Elena Djebr
Elena Djebr
Додека не станете среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со она што го имате. Добредојде на мојот подкаст каде зборувам за личен раст и развој, едукација и лична трансформација. Тука на лесен и едноставен начин сакам да те инспирирам и мотивирам да живееш посреќен и поквалитетен живот, каков што заслужуваш. На ова место можеш да пронајдеш личен осврт на теми поврзани со психологија, психотерапија, ментално здравје и личен раст и развој. Пронајди ги твоите одговори! Ти благодарам што си тука. www.elenadjebr.com
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
#112 Зошто силните жени толку често се намалуваат? 08.07.2026 21:30
Во оваа епизода зборуваме за женската социјализација, people pleasing, стравот од отфрлање и психолошката цена на заземањето простор.
#111 Зошто најспособните жени најмногу се сомневаат во себе? 01.07.2026 21:41
Најгласниот човек во просторијата не е секогаш најспособниот. Во оваа епизода зборувам за еден парадокс што го гледам премногу често. Луѓе со малку знаење често се преценуваат, а способните жени најмногу се сомневаат во себе.
#110 Кога пред тебе нема парк, туку само ѕид 24.06.2026 10:36
Во оваа кратка епизода читам една приказна што отвора многу подлабоко прашање: Дали реалноста е единственото што го одредува нашето искуство? Или нешто од тоа го создава и нашиот поглед? Епизода за перспектива, психолошка зрелост и надеж што не ја негира реалноста.
#109 Не ти треба повеќе дисциплина 19.06.2026 16:59
Повеќето луѓе мислат дека ако се чувствуваат заглавено, им треба повеќе дисциплина, подобар план, подобра организација, повеќе труд. Но, што ако проблемот не е во дисциплината? Што ако не си мрзелива, не си недоволно мотивирана и не ти треба уште една техника? Во оваа епизода зборувам за разликата меѓу дисциплина и капацитет, за тоа како хроничниот стрес влијае на мотивацијата и зошто многу способ...
#108 Зошто прво ја ставаме маската на себе? 15.06.2026 25:20
Повеќето родители би направиле сè за своите деца. Но, што ако токму тука понекогаш лежи проблемот? Во оваа епизода зборувам за една реченица што првпат ја слушнав во авион пред повеќе од 13 години и која подоцна ме следеше низ психотерапија, книги, обуки и личен развој: „Прво стави ја маската за кислород на себе.“ Зошто оваа инструкција нема врска со себичноста? Што навистина значи да останеш без...
#107 Не мислам дека ти треба уште еден подкаст 05.06.2026 18:19
Не мислам дека ти треба уште еден подкаст. Не мислам дека ти треба уште една книга. Не мислам дека ти треба уште еден совет. Мислам дека веќе знаеш многу повеќе отколку што живееш. Па зошто тогаш и понатаму е тешко? Зошто е полесно да слушаш за граници отколку да поставиш граница? Зошто е полесно да слушаш за самодоверба отколку да си веруваш себеси? Зошто е полесно да слушаш за промена отколку на...
#106 Не мислам дека треба да се пронајдеш себеси 01.06.2026 38:06
Цената која ја плаќаш кога само се бараш себе, а не знаеш ни каде си се изгубила. Што е тоа барај се себе? Каде? Последен рок за влез во Матресценција е 20.06.2026 година За тебе која си спремна да го поминеш ова лето на поинаков начин и да растеш низ мајчинството LINK: https://elenadjebr.com/courses/matrescencija/
#105 Не се споредуваш од исто место (особено како мајка) 29.04.2026 26:59
Многу мајки се споредуваат со други без да видат од кое место доаѓаат тие споредби. Не е исто да градиш кога имаш стабилност и кога едвај поминуваш ден.
#104 Каде исчезнуваш ти во сопствениот живот? 20.04.2026 22:58
Зошто е полесно некој друг да ни е виновен? Што се случува кога конечно ќе почнеш да се слушаш? Епизода за несвесните избори, повторувањата и моментот кога враќањето кон себе станува неизбежно. СОН Метод: https://elenadjebr.com/courses/son/
#103 Зошто кога почнуваш да работиш на себе, наместо полесно, станува потешко? 24.03.2026 39:03
Ако ти е потешко отколку порано, можеби не одиш назад, туку се случува нешто многу важно. Полесно беше кога не гледаше. Потешко е кога гледаш и не можеш назад. 🎧 Епизодата е достапна на Spotify и YouTube
#102 Кога паузата станува бегање 20.02.2026 23:20
Не си неодлучна. Само знаеш колку одлуката ќе ти го промени животот. Разликата помеѓу зрела пауза и страв што се крие зад „ми треба уште време“, како да препознаеш што е што и како да се поддржиш да не останеш предолго во тој меѓупростор.
