Marina Urdinov und Pance Causevski

Петочно во Германија - со Марина и Панче

Business MK ↓ 65 Folgen

Единствениот подкаст за Македонци во Германија

Autor

Marina Urdinov und Pance Causevski

Kategorie

Business

Neueste Folge

10. Jul 2026

Wo hören?

Podcasts in der App Replaio Radio Bald verfügbar

Podcasts kommen bald in die App. Installiere sie jetzt und erlebe als Erster einen ganz neuen Blick auf Podcasts

Bei Google Play herunterladen Kostenlos installieren Android 5 Mio.+ Downloads · Bewertung 4,8 iOS bald

Folgen

65. Страв од промена - Зошто остануваме таму каде што не сме среќни? 10.07.2026

Добредојдовте во нова епизода од нашиот подкаст. Во изминатиот период разговаравме за теми што допираат многу луѓе. Почнавме со прашањето дали, и покрај тоа што сме постојано поврзани преку социјалните мрежи, всушност стануваме сè поосамени. Потоа зборувавме за чувството „не сум доволно добра“, за перфекционизмот и за тоа како нашиот внатрешен критичар честопати ни поставува нереални очекувања. Во...

64. Overthinking – Кога умот не ни дава мир 03.07.2026

Добредојдовте во нова епизода. Во изминатиот период зборувавме за тоа како социјалните мрежи влијаат врз нашето чувство на поврзаност, дали навистина нè зближуваат или, понекогаш, нè прават уште поосамени. Потоа разговаравме за чувството „не сум доволно добра“ и за перфекционизмот – како постојаната потреба да бидеме совршени може да стане товар наместо мотивација. Но зад сите овие теми често се к...

63. Пepфекционизам – Сила или пречка? 26.06.2026

Денес ќе зборуваме за една тема со која многу луѓе се соочуваат - перфекционизмот. Често го гледаме како желба да бидеме подобри и да постигнуваме повеќе, но понекогаш зад него се крие нешто подлабоко – стравот од грешка, стравот од критика и чувството дека никогаш не сме доволно добри. Перфекционизмот може да нè мотивира, но може и да нè зароби во постојан притисок, сомнеж и незадоволство. Во ова...

62 Не сум доволно добра! Не сум доволно добар! 19.06.2026

Тоа е реченица што не се слуша гласно. Не ја кажуваме често пред другите, но живее во нашите мисли. Се појавува кога ќе згрешиме, кога ќе не одбијат. Кога ќе видиме некој што ни изгледа поуспешен, поубав, посреќен, побогат или посигурен од нас.  И токму затоа се муабетиме денес за ова чувство. Не за да го оттргнеме или негираме, туку да го разбереме. 

61. Дали сме повеќе поврзани или повеќе осамени? 05.06.2026

Живееме во време кога можеме да му пишеме на секого во секој момент, да видиме што прави, каде е и како изгледа неговиот ден. Никогаш не сме биле толку достапни и толку поврзани на екран. Но зад таа постојана комуникација се крие едно многу важно прашање: дали навистина сме поблиски, или само почесто сме во контакт? Во оваа епизода зборуваме за односите, за осаменоста, за социјалните мрежи и за то...

60 Мајка-Дете , Татко-Дете, превенција или рехабилитација / Mutter-Kind Kur, Vatter-Kind Kur 22.05.2026

Што преставува оваа мерка, за кого е наменета, како изгледа престојот, што е потребно за апликација, што ако ве одбијат и можеби најважното, како да препознаете дали ова можеби токму и вам ви е потребно. 

59 Како да побараш покачување на плата 15.05.2026

Тема која за многумина од врабитените е табу, и ретко кој ја зборува гласно. Во оваа епизода нема да добиете магично ветување дека секој ќе добие покачување утре, но ќе добиете алатки како да не влезете „на емоции„ туку со аргументи, факти и јасно барање. 

58 Германски навики што неочекувано ги прифативме 08.05.2026

Денес се муабетиме за нешто што сите во дијаспората го чувствуваме - моментот кога ќе сватиме дека.... полека стануваме Германци. Зборуваме за навиките кои пред години, месеци... биле незамисливи но одеднаш се фаќаме на дело како тие исти ни се залепиле во секојдневието.

