Elena Djebr
Elena Djebr
Додека не станете среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со она што го имате. Добредојде на мојот подкаст каде зборувам за личен раст и развој, едукација и лична трансформација. Тука на лесен и едноставен начин сакам да те инспирирам и мотивирам да живееш посреќен и поквалитетен живот, каков што заслужуваш. На ова место можеш да пронајдеш личен осврт на теми поврзани со психологија, психотерапија, ментално здравје и личен раст и развој. Пронајди ги твоите одговори! Ти благодарам што си тука. www.elenadjebr.com
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
#87 Кога болката не доаѓа само од она што се случило, туку од тоа што правиме со неа 20.06.2025 12:00
Во оваа епизода зборувам за: како да ги препознаеш двете стрели во сопствениот живот, зошто е тешко да останеш само со првата болка, и како да се ослободиш од вториот, невидлив напад, оној што го правиме врз себе. Болката е неизбежна. Но страдањето е избор. Оваа епизода е покана да се ослободиш од стрелата што не мора да ја носиш повеќе.
#86 Како да си добра во секое поле? 06.06.2025 27:05
Колку често се обвинуваш себеси затоа што нешто не ти оди? Иако си талентирана и способна, се фаќаш себеси во мисли како „како не го знам ова?“ Во оваа епизода зборувам за заблудата дека треба да бидеме добри во сè и за тоа колку ова очекување тивко ни ја краде самодовербата. Споделувам лична приказна, психолошки увид и истражувања кои покажуваат: неуспехот во една област не ја намалува нашата вре...
#85 Таа личност што се памети - како да станеш незаборавен човек? 30.05.2025 20:20
Некои луѓе се паметат засекогаш! Не поради скапи подароци, ниту големи гестови туку поради тоа како нè натерале да се почувствуваме. Во оваа епизода зборуваме за моќта на едно искрено признание. За тоа како една реченица, кажана во вистински момент, може да стане темел на нечие самовреднување и зошто сите ние имаме шанса да бидеме таа личност што се памети. Зошто е важно со кого сме опкружени? Как...
#84 Зошто ништо не се менува иако правиш сè како што треба? 23.05.2025 20:10
Понекогаш животот стои во место, иако вложуваш, се трудиш и „правиш сè како што треба“. Во оваа епизода раскажувам за едно цвеќе кое не растеше две години, сè додека не се ослободив од она што само изгледаше здраво. Можеби и кај тебе нештата не се менуваат, не затоа што не се трудиш, туку затоа што е време нешто да се пушти.
#83 Одмор што уморува: Зошто не можеш да се опуштиш? 09.05.2025 29:39
Звучи парадоксално, конечно си на одмор, а не можеш да се смириш. Во оваа епизода зборувам за биолошките, психолошките и длабоко вкоренетите причини поради кои многу луѓе не умеат да се опуштат дури ни кога се на море или планина. Кога навистина заслужуваме да се одмориме? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате...
#82 Ќе изградиш ли свое гнездо или ќе останеш кукавица? 02.05.2025 26:48
Ова не е приказна за птица. Ова е приказна за сите нас кои сме живееле во туѓи животи, сме се криеле од одговорност, сме љубеле со страв и сме бегале кога требало да останеме. Во оваа епизода, кукавицата станува симбол за психата што преживува, но не живее. Прашањето е едноставно: Ќе останеш таму, или ќе создадеш нешто свое, вистинско, длабоко? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот бло...
#81 Ти не си машина: Како да се грижиш за себе без вина? 25.04.2025 20:20
Дали некогаш си почувствувала вина затоа што си земаш време за себе? Дали ти се чини дека ако не си продуктивна, не вредиш доволно? Во оваа епизода ќе откријам зошто сме заробени во овој начин на размислување, како тоа го исцрпува нашето тело и ум и што можеме да направиме за да ја промениме оваа штетна навика. Ако ти треба дозвола да забавиш, оваа епизода е за тебе. Курс за мајчинствоМама Без Дра...
#80 Она што мајките го учат најдоцна, а треба да го знаат прво 18.04.2025 27:05
Мајчинството е најголемото животно училиште, но не сите лекции се очигледни. Понекогаш, вистината за оваа улога доаѓа доцна – кога сме веќе изморени, разочарани или изгубени во хаосот на секојдневието. Во оваа епизода откривам 8 длабоки, но ретко споделувани поуки што можат да ти го променат погледот кон мајчинството. Ќе зборувам за љубовта што не значи само давање, за лекциите што децата несвесно...
#79 Зошто никој не зборува за ова? Невидливата наметка на мајките 11.04.2025 26:54
Дали понекогаш чувствуваш дека тежината на мајчинството е премногу голема? Дека носиш на себе товар што никој не го гледа, а сепак сите го очекуваат од тебе? Во оваа епизода зборуваме за „наметката“ што секоја мајка ја носи – одговорноста, грижата, очекувањата и како можеме да ја направиме полесна. 🔹 Од каде потекнува овој товар и зошто го носиме. 🔹 Како да препознаеме кои одговорности се навист...
#78 Ова се трите закони што го обликуваат твојот живот – без да ги забележиш 04.04.2025 25:44
Во природата постојат три големи правила: еволуција, компетиција и масовна екстинкција. Но дали сте знаеле дека истите правила важат и за нашата психа? Во оваа епизода зборувам за тоа како растеме преку промена, како конкуренцијата може да нè изгради или уништи и зошто некои делови од нас мора да исчезнат за да направиме место за нови. Доколку сте во фаза на животни промени и барате нова перспекти...
