ми го промени животот. Секако, постојат многу други фактори кои влијаеле врз промената, а и многу други вежби кои се прекрасни, но оваа вежба лично мене ми донесе најголем мотив за да преземам одредени акции. Пред да продолжам, сакам да предупредам и да замолам, личности кои се соочуваат со панични нап...
Што значи присутно живеење? 04.03.2022 25:48
Присутно живеење, биди присутна, биди во тука и сега, остани во сегашниот момент, постои само сегашниот момент... Многу често го слушаме токму ова, колку е важно да се живее во сегашниот миг. Често се зборува за тоа колку минатото и иднината не се важни, туку најважен е сегашниот миг. Биди присутна во твојот живот! Јас секогаш велам, кога нешто е толку популарно сигурно е многу добро, колку и да с...
Зошто е толку тешко да се сакаш себеси? 25.02.2022 28:47
Љубовта ја бараме секаде околу нас, а многу ретко застануваме да ја побараме во себе. Сакаме да даваме љубов но, многу често, сме затворени да примиме љубов. Способноста да даваме и примаме љубов е најголемиот дар кој го имаме како луѓе. Длабоко верувам дека кога личноста ќе се отвори за личен раст и развој, таа во наредните неколку години ќе доживее огромен напредок и успех. Но, многу е важно на...
Грижа за себе или себичност? 18.02.2022 28:23
Што значи да се грижиш за себе, а што е себичност? Во оваа епизода зборувам повеќе околу што точно претставува грижа за себе и споделувам неколку вежби кои може да ти помогнат на патувањето за личен раст и развој.
Првиот чекор кон промена - зошто не преземаме акција? 11.02.2022 31:46
Кој е првиот чекор кон промената? Имаш соништа, идеи, мотивација, но не преземаш акција. Доколку сакаш да дознаеш зошто е тоа така, слушни ја оваа епизода во која зборувам за клучните моменти кои не носат до промената. Истата содржина можеш да ја најдеш и на мојот блог www.elenadjebr.com
Неколку моќни техники на пишување дневник кои може да ги почнете веднаш 04.02.2022 34:41
Сите имаме различни причини зошто почнуваме да пишуваме дневник, како и зошто почнуваме свесно да чекориме по патот на свесен личен раст и развој. Не постои само еден начин да се води дневник, а верувам дека одличен доказ за тоа се тинејџерските дневници кои многу од нас ги имаа. Секој различен, уникатен и прекрасен на свој начин. Во оваа епизода ќе споделам неколку моќни техники на пишување дневн...
Зошто водењето на дневник е толку важно за личен раст и развој? 28.01.2022 32:16
Многу познати и успешни личности пишувале редовно дневник за да ги следат своите мисли, емоции, идеи и изуми. Веројатно нема психолог кој не препорачува водење на дневник, а позади тоа се кријат многу бенефити. Слушнете во продолжение за многубројните бенефити кои ги носи редовното водење на дневник или прочитајте повеќе на мојот блог: www.elenadjebr.com
Страв од мислењето на другите - реалност или наша имагинација? 21.01.2022 34:30
Во оваа епизода зборувам за начинот на кој го перцепираме мислењето на другите и стравот од нивната осуда. Споделувам како да се „носиме“ со стравот од туѓото мислење, како и поддршка да провериме дали е тој страв реален или имагинарен. Како да дознаеме зошто другите не не сакаат? Што е важно да се има кога се соочуваме со страв од мислењето на другите? Чие мислење треба да ми е важно? Содрж...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.