57 Настава на македонски во Германија 01.05.2026

„Јазикот е нашата татковина„ рекол големиот македонски писател Блаже Конески. Во оваа епизода слушајте за тоа калко се негува макодонскиот јазик надвор од границите Ќе слушнете за тоа кој е процесот и кои предуслови се потребни за отварење на паралелка на македонски јазик во школото каде учи вашето дете. 

56. Нов глас во подкастот - Добредојде, Дијана! 24.04.2026

Во опуштен разговор ја запознаваме Дијана и зборуваме за секојдневието, работата и актуелните теми од дијаспората. Линк до страната на Обединета Македонска Дијаспора: United Macedonian Diaspora – United, We Can!

55. Новогодишни Желби ! / Neujahrsvorsätze ! 02.01.2026

Оваа Година ќе биде моја Година! Овој слоган многумина го изговараат во новогодишната ноќ. Кога старата година заминува и новата е пред прагот, најчесто правиме едно резиме за она што сме поминале, што сме оствариле, но и за она што не сме постигнале и оствариле. Од сето ова чуввствуваме желба да промениме нешто во нашиот живот. Почетокот на новата година е токму идеален повод тоа и да го направим...

54. Македонија и дијаспората – градење мостови 28.11.2025

Во оваа епизода зборуваме за улогата на македонската дијаспора, важноста на новата Национална стратегија за дијаспора 2025–2030 и што значи државата конечно да нè препознае како клучен партнер. Споделуваме лични размислувања, очекувања и надежи за иднината на дијаспората.

53. Нови почетоци и нови предизвици 03.10.2025

После подолго време пак сме назад! Во оваа епизода зборуваме што се случуваше кај нас – нови работни места, нови предизвици и ново место за живеење. Разговараме и општо за новите работни места, промените и она што следува во наредните месеци за Македонците во Германија. Опуштена епизода за враќање во тек со нашите случувања :)    

52. Што е подобро: да се работи во мала фирма или голема компанија? 13.06.2025

52. Стоиоте пред промена на работа или активно барате нова професионална можност?  Тогаш сега е совршеното време да размислите што очекувате од вашиот иден работодавец. Еден важен фактор што може значително да влијае на вашата кариера, вашиот развој и напредок е големината на компанијата. Без разлика дали станува збор за мала фирма или голема корпорација - и двете опции носат свои предности и недо...

51. Support Kocani– пример за хуманост, зрелост и вистинска акција 06.06.2025

Оваа епизода е посветена на нешто поголемо од секој од нас – на солидарноста, хуманоста и силата на заедницата. Зборуваме со Ана и Марко од иницијативата Support Koсani – млади, паметни и инспиративни луѓе, кои веќе повеќе од два месеца несебично работат за да им помогнат на семејствата погодени од трагедијата. Ќе слушнете за тоа како започна сè, со какви предизвици се соочуваат, но и колку добрин...

50. Преговор за плата! Заработете токлу колку што вреди вашиот труд! 30.05.2025

Tема која не засега сите кои сме во работен однос, денес ќе зборувам на тема како да побарате покачување на платата.   Ќе слушнете кога е вистинскиот момент да побарате покачување на платата, како да се подготвите и што би требало да избегнувате да кажете кога разговарета на оваа тема со вашиот претпоставен.

49. Успех 17.05.2025

Успех — збор што многумина го бркаат, а малкумина навистина го разбираат. Многумина веруваат дека богатството, славата или моќта ќе им донесат исполнетост. Но, што ако сè постигнеш, добиеш, успееш, имаш? Вистината за успехот е непријатна, бара жртва, налага соочување со сопствената слабост и храброст да дејствуваш спротивно на очекувањата на светот. Биди храбар и слушај до крај!

48. Интервју за Работа 04.05.2025

Со какови прашања може да ве изненадат, работодавците, регрутерите или персоналните вработени при интервјуто за ново работно место или позиција. Како да одговорите и кои прашања од нивна страна немаат место во интервјуто за новата работа.

47. Повраток на данок во Германија – што треба да знаеш 25.04.2025

Што точно значи Steuererklärung и зошто толку луѓе добиваат пари назад од државата? Во оваа епизода зборуваме од сопствено искуство: кога си должен да поднесеш годишна даночна пријава, како се пресметува повратокот, што може да се пријави како трошок – и што ако тоа никогаш досега не си го направил?

46. Даночниот систем во Германија 13.04.2025

Германскиот даночен систем е сложен, но и многу структуриран и транспарентен. Денес ќе слушнете за различните видови даноци, како тие се наплаќаат и какво влијание имаат врз поединците и бизнисите.

