Беседа

Беседа

Education MK ↓ 67 episodes

Беседа – добронамерно посегање кон мудроста. Добредојдовте на нашиот канал „Беседа“ – место каде што го истражуваме животот надвор од границите на секојдневното размислување. Придружете ни се во ова патување кон подлабоко разбирање на животот, стварноста и духовноста. Откријте нови гледишта и дознајте како да ја подигнете вашата свест на повисоко ниво. Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkastX: https://x.com/BesedaPodkastOdysee: https://odysee.com/@beseda Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkastTelegram: https://t.me/besedapodkast

Author

Беседа

Category

Education

Podcast website

podcasters.spotify.com

Latest episode

Jun 28, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Беседа - LXVII - Фраерот, таткото и јунакот 28.06.2026

Во шеесет и седмата епизода на Беседа зборуваме за трите големи машки архетипи – Фраерот, Таткото и Јунакот – и за нивната улога во обликувањето на зрелата машкост. Ги истражуваме како три фундаментални сили што постојат во машката природа во однос на социо-сексуалниот маркет и кои влијаат врз неговите односи, неговото место во општеството и неговиот личен развој. Во разговорот најпрво се задржува...

Беседа - LXVI - Заводничката, мајката и музата 15.06.2026

Во шеесет и шестата епизода на Беседа зборуваме за трите големи женски архетипи – Заводничката, Мајката и Музата. Разговараме за нивната улога во односите помеѓу мажите и жените, како и во поширокиот социо-сексуален пазар што постои во човечките заедници. Овие три архетипа ги истражуваме како три различни аспекти на женственоста што се појавуваат во различни облици и со различен интензитет. Заводн...

Беседа - LXV - Фудаментализам низ призмата на Спирална динамика 31.05.2026

Во шеесет и петтата епизода на Беседа зборуваме за фундаментализмот како човечка и општествена појава што се појавува секогаш кога луѓето се соочуваат со хаос, несигурност и губење на смислата. Низ призмата на спиралната динамика, ја истражуваме потребата за ред и структура, но и го лоцираме моментот кога тие од стабилизирачка сила се претвораат во ограничување. Разговорот започнува со идејата дек...

Беседа - LXIV - Гуруа 17.05.2026

Во денешната, 64-та епизода на Беседа, разговараме на тема - гуруа. Гуруто може да се разбере како еден вид духовен советник и учител. Ја разгледуваме функцијата на гуруто како патоказ на патот кон нашето духовно зреење. Навлегуваме и во правилниот однос кон гурата, истовремено избегнувајќи неоснован рефлексивен скептицизам, како и идолатриско „заљубување“ во нив. Воедно, објаснуваме дека гуру не...

Беседа - LXIII - Елитност и елитизам 03.05.2026

Во шеесет и третата епизода на Беседа се отвора темата за елитноста и елитизмот, поими кои често се отфрлаат како негативни, но ретко се анализираат во својата суштинска двојност. Оваа епизода прави јасна разлика помеѓу природната елитност, која произлегува од квалитет, и извитоперениот елитизам, кој се одржува преку системска заштита и привилегии. Елитноста е природна појава: во било која област...

Беседа - LXII - За Бракот 11.03.2026

Во шеесет и втората епизода на Беседа се задржуваме на темата брак, како општествена институција, простор во кој два човечки света учат да живеат, да се разберат и постепено да се преобразуваат еден покрај друг. Бракот се појавува како договор и заедничка организација на животот. Историски гледано, бракот најчесто бил структура на стабилност: економска заедница, основа за семејство и начин на преж...

Беседа - LXI - За Работата 06.03.2026

Во шеесет и првата епизода на Беседа разговараме за појавата на работата - нејзините почетоци, еволуција, денешната абстрактизирана форма, и нејзината иднина. Разговараме за тоа како работата е основен вграден дел од животот и активностите, не само на луѓето, туку на сите ентитети, животински видови, и екосистеми. Ја опишуваме како долготрајна и (полу)организирана акумулација на вредност, и како в...

Беседа - LX - За Депресијата 27.02.2026

Во шеесеттата епизода на Беседа зборуваме на темата депресија како душевен очај, без морализирање и без површни објаснувања. Депресијата не ја третираме како слабост на карактерот ниту како недостаток на волја, туку како сложена состојба во која идентитетот на човекот не соодејствува со неговата индивидуалност и автентичност. Според нас, депресијата не е болест на душата или умот, туку е аларм кој...

