Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Среда, 27 Март 2024 27.03.2024

Send us Fan Mail Колку се слични сите јазици во светот? Што кажува за тебе адресата на која живееш? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 26 Март 27.03.2024

Send us Fan Mail Денес дадовме одговор на едно многу интересно прашање: Зошто бебешката облека има џепови? Ќе се изненадите и од фактот дека во комшии има академија за овчари, а и колкав е одзивот за истата. Што кога желбите на слушателите ќе ни дадат поттик да направиме нешто поинакво? Што пропуштивте утринава, преслушајте овдеДенес дадовме одговор на едно многу интересно прашање: Зошто бебешката...

Четврток, 21 Март 21.03.2024

Send us Fan Mail Дали има поврзаност бројот на чевли и должината на животниот век? Кој и зошто и прави натални карти за Кејт? И кој е совршениот рецепт за одмор од соништата? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Вторник, 19 Март 2024 19.03.2024

Send us Fan Mail Ова утро се потсетивме на фиксните телефони, нивната намена, упатство за употреба и бон тонот за разговор. Дали знаевте дека футролата за мобилен телефон е измислена во Македонија? И зошто жените живеат подолго од мажите? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Понеделник, 18 Март 18.03.2024

Send us Fan Mail Ова утро, Зорка се жали дека машината за алишта и се однесува како тинејџер. Тик Так учи да зборува кинески, а Зорка го објасни најчудниот тоалет досега. Колку пати  во текот на денот погледнуваме во телефонот? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Четврток, 14 Март 15.03.2024

Send us Fan Mail Стартувавме со топ 5те најчесто посакувани желби за старт на добро утро. Тик Так и Зорка денес си гледаа на кафе, а и ја предвидоа иднината на слушател под шифра Пилето. Кои реченици можеш да ги кажеш за време на земјотрес и водење љубов? Што пропуштивте утринава преслушајте овде

Среда, 13 Март 15.03.2024

Send us Fan Mail Среќна среда!

Вторник, 12 Март 12.03.2024

Send us Fan Mail Денес ги анализиравме двајцата патници од Окенанија што биле македонски гости и како да ги задржиме најадении среќни. Дали новите камери, поставени на патиштата ќе влијаат на бракот и бизнисот? И кои се најчудните прашања чии одговор е многу логичен, а сепак нема да се сетите на него? Се што пропуштивте ова утро во дружбата со Тик Так и Зорка, преслушајте овде

Понеделник, 11 Март 12.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес го одбележија светскиот ден на водоинсталатерите. Што значи кога светат светилките на автомобилот? Дали знаете дека некој низ Скопје крие пари ма тајни, но јавни локации? И какви се најчестите чудни навики на луѓето? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Четврток, 7 Март 07.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес решија многу мистерии, како за толаетната хартија, така и за прашањата кои ги мачат многумина. Тик Так развил свој посебен јазик, ама ви раскажавме и како зборуваат луѓето во дијаспората. Македонските куќи во Австралија, колку се поразлнични од нашите? Што се пропуштивте утринава, преслушајте овде!

Среда, 6 Март 06.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утрово ви раскажаа како изгледаше животот без социјалните мрежи. Решаваме љубовен проблем на една наша слушателка, кој е проблем само по себе да се разбере, дали ќе успееме? Дали би му купиле на своето дете ретро мобилен телефон? Кој од нашите познати личности би сакале да го изучувате на факултет? Што пропуштивте, преслушајте овде

Вторник, 5 Март 05.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес се пожалија на лошите искуства и патешествијата со тавите. Кое е твоето, а кое нашето мафијашко име? Кој е Попај морнарот? Што се пропуштивте денес, преслушајте овде

Понеделник, 4 Март 04.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утрово, ви го открија најиновативниот начин, како може да заработиш пари од добра идеја! Од каде потекнува изразот "кажи драгичка" и кој е најчудниот повик кој 112 го добил во последниов период. Во какви луѓе пораснаа младите кој слушаа метал? Се што пропуштивте утрово, преслушајте овде.

Среда, 14 Февруари 15.02.2024

Send us Fan Mail ТикТак и  Зорка уште по рано сабајле се фатија да раскажуваат за виното и љубовта. Кој важен настан се случил на денешен ден? Како да бидеш романтичен ако едноставно тоа не си? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Вторник, 13 Февруари 13.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так денес ви раскажа за сите нешта кој изворно потекнуваат од Македонија, верувале или не. Дали ја знаете приказната за италијанскиот војник Фраеро? На кому што му фали, на Зорка море, а на Тик Так слави. Што пропуштивте утинава, сумирано во 30 минути.

Четврток, 8 Февруари 08.02.2024

Send us Fan Mail

7 Февруари 2024 08.02.2024

Send us Fan Mail Денес Тик Так и Зорка ве потсетија на патернот што секој дом имаше и како сите родители, баби и дедовци се однесуваа. Дисциплина наречена ПЕРЕЊЕ ТЕПИХ на улица и сите пропратни нешта околу неа. Дали сте ТИМ БАБА РОГА или ТИМ КАРАКОНЏУЛА? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте го овде

Вторник, 6 Февруари 06.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро создадоа математички проблем кој го решија, колку може да открие телефонскиот број за вас? Тик Так ја сподели тајната тетратка со наслов: Kако да уништиш маж во 40 чекори. Возењето денес поедноставно од било кога, а ноќните клубови, полека преминуваат во денски. Што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Понеделник, 5 Фебруари 05.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес го одбележаа денот на испуштање на гасови. По тој повод ви ги открија карактерните разлики и навики на секој еден човек во тој поглед. Кои се најпопуларните дестинации оваа година во светски рамки? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Петок, 2 Февруари 02.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро размислуваа за работната облека во новиот етно ресторан на ТикТак. Што ако случајно се изгубиш некогаш во шума, како да преживееш? Зошто чистењето за викенд се нарекува генералка? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Четврток, 1 Февруари 01.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро зборуваа за имиња на производи кои се одомаќени во македонскиот јазик кој разговорно се користат со години кај нас. Колку бојата на гласот знае да помогне или одмогне кај личноста која ја симпатизирате? Како звучи Македонска временска прогоноза во Австралија.  Што пропуштивте, преслушајте овде

Среда, 31 Јануари 01.02.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви ја раскажаа болката за складирањето на алишта кои чекаат подобри денови. А Тик Так се пофали за мусаката која го воодушевила неговиот комшилук. Како да си дадеш отказ и на што да внимаваш? Се што пропуштивте, преслушајте овде

Вторник, 30 Јануари 30.01.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка, ова утро ви раскажуваат за бројот 7, неговата моќ и значење низ историјата. Какви се новите херои во филмовите и ТВ сериите? Што кога ќе решиш да не им го препишеш своето богатство на децата? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте овде

Понеделник, 29 Јануари 29.01.2024

Send us Fan Mail Ова утро ТикТак и Зорка ви раскажаа за феноменот наречен Baby Brain чии последици ги трпи Тик Так. Како се родени дел од имињата на бактериите? И дали пцуењето знае да биде лековито? Што кога на Тик Так и Зорка ќе им биде украдена идејата? Се што пропуштивте денес преслушајте овде

Петок, 26 Јануари 27.01.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес си искреираа совршена работна недела по сопствен тертип. Дали сепак може да се одговорат прашањата на кои нема одговор? Клучната разлика меѓу рингтоновите пред многу години и денес. Се што пропуштивте преслушајте овде

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.