#77 Што кога партнерот не работи на себе? 21.02.2025 43:33
Епизода која мора да ја слушне секој пар. Од срце за сите партнери каде едниот работи на себе и својот личен развој, а другиот партнер стагнира. Дали навистина стагнира? Што значи личен развој? Дали е време за разделба? Слушнете во оваа епизода која верувам дека многу ќе ви помогне да се разберете подобро и себе, вашиот партнер и вашата кокреација и заедница.
#76 Како да останеме силни во тешки времиња - кога крајот не се гледа? 14.02.2025 32:27
Една епизода за тешките времиња...Како да се остане силен во време невреме, кога крајот на тунелот не се гледа, немаме контрола врз она што се случува. Епизода на која може да и се вратиш кога ќе е многу тешко, да се потсетиш на некои техники и силата која ја имаш.
#75 Дали една личност може да направи голема разлика? Одговорот ќе ве инспирира 13.12.2024 14:27
Дали навистина една личност може да направи голема разлика? Вреди ли да правиме мали дела кои немаат големо влијание? Што точно се случува кога помагаме на другите во нас и нашето тело? Психолошки теории и објаснување што се случува со нашето тело кога помагаме и правиме мали дела.
#74 Најдобрата верзија од себе - најважната порака што ќе ја слушнеш од психотерапевт за личен развој! 24.05.2024 19:16
Една од најважните епизоди кои ќе ги слушнеш со најискрената порака од психолог и психотерапевт. Што значи тоа БИДИ најдобрата верзија од себе? Дали станавме токсични? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите кај стручно лице за индивидуална поддршка. Instagram profile: ...
#73 Зошто зависта и љубомората се многу вредни емоции? 10.05.2024 14:28
Што точно значи да бидеме завидливи? Зошто сме завидливи или зошто другите ни завидуваат? Епизода која ќе ви разбуди сосема поинаква перспектива и ќе ви донесе многу одговори. Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите кај стручно лице за индивидуална поддршка. Instagram profile:...
#72 Како да ги убедам дека не се во право? 26.04.2024 13:24
Епизода за болката која ја чувствуваме кога гледаме другите што прават, а знаеме дека не се во право или? Да се биде во право или во мир и кога едното, а кога другото? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите кај стручно лице за индивидуална поддршка. Instagram profile: ...
#71 Ако не се грижиш, ти си лош човек! 12.04.2024 13:23
Епизода за грижата и нервирањето околу некоја работа. Што значи да се грижиме за нешто, а што доколку не се грижиме? Како тоа не прави лоши личности? Слушнете во новата епизода која се надевам ќе ви отвори нова перцепција на грижата и нервирањето. Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да с...
#70 Споредување со другите - зошто и како да не го правите тоа? 29.03.2024 28:53
Епизода број 70 и една огромна благодарност до сите вас кои сте тука со мене на ова патување и растеме заедно. Уживајте во оваа епизода која е многу важна, затоа што токму споредувањето е една од најголемате пречки за личен раст и развој. Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратит...
#69 Како да бидеш „совршена“ мајка? #мамабездрама 15.03.2024 29:34
Епизода инспирирана од епидемија на „совршени“ мајки и мајки кои се исцрпени и не знаат што следно да направат за да бидат подобри или доволно добри. За сите оние мајки кои се „по“ од другите или тие кои мислат дека не се „по“ од другите. #мамабездрама Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам...
#68 Јас знам што е најдобро за тебе 01.03.2024 15:32
Епизода за сите оние кои работат на себе, работат со други луѓе или сакаат да им помогнат на тие околу нив да се менуваат и да си го подобрат животот. Дали навистина знаеме што е добро за другите? Кога и како да им помогнеме на другите? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите...
#67 Преземи одговорност за твојот живот 16.02.2024 11:38
Во оваа епизода зборувам за преземањето на радикална одговорност во животот и за улогата на жртва (не се однесува не жртва на физичко насилство или екстремни животно загрозувачки ситуации). Како да се биде возрасен? Како да реагираме од позицијата на возрасен, а не од позицијата на дете. Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Докол...
#66 Навики како психотерапевт кои ми помагаат во мајчинството #мамабездрама 02.02.2024 30:01
Во оваа епизода зборувам за неколку навики кои ги стекнав како мајка, благодарение на тоа што сум психотерапевт и многу ми помага во мајчинството. Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите кај стручно лице за индивидуална поддршка. Instagram profile: https://www.instagr...
#65 Сигурност - зошто прво таа, а потоа личен развој? 19.01.2024 26:50
Зошто прво мораме да сме сигурни пред да почнеме со личен раст и развој? Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве молам да се обратите кај стручно лице за индивидуална поддршка. Instagram profile: https://www.instagram.com/elena.djebr/ Web Site: www.elenadjebr.com Spotify Podcast: ...
#64 Моќта на групната поддршка 12.01.2024 16:25
Епизода за моќта на групата, другите луѓе со кои сме во интеракција и контактот. Споделете го мојот подкаст со оние на кои што мислите дека може да им биде од поддршка! Ви благодарам од се срце! Програм Асертивна: https://www.elenadjebr.com/programs/569/ Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едукативна и информативна природа. Доколку се соочувате со проблем, ве мол...
#63 Најважниот однос во животот 05.01.2024 19:35
Ова е епизода за најважниот однос кој го градите во животот - односот со себеси. Среќна Нова Година! Уживајте во 2024 многу, пуштајте и радувајте се! Споделете го мојот подкаст со оние на кои што мислите дека може да им биде од поддршка! Ви благодарам од се срце! Програм Асертивна: https://www.elenadjebr.com/programs/569/ Внимание, Оваа епизода и целата содржина на мојот блог и подкаст се од едука...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.