45. Со мислите во татковината – по трагедијата во Кочани 04.04.2025

Во оваа епизода споделуваме лични мисли, тагата и шокот што го чувствуваме по трагедијата во Кочани, како и разочараноста од тишината на Германија 

44. Осигурувања во Германија – Што е задолжително, а што паметна инвестиција? 14.03.2025

Во Германија има многу осигурувања – некои се задолжителни, а некои само паметна инвестиција. Во оваа епизода зборуваме за најважните осигурувања, кои вреди да ги земеш и на што да внимаваш за да не плаќаш непотребно. Слушни и некои интересни факти за неочекувани видови осигурувања! 🎧 Останаа уште четири концерти од големата турнеја на Next Time во Германија! 🔹 14.03.2025 – KUZ Werkhalle, Mainz...

43. Како функционира пензискиот систем во Германија 07.03.2025

Пензискиот Фонд во Германија можете да си го замислите како еден голем лонец во кој месечно секој вработен става 9,3% од својата плата, другите 9,3% ги става или уплаќа Работодавецот, и од овој лонец секој Месец се исплаќаат пензиите на Пензионерите во Германија. Како сето ова функционира, на што треба да внимавате кога ќе почнат да ви стасуваат информациите од Пензискиот гермаски Фонд во форма на...

42. Парламентарни избори во Германија 2025: Резултати и кратка анализа 28.02.2025

Во оваа епизода зборуваме за резултатите од изборите во Германија на 23 февруари оваа година. CDU/CSU победи, AfD постигна рекорден резултат, а SPD доживеа тежок пораз. Разгледуваме можни коалиции и тоа што овие избори значат за иднината на Германија и за нас како Македонци. А со големо задоволство ви ја најавуваме и турнејата на Next Time во Германија! 🎶🔥 📅 Датуми и локации: 🔹 28.02.2025 – Os...

41. Подготовка за интервју за работа во Германија: Совети и очекувања 21.02.2025

Денес зборуваме за интервју за работа – моментот што може да ви ја промени кариерата. Ќе откриеме на што обраќаат внимание Германците како работодавци, како да се подготвите, што да очекувате и како да оставите одличен впечаток. Без разлика дали сте почетник или имате искуство, вистинските совети можат да направат разлика. А со големо задоволство ви ја најавуваме и турнејата на Next Time во Герман...

Ähnliche Podcasts

Александар Кочовски Александар Кочовски Business · MK · 65 Folgen FEMCAST with Ilina Pejoska Zaturoski | ФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски Ilina Pejoska Zaturoski Business · MK · 41 Folgen 你敢相信吗?中间的流量提升策略让小红书万粉不掉粉和红薯真人粉轻松管理 你敢相信吗?中间的流量提升策略让小红书万粉不掉粉和红薯真人粉轻松管理 Business · MK · 5 Folgen 头条内容全维优化,在线全自动下单让文章点赞与收藏双攀升 头条内容全维优化,在线全自动下单让文章点赞与收藏双攀升 Business · MK · 5 Folgen 轻松获取千川任意作品赞,自动化平台让直播间观众暴涨 轻松获取千川任意作品赞,自动化平台让直播间观众暴涨 Business · MK · 5 Folgen 自动化平台优化懂车帝文章点赞与互动,提高内容推荐权重 自动化平台优化懂车帝文章点赞与互动,提高内容推荐权重 Business · MK · 5 Folgen 流量提升新方式,自动化平台让多渠道运营轻松又高效 流量提升新方式,自动化平台让多渠道运营轻松又高效 Business · MK · 5 Folgen 优酷视频播放与腾讯视频电视剧热度双重提升,自动化平台助力精准流量增长 优酷视频播放与腾讯视频电视剧热度双重提升,自动化平台助力精准流量增长 Business · MK · 5 Folgen

Höre den Podcast Петочно во Германија - со Марина и Панче in Replaio

Radio und Podcasts in einer App - kostenlos und ohne Anmeldung. Installiere sie noch heute und verpasse den Start nicht

Bei Google Play herunterladen

Replaio ist kein Herausgeber von Podcasts; die Namen der Sendungen, Cover und Audioinhalte gehören ihren Autoren und werden über öffentliche RSS-Feeds verbreitet