Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Author
Тик Так и Зорка
Category
Podcast website
Latest episode
May 14, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Четврток, 25 Јануари 27.01.2024 27:43
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро ви ги открија 8те страшни датуми за Февруари и комбинациите на планетите за секој од нив. Што заедничко имаат диетите и политичарите? И што работи Тик Так во Португалија пред и по емисија? Се што пропуштивте ова утро, преслушајте го овде
Среда, 24 Јануари 24.01.2024 23:25
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес, ви раскажаа за различните телефонски искуства и сомнежот од љубезност. Дали го знаете рецептот за среќен брак? Зошто секому различно му траат 3 минути? И што заслужува секој наш следач? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути
23 Јануари 2024 23.01.2024 26:06
Send us Fan Mail Денес во утринската со Тик Так и Зорка зборувавме за модернистичкиот начин на справување со вошки. Дали титаниумските заби ќе бидат новата мода и зошто таткото изостанува од најпознатите поговорки? Знаете ли што се е Тет-a-тет? Се што пропуштивте денес преслушајте овде
Понеделник, 22 Јануари 22.01.2024 26:55
Send us Fan Mail Нова година, нова сезона. Кога е снимена првата верзија ма Титаник и со која цел - нема да ви се верува. Тик Так објаснува зошто не е добро странски јазик да се учи од филмови и серии. Што пропиштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 13 Декември 13.12.2023 18:07
Send us Fan Mail Во денешното издание дискутиравме за различни топли напитоци од типот на какап и салеп. Клик ако пропушти.
Понеделник, 12 Декември 13.12.2023 26:16
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви ги претставија 12 најнесакани луѓе во 2023та. Што ни носи последниот ретрограден Меркур? И што би било кога секој од нас би имал упатство за употреба? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Среда, 6 Ноември 2023 06.12.2023 28:59
Send us Fan Mail Дали среќата со пари се купува или не? И дали среќата различно чини од генерација до генерација? Брилијантниот начин на маркетинг светот како да ни продаде или да ни нагласи дека нешто ни треба. Еден од најинтересните начини како да платиш во ресторан ни е во комшии. Што пропуштивте утринава со ТикТак и Зорка преслушајте овде
Понеделник, 27 Ноември 06.12.2023 26:16
Send us Fan Mail Нова работна недела и нови муабети рано наутро. Што кога имаш многу пари ама не веруваш ниту на банките, ниту на сопругата? Што кога имаш 5 поени да го создадеш човекот од твоите сништа? И дали би купиле носена облека од некој вам омилен лик? Се што пропуштивте утринава со Тик Так и Зорка, преслушајте овде
Вторник, 5 Декември 06.12.2023 23:08
Send us Fan Mail Ова дружење го посветивме на китење елка, традиции, нови моди и нови предизвици со кој се соочува секој оној кој сака да остане во тренд. Детално го анализиравме текстот на песната "Елко Елко" а направивме и анкета со ваша помош. Се што пропуштивте, преслушајте овде
Четврток, 23 Ноември 23.11.2023 19:25
Send us Fan Mail о утринската дружба со Тик Так и Зорка зборувавме за снежните патеки во Саудиска Арабија и новиот брак на Адел. Ве потсетивме на она што допрва доаѓа, 2те клучни нешта со кои ќе познаете дека доаѓа Божиќ. Како би се викал волкот на Црвенкапа? 5 причини за и уште толку против за спиењето гол. Се што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 22 Ноември 22.11.2023 24:11
Send us Fan Mail Денешниот #зборнаденот го искористивме низ неколку примери со кои дознавме многу интересни факти. Кога жените се најсреќни? И што кога ќе изгубиш прстен, колку често може да го добиеш назад и тоа директно од Капетан Кук? Дали навистина одредени работи во животот стануваат подобри со годините? Се што пропуштивте денес, во утринската со Тик Так и Зорка, преслушајте овде
Понеделник, 20 Ноември 21.11.2023 23:09
Send us Fan Mail Понеделнички, математички расположени, ви поставивме две задачи за кои го немавме вистинското решение, дали би пиеле ултраскапо виски или би сакале стан? И за колку време двајца би можеле да завршат иста работа? Дали навистина хигиената е половина здравје? И што тоа ја затна канализацијата во Мексиско? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Четврток, 16 Ноември 16.11.2023 26:35
