Marina Urdinov und Pance Causevski

Петочно во Германија - со Марина и Панче

Единствениот подкаст за Македонци во Германија

No dejes de visitar la web del podcast y apoyar a su creador: petocnovogermanija.podbean.com

Autor

Marina Urdinov und Pance Causevski

Categoría

Business

Último episodio

17 de jul. de 2026

¿Dónde escuchar?

Podcasts en la app Replaio Radio Muy pronto

Los podcasts llegarán muy pronto a la app. Instálala ahora y sé el primero en descubrir una forma totalmente nueva de vivir los podcasts

Descárgala en Google Play Instálala gratis Android casi 10 M de descargas · valoración de 4,8 iOS muy pronto

Episodios

41. Подготовка за интервју за работа во Германија: Совети и очекувања 21.02.2025

Денес зборуваме за интервју за работа – моментот што може да ви ја промени кариерата. Ќе откриеме на што обраќаат внимание Германците како работодавци, како да се подготвите, што да очекувате и како да оставите одличен впечаток. Без разлика дали сте почетник или имате искуство, вистинските совети можат да направат разлика. А со големо задоволство ви ја најавуваме и турнејата на Next Time во Герман...

Роденденска реприза – се враќаме на почетокот! 🎉 1. Кои сме, што сме, зошто подкаст за Македонци во Германија 14.02.2025

Денес славиме роденден! 🎉 Помина една година од кога ја објавивме нашата прва епизода, па решивме да се навратиме на самиот почеток. Ова е совршена прилика повторно да ја слушнеме нашата прва приказна, да се потсетиме од каде почнавме и како сè се развиваше. Ако си со нас од почетокот – фала ти за поддршката! Ако си нов/a слушател/ka – уживај во ова патување низ времето со нашата прва епизода. Се...

40. Разговор со Андреј од DNK – Се гледаме на 15-ти во Хилден! 07.02.2025

Оваа недела ни гостува Андреј од DNK, кој ни открива детали за претстојниот концерт на 15-ти февруари во Хилден заедно со Андријана Јаневска! Разговараме за патот на DNK во македонската музичка сцена, нивните хитови кои обединуваат генерации, инспирацијата зад песните и она што публиката може да го очекува на овој незаборавен настап. 🎶 Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Маке...

39. Музика, традиција и инспирација со Андријана Јаневска 31.01.2025

Во оваа епизода, повторно посебна и прекрасна гостинка :)  Разговараме со Андријана Јаневска за нејзината музичка кариера, подготовките за настапи и значењето на македонската музика во Германија. Андријана споделува лични искуства од концертите, важноста на образованието во музиката и нејзините проекти за деца. Исто така, зборува за зачувувањето на македонските народни песни, хуманитарните настани...

38. „Next Time“ на турнеја во Германија-и на гости во "Петочно во Германија" 24.01.2025

Во оваа епизода на нашиот подкаст со гордост го најавуваме специјалниот гостин – Стефан, еден од членовите на познатиот македонски бенд Next Time. Овој разговор ќе нè однесе зад сцената на нивната претстојна турнеја во Германија, каде што ќе зборуваме за тоа како нивната музика го освојува интернационалниот простор. Стефан ќе ни раскаже инспиративни приказни од нивната кариера, почнувајќи од првит...

37. Апликација за работно место - CV 17.01.2025

Денес збориме за аплицирање на работно место во Германија и на што да се обрати внимание при пишување на CV. Освен тоа, ги најавуваме претстојните македонски настани во Германија :)

36. Мотивација за работа во Македонија и Германија 10.01.2025

Во првата епизода за оваа година зборуваме за мотивација, посебно на работно место, и споредуваме актуелни статистики на оваа тема од Македонија и Германија. Ако сакате, споделете во коментари колку сте мотивирани за работа и како се мотивирате :)

35. Божиќ и Нова година: Традиции и прослави во Германија 20.12.2024

Во последната епизода за оваа година правиме ретроспектива на годината што помина. Се потсетуваме на сите епизоди од изминатата година, ги спомнуваме нашите гости и им се заблагодаруваме за нивниот придонес. Понатаму, зборуваме за Божиќ во Германија, традициите, обичаите и како се прославува овој празник. Исто така, ги споделуваме плановите и очекувањата за Новата година. Уживајте во оваа празничн...

34. Систематски прегледи за возрасни во Германија 13.12.2024

Во оваа епизода зборуваме за систематските прегледи достапни во Германија и нивното значење за одржување на здравјето. Ќе дознаете кои прегледи се покриени од здравственото осигурување и колку често се препорачуваат.  

33. Каролина во Германија: Концерти за паметење 06.12.2024

Во оваа епизода разговараме со Каролина за нејзината успешна турнеја во Германија, енергичната публика, подготовките пред настап и одлично избраниот репертоар. Освен тоа таа споделува совети за здрав живот и разговараме на различни теми како популарноста во денешно време, важноста на квалитетот на музиката, а и предизвиците на преселбите и осаменоста.  Исто така, споделуваме лични впечатоци од неј...

32. Систематски прегледи за деца во Германија 22.11.2024

Систематските прегледи за деца во Германија се задолжителни и внимателно организирани за да се обезбеди оптимален раст и развој на секое дете. Овие прегледи се дел од редовната превентивна грижа што ја обезбедува здравствениот систем. Во оваа епизода детално зборуваме за лекарските превентивни прегледи во Германија – од првите месеци од животот на детето па сè до адолесценција. Што значат прегледи...