#101 Кога повеќе не можеш да се правиш дека не гледаш 09.02.2026 36:10
Во оваа епизода зборувам за таа празнина меѓу старото и новото, местото каде што многу жени се чувствуваат збунето, уморно или „како да не се свои“, иако однадвор сè изгледа во ред. Ако си во период кога гледаш, а сè уште не знаеш што следува, ова е за тебе. Овој поткаст не заменува разговор со стручно лице.
#100 ДОСЛЕДНОСТ 26.12.2025 45:08
Славиме 100 епизоди заедно! Малку за доследноста, што значи, како да се одржи и Среќна 2026 година.
#99 ЗОШТО СЕ ЧУВСТВУВАМ ПРАЗНО ИАКО СЀ МИ Е ВО РЕД? 19.12.2025 30:32
Една длабока и многу важна епизода за сите кои не чувствуваат задоволство иако сите цели ги исполниле.
#98 Најбрзата техника за смирување 12.12.2025 12:38
Ако сакаш да научиш како веднаш да се смириш кога си анксиозна, ова е за тебе.
#97 Како „ич да не ти е гајле“? 05.12.2025 21:48
Се грижиш многу што ќе кажат другите? Мораш да го слушнеш ова!
#96 Осаменост во дигитален Свет 01.12.2025 13:20
Дали се чувствуваш осамено? На вистинското место си!
#95 Што кога нема да успееш? 19.11.2025 11:26
Голема цел, радост и надеж, а ти...не успеваш... Што тогаш? Што да правиме со неуспехот? Како да се носиме со него? Што тој значи?
#94 Твојата енергија има граница, а ти ја игнорираш. 03.10.2025 15:33
Кога се обидуваш да бидеш сè за сите, остануваш празна за себе. Во оваа епизода зборувам за тоа зошто твојата енергија има граница и како да ја вратиш назад кон она што ти е навистина важно.
#93 Зошто твојот живот не е онаков каков што сакаш? 29.08.2025 27:45
Секогаш си мислела дека ако работиш напорно, ќе го имаш животот кој го сакаш. Но зошто се чувствуваш заглавено? Во оваа епизода зборуваме за изборите што ги правиме секој ден, за невидливите навики што нè држат далеку од она што навистина го сакаме и како со мал, свесен чекор можеш да го промашиш или трансформираш својот живот. Секојдневните, мали избори имаат моќ да го обликуваат твојот живот пов...
#92 Како да останеш верна на себе, кога сите имаат мислење за тебе? 27.08.2025 22:07
Секогаш некој има нешто да ти каже, но што ако твојот пат е различен? Во оваа епизода, ќе откриеш како да ги игнорираш туѓите очекувања и да останеш фокусирана на тоа што вистински сакаш. Ако се чувствуваш изгубено во морето на мислења, оваа епизода ќе ти покаже како да се вратиш во себе.
#91 Што правиш кога твоето его е поголемо од успехот? 15.08.2025 37:05
Секој успех има своја цена! Што се случува кога твоето его станува поголемо од твојот успех? Во оваа епизода, истражуваме како да останеме на патот на личниот раст, без да дозволиме успехот да ни го замагли погледот. Ако се чувствуваш како да имаш изгубено контрола, оваа епизода ќе ти помогне да се вратиш во центарот на својот раст. Слушни повеќе практични стратегии како да го управуваш својот усп...
#90 Не е проблемот што никој не ти дава, туку што примаш сè 11.07.2025 32:14
Три лекции што ми ја сменија годината и кои секоја жена што се изгубила во прилагодување, љубов и очекувања треба да ги слушне. https://www.elenadjebr.com/programs/829/
#89 Три прашања што менуваат се! 04.07.2025 16:06
Како да знаеме што да пуштиме до нас? Кои се трите филтри кои треба да ги имаме во секојдневната комуникација? Три сита кои можат да станат твој најдобар филтер за тоа што да слушаш, што да пренесеш и што да оставиш да замине.
#88 Зошто ти е потребно трпение за личен раст? 27.06.2025 12:30
Не секоја тишина значи стагнација. Некогаш, токму тогаш, се формира твојот најдлабок корен.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.