Беседа - LIX - За Волјата 17.02.2026

Во педесет и деветтата епизода на Беседа зборуваме за волјата како способност да се остане верен на одлуката кога чувството исчезнува и кога патот станува тежок. Волјата значи издржливост и истрајност: способност да се продолжи и тогаш кога нема награда, аплауз или веднаш видлив резултат. Психолошки гледано волјата се појавува како внатрешен судир меѓу моменталната удобност и долгорочната смисла....

Беседа - LVIII - Понизност 10.02.2026

Во педесет и осмата епизода на Беседа зборуваме за понизноста како трезвена усогласеност со стварноста. Понизноста не значи да се намалиме, туку да престанеме да се преценуваме. Тргнуваме од основното ниво, каде понизноста значи признавање на фактите, ограничувањата и сопствените грешки. Тука се гледа јасната разлика меѓу живот во грч за контрола и живот во вистината. Потоа навлегуваме во психолош...

Беседа - LVII - Предци 06.02.2026

Оваа епизода ја посветуваме во честа и споменот на неодамна починатата баба Ц., Ранко К., и на сите предци, починати и живи преку нас. Да не беа тие, немаше да бидеме ни ние. А да не сме ние, нема да бидат ни оние после нас. ― ― ― ― ― ― ― ― ― Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој. Контакт: beseda-beseda@proton.me ― ― ― ― ― ― ― ― ― Spotify: https://open.spotify.com/show/5Voc...

Беседа - LVI - Квалитет 28.01.2026

Во педесет и шестата епизода на Беседа зборуваме за поимот квалитет како степен на усогласеност со некој идеал и/ли стандард. Како што секој производ станува пофункционален и подолготраен колку што е поблиску до својот идеален модел, така и човекот станува постабилен, послободен и посмислен колку што се приближува до својот внатрешен идеал и стандард. Тргнуваме од основното ниво, каде квалитетот з...

Беседа - LV - Империјализам 19.01.2026

Во оваа, педесет и петта епизода, беседиме за империјализмот (царштината). Објаснуваме како и заради што настануваат империите (царствата), и заради што се разпаѓаат. Со други зборови, за процесите на империогенеза и империопатоза, како што ги нарекува познатиот историчар Питер Турчин. Но, империите не ги земаме за нешто неминовно со кое човечкиот род е „проколнат“ да го повторува до безконечноста...

Беседа - LIV - Што се случува со Венецуела 12.01.2026

Во педесет и четвртата епизода на Беседа се соочуваме со настан што ја разголува логиката на современата империјална моќ: воената агресија врз Венецуела. Тргнуваме од фактите и од јасна, недвосмислена осуда на бомбардирањето, апсењата и кршењето на суверенитетот на една послаба држава, оправдани со јазикот на „правда“ и „ред“, но изведени како класичен чин на државен терор. Ова не го третираме как...

Беседа - LIII - Божиќна 07.01.2026

Во првата епизода на Беседа за новата година го беседиме великиот христијански празник Божиќ, Исусовото раѓање. Разговараме за неговата симболика, поврзаност со предхристијанските обичаи на коледа и возкресение на Сонцето, и за како тие даваат надеж во животот и новите почетоци. Во втората половина на епизодата разговараме за новата сезона и година на Беседа, какви очекувања имаме, накаде сакаме д...

Беседа - LII - Прашања со Писателот 29.12.2025

Во педесет и втората епизода на Беседа, последната за првата сезона и година, „Писателот“ влегува во улога на оној што прашува – поставувајќи нѝ длабоки, понекогаш провокативни прашања за философијата, вистината и можноста да се живее надвор од крути концепти. Наместо класично препрашување, епизодата тече како жива философска беседа во која секој од нас, еден по еден, се обидува искрено да одговор...