Send us Fan Mail Денес ви откривме кој е зборот на 2023тата година и баш не ни се допадна. Што ако по 16 години развод, партнерите решат дека згрешиле? Која е најновата интернет онлајн измама што се шири низ социјалните мрежи? Се што пропуштивте утрово, будејќи се со Тик Так и Зорка, преслушајте овде
Среда, 15 Ноември 16.11.2023 22:16
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро се натпреваруваа кој на кому му е пољубоморен. Кој победи во битката? Како на нов начин кинезите ги решаваат непрописно паркираните автомобили? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Понеделник, 13 Ноември 14.11.2023 28:14
Send us Fan Mail Дали одморот може да ти здосади? Колку дена се доволно денови за да одмориш? Прашањето на денот: Од која причина не го конзумиравте бракот во првата брачна ноќ? Дали наскоро доаѓа ера на вселенски зеленчук? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Четврток, 9 Ноември 09.11.2023 25:58
Send us Fan Mail Четврток полн со смеење, ама и на тема храна. Што е со популарниот сок и чипс по кој децата лудуваат и колку е безбеден за консумација? Како би изгледало да се вратиме на своите корени и сами да ја ловиме својата храна? Дали човек е посреќен ако е буцкаст или откако ќе ослабе? И како женките жаби ги одбегнуваат упорните мажјаци? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Среда, 8 Ноември 08.11.2023 27:38
Send us Fan Mail Дожливо утро и бомбастична информација за оставката на португалскиот премиер, не наведе да размислуваме во насока дека сме плодно поднебје за академија за политичари. Што сш во арапски хороскоп и како да пресметаш? што е она што ги мотивира вработените да работат подобро на работното место? Се што пропуштивте утринава со Тик Так и Зорка, преслушај го овде.
Понеделник. 6 Ноември 06.11.2023 19:54
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ве прашуваат: Која е последната слика од Вашата галерија? Која е добрата страна на домазетот? И зошто највкусните благца и чипсови имаат најбучни пакувања? Која е соодветната облека за Тик Так ововј период, според досегашното искуство? Што пропуштивте, преслушајте овде
Четврток, 2 Ноември 02.11.2023 24:39
Send us Fan Mail Денес, на интернационалниот ден "Мажот прави вечера" го дискутиравме начинот на живот на дечкото кој има две сопруги. Дали е правилна наплатата на дополнителна ставка во сметката за гласни деца по рестораните ширум светот? И колку лесно, убаво спакуваните санкции ги доживуваме како благодет? Се што пропуштивте утринава во дружбата со Тик Так и Зорка, преслушајте го овде
Среда, 1 Ноември 2023 01.11.2023 27:07
Send us Fan Mail Аудио времеплов и навраќање на моментите од детството преку потсетување на дел од најпопуларните шпици на цртаните, ве прашавме, дали ги паметите? Колку модерната технологијата ни го олеснува или ни го комплицира животот? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути
Четврток, 19 Октромври 25.10.2023 23:27
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес : Се бориме со утринскиот апетит со цени од собраниското бифе. Дискутираме на тема џин тоник, лек или задоволство? И раскажуваме како се влегува на туѓа свадба без покана. Се што пропушти, преслушај овде.
Среда, 18 Октомври 19.10.2023 18:26
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви ги открија најлесните начини за учење на нова материја. Истражуваме каде е селото Орле, Град и Вирче и што е заедничко за сите нив? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде.
Понеделник,16 Октомври 16.10.2023 24:05
Send us Fan Mail Понеделнички,тргнавме да се потсетиме на смотрата во училиште, кога се вршеа хигиенски контроли. Потоа го отворивме прашањето,дали тоалетот е важен и што друго може да се прави во него? А дали знаевте што се од неодамна им е достапно на српските пензионери? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Вторник, 10 Октомври 10.10.2023 26:04
Send us Fan Mail Поинаков Вторник, со теми сосема поинакви од сите останати денови. Тик Так ви ги откри неговите јазични таленти, воодушевувачки, течно говореше на повеќе различни јазици. Дали си патиме од тоа да чуваме разни непотребни предмети во секојдневието и колку тоа не "кошта" на крајот? Што пропушти утринавам сумирано во 30 минути!
Понеделник, 9 Октомври 09.10.2023 21:30
Send us Fan Mail Понеделник со Тик Так и Зорка, значи многу смеење на радио. Сертификати за извонредност и пица ала (името на ресторанот). Кој победи на првиот мис без шминка и што е со тик ток трендовите против хрчење? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.