31. Божиќен бонус (Weihnachtsgeld) и како да се потроши 15.11.2024

It's beginning to co$t a lot like Christmas-периодот со најголема потрошувачка во цела година официјално започна. За да се издржат сите дополнителни трошоци, во Германија често се исплаќа Божиќниот бонус. Дознајте кој има право на овој бонус, колку изнесува, и како најпаметно да го искористите за време на празниците. Линк до работилницата на Маја Achieve your goals in 2025-mu – Mayamj и до нејзина...

30. Разводна постапка во Германија: Совети од македонска адвокатка во Германија 08.11.2024

Во оваа епизода, ја имаме честа да разговараме со специјална гостинка – Наташа Мицкоски, адвокатка од Македонија, која е успешна во својата професија и тука во Германија. Главната тема на епизодата е процесот на развод, но исто така разговараме за нејзиниот личен пат, предизвиците со кои се соочувала и како успеала да најде работа по струка во Германија. Доколку сте заинтересирани за правни совети...

29. Нашите услуги: Од судски преводи до советување и помош во бирократија 25.10.2024

Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување фо...

28. Oktoberfest за почетници: Што треба да знаете за најголемиот народен фестивал во светот 11.10.2024

Денес зборуваме за Октоберфест – светски познатиот фестивал што секоја есен го претвора Минхен во центар на забавата, пивото и традицијата. Ќе дознаете како започнала оваа прослава, што ја прави посебна, и како Македонците во Германија ја доживуваат. Ќе зборуваме за обичаите, традиционалните костими и вкусната храна што го одбележуваат Октоберфест.  Октоберфест помина, ама вистинската забава допрв...

27. Книга vs. Kindle - што се чита во Германија? 04.10.2024

Книга vs. Kindle или Панче vs. Марина - во денешната епизода слушате што и колку се чита во Германија, какви читачки навики имаат Германците, за библиотеки, книжари и размена на книги на македонски јазик.  

26. Што би му препорачале на некој, кој сака да се пресели во Германија? 13.09.2024

Слушнете што препорачуваме ние и споделете, кои би биле вашите препораки, за некој кој сака да се сели во Германија? Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de  или телефонски на 017672141049 / 017655686356  

25. Првооделенци во Германија 06.09.2024

Збориме за првите денови во прво одделение, книги, ужинки, родителски и сите убави работи поврзани со почеток во училиште. Среќно на сите првачиња, мнигу другарчиња и многу единици :)   Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de  или телефонски на 017672141049 / 017655686356

24. Купување online во Германија 09.08.2024

Во последната епизода пред летната пауза збориме за онлајн шопинг во Германија, споделуваме како секогаш наши искуства и препораки, и секако - актуелни статистики. Ви посакуваме убав остаток од летото!

23. Германците како колеги 02.08.2024

Тема инспирирана од нашето секојдневие со германски колеги: Какви се Германците како колеги и какво е нашето искуство со нив, слушнете тука. Дали работите со Германци и кое е вашето искуство? Споделете на нашите социјални канали!

22. Што јадеме во Германија? 26.07.2024

Минатата недела испазарувавме, денес готвиме: што се јаде во Германија, каква е културата на исхрана, кои им се омилени јадења итн., слушни денес во #petocnovogermanija

21. Пазариме во Германија 19.07.2024

Денес зборуваме за тоа како пазарат Германците, во кои супермаркети е најевтино и како можете да заштедите. Споделуваме наши препораки и искуства и по некој совет на што да пазите при пазарење :)

20. Дозвола за престој: Дете со македонски & родител со ЕУ пасош 12.07.2024

Стара тема во нов формат. Збориме за познатата проблематика, со која се соочуваат многу фамилии во Германија, кога на дете со македонски пасош службите не му издаваат дозвола за престој, со образложение дека детето има право на европскиот пасош. Збориме за различните начини со кои може да се проба да се добие дозвола за престој, за различните искуства на луѓето и ја објаснуваме ситуацијата од аспе...

19. Промени во законот за државјанство 05.07.2024

Денес збориме за долгоочекуваните промени во законот за државјанство, кои одредби се променија и што може да очекуваме во следните месеци и години.  Ако имаш поднесено или планираш да поднесеш барање за германско државјанство, добредојден/a си да споделиш искуство со процедурата на нашите социјални канали    

18. Во светот на формуларите 28.06.2024

Von der Wiege bis zur Bahre, Formulare, Formulare Со тоа писателот сака да се каже дека од почеток до крај на живот има нешто да се пополнува во Германија. Денес збориме за формулари, барања, како да си помогнете и кои се вашите права во административни постапки. А ако ви треба помош, му пишувате на Панче тука :  https://www.causiconsulting.de/  

Escucha el podcast Петочно во Германија - со Марина и Панче en Replaio

Radio y podcasts en una sola app - gratis y sin registro. Instálala hoy y no te pierdas el estreno

Descárgala en Google Play

Replaio no es editor de podcasts; los nombres de los programas, las portadas y el audio pertenecen a sus autores y se distribuyen a través de canales RSS públicos