Беседа - LI - Предавање со Токсоносецот: (лични) финансии, буџетирање, вложување, пари 22.12.2025

Во педесет и третата епизода на Беседа гостин ни е Токсоносецот, со кого зборуваме за една од најзапуштените, а најболни теми кај нас: личните финансии, вложувањето („инвестирање“) и психолошкиот однос со парите. Токсоносецот објаснува како еден човек во Македонија (а и пошироко) треба да управува со своите пари за да не банкротира и да не западне во хронични долгови. Токсоносецот дава „bulletproo...

Беседа - L - Парадигми и пресврти 15.12.2025

Во педесеттата епизода на Беседа, преку разговорот помеѓу Пирс Морган и Ник Фуентес го отвораме прашањето за парадигмите – невидливите рамки или обрасци преку кои различни генерации и култури го „читаат“ светот. Судирот меѓу класичниот медиумски морализам и новата, иронична, радикализирана онлајн естетика го користиме како жив пример за тоа како старите и новите приказни за светот се прелеваат едн...

Беседа - XLIX - Спонтани разговори 02 08.12.2025

Во четириесет и деветтата епизода на Беседа отвораме спонтана, но длабока дискусија за миграциите, цивилизациските разлики, историјата на моќта меѓу Западот и исламските империи, асабијата и нејзината улога во успешноста на народите и нациите, особено кај Македонците. Разговараме за тоа што навистина бара човек кога оди „на Запад“ – само пари и комфор, или и правен поредок, стабилност, предвидливо...

Беседа - XLVIII - Противкршливост 01.12.2025

Во четириесет и осмата епизода на Беседа ја обработуваме идејата за „Противкршливост“, инспирирана од книгата „Противкршливост (Antifragility)“ на Насим Николас Талеб – идејата дека постојат луѓе, системи и животи кои не само што издржуваат стрес и хаос, туку стануваат подобри токму поради нив. Зборуваме за тоа како да изградиме карактер и структури што растат од удари, грешки и неизвесност, намес...

Беседа - XLVII - Бели витези 24.11.2025

Во четириесет и седмата епизода на Беседа зборуваме за феноменот „Бели витези“ – слаби, манипулативни и лицемерни мажи кои на површина изгледаат претерано добри и заштитнички, а во суштина ги ставаат жените на незаслужен пиедестал за да купат љубов, внимание или статус. Наместо да ги демонизираме, се обидуваме да ги разбереме личните и општествените корени на овој кукавички мајндсет и да покажеме...

Беседа - XLVI - Даоизам 17.11.2025

Во четириесет и шестата епизода на Беседа ја истражуваме древната философија на Таоизмот* – учење кое ја подтикнува рамнотежата, спонтаноста и мистичната поврзаност со природниот ритам на животот. Почнуваме од прашањето „Што е Дао?“ како пат на „себеспуштање“, простота и дејствување без напрегнатост. Во разговорот ги разгледуваме клучните концепти на даоистичката мисла: Ву веи (недејствување или д...

Беседа - XLV - Amor fati 10.11.2025

Во четириесет и петтата епизода на Беседа, „Amor fati“, ја отвораме идејата за љубов кон сопствената судбина како радикално „да“ за сè што животот носи: убавото и болното, очекуваното и непредвидливото. Наместо бегство од неизбежното, зборуваме за зрелост што ја прегрнува стварноста и ја претвора во суровина за смисла, доблест и мир. Тргнуваме од основата: што значи да ја сакаш судбината и каде е...

Беседа - XLIV - Memento mori 03.11.2025

Во четириесет и четвртата епизода на Беседа го отвораме древниот подсетник „Memento Mori“ – свесноста за смртноста како основа и мотив за исполнет живот. Наместо да гледаме на смртта како на крај, ја третираме како подтик за длабока свест, мерка и избор, која му дава кобна вредност на секој момент. Разгледуваме како бегството од смртта ја раѓа човечката анксиозност и поврзуваме како соочувањето со...

Беседа - XLIII - Спонтаност и контрола 27.10.2025

Во епизодата „Спонтаност и контрола“ ја отвораме тенката линија меѓу дисциплинираното дејствување, одговорноста и довербата во процесот. Тргнуваме од прашањето: Како да се живее со радикална одговорност – како сè да зависи од нас – и истовремено со предаденост – како ништо да не зависи од нас? Наместо да ја бараме златната мерка што се нагодува во и за секој миг, ние нудиме екстремно решение - жив...

Listen to the Беседа podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.