Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Понеделник, 5 Мај 05.05.2025

Send us Fan Mail По повод денот на македонскиот на македонскиот јазик правевме неколку модерни изведби на стари класици. Се сеќавате ли со кои песнички растевме ? И која од модерните изведби ќе ве погоди директно во срце?  Ако пропуштивте да слушате утринава, кликнете овде

Среда, 30 Април 30.04.2025

Send us Fan Mail Денес ве прашавме што Вашата омилена шољичка за кафе би рекла за Вас, доколку знаеше да зборува? Размислувавме за причините на перформансот на Радовишкиот Рамбо и ви дадовме неколку реченици кои можете да ги кажете на стоматолог но и во спалната соба. Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Вторник, 29 Април 29.04.2025

Send us Fan Mail Ако ќјарот и зијанот се браќа, која им е мајка? Се сеќавате ли на  најинтересните песнички од детството кои ни помагале да одредиме кој брка а кој жмури? И неколку интересни факти за ден Вторник кои целосно ќе ве изненадат. Македонска денес на пауза, Тик Так во полн ефект. Што пропушти утринава, преслушај овде

Понеделник, 28 Април 28.04.2025

Send us Fan Mail По само едно читање вести, Македонка побара слободен ден. Тик Так ја објасни позадината на совршените Инстаграм фотографии, а Зорка освен што ги разјасни придобивките на спиењето на една или друга страна, ја објасни и поврзаноста на музичките инструменти во секојдневниот говор како објаснување за одредени состојби. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 25 Април 25.04.2025

Send us Fan Mail Денес е ретро петок. Дискутраме за тоа кои се работите што не прават да се осеќаме стари. Тик Так и Зорка играат нова игра - што би рекле во непредвидлива ситуација. Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути

Четврток, 24 Април 24.04.2025

Send us Fan Mail Денес и правиме евалуација на Македонка која е со нас веќе 7 емисии. Дискутраме за тоа какви можат да бидат шефовите според типот на кафе кое го пијат и дискутраме за новиот изум од Дубаи, кој, мораме да признаеме, е малку корисен. Она што го пропуштивте утринава ви го сумираме во 30 минути. 

Среда, 23 Април 23.04.2025

Send us Fan Mail Денес- денот на Шекспировото раѓање, се обидовме да ви пренесеме дел од неговите најкористени фрази. А на тема фрази, Ви ги пренесовме и најшармантните фрази кон девојките. Прашања и одговори и многу смеа.  Се што пропуштивте, преслушајте овде

Понеделник, 22 Април 22.04.2025

Send us Fan Mail Денес, денот на планетата земја, Какви би биле како бренд- бившите ако ги анализираме? Ќе успее ли Зорка да ја погоди лажната од вистинските вести? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Четврток, 17 Април 17.04.2025

Send us Fan Mail Утринава Тик Так и Зорка презентираа Балкански хороскоп, Македонка, нашата вештачка интелигенција одговараше на ваши прашања поврзани со административни работи, а Тик Так ја изгуби играта вистина или предизвик и мораше да се соочи со првиот од 30-те предизвици на Зорка. На самиот крај, мала дискусија околу начинот на запишување на телефонски броеви. 

Среда, 16 Април 2025 16.04.2025

Send us Fan Mail Во денешното издание Тик Так требаше да погоди која вест е погрешна, Македонска, во стилот на вистински административец даде практични совети како да се извади извод од матична книга на родени, и објаснивме на баба што значи терминор РИЗ и доделивме две кратис карти за проекцијата на анимираниот филм Бунтовната Принцеза. Сѐ што пропупшти утринава, сумирано во 30 минути!

Вторник,15 Април 2025 15.04.2025

Send us Fan Mail Денешното издание на утринската програма го посветивме на изумите кои се поврзани со 15ти Април, а откривме и кои се нештата кои ги купуваме а никогаш не ги користиме. Кои се правилата на среќниот брак и какви модули треба да поминат повратниците од странство кои треба да се адаптираат за живот дома? Сѐ што пропуштивте, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 14 Априк 14.04.2025

Send us Fan Mail Нова сезона на Тик Так и Зорка. Денес ви ја претставивме и нашата нова репортерка од терен, Македонка. Какви се хороскопските знаци како бивши партнери и кои се изразите кои младите ги користат за да го искажат статусот на врската, објаснети на начин за да и баба може да ги разбере. Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Вторник, 30 Април 30.04.2024

Send us Fan Mail Денес бевме сведоци на еден емотивен крај. Се збогуваме со Зорка!

Понеделник, 29 Април 29.04.2024

Send us Fan Mail Последен Понеделник во Април со Тик Так и Зорка.  На интернационалниот ден на патентот, се потсетивме на неговата важност и примена, како и поинаквите називи за истиот. Што може да се научи од количките во супермаркетите и дали татко и на Бринти е родум од кај нас? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Понеделник 23 Април 25.04.2024

Send us Fan Mail Што им фали на нашите временски прогнози? Тик Так и Зорка ви откриваат каква свекрва имате или каква свекрва ќе станете според хороскопскиот знак! И најновите португалски згоди и незгоди, ова утро! Ако пропуштивте, преслушајте овде.

Среда, 25 Април 25.04.2024

Send us Fan Mail Мал времеплов назад во детството ова утро кај Тик Так и Зорка. Освен што ги преслушавме најубавите детски песнички, се навративме на споменарите и лексиконите, а се потсетивме и како се играа најзабавните игри од детството. Што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Понеделник, 22 Март 22.04.2024

Send us Fan Mail Понеделник со тема - работното место. Колку е важно каква облека носите на работа, во однос на продуктивноста? Колку реално афери има во големите фирми? Дали би почнале се од почеток?  Како ќе пресметаш колку години има октоподот? Се што пропуштивте ова утро со Тик Так и Зорка, преслушајте овде

Среда, 17 Април 17.04.2024

Send us Fan Mail Среќна Среда и Тик Так и Зорка и најпопуларните бабини деветини за бременоста. Едно од нај филозофските прашања се постави утринава, дали знаете дека животот е бесплатен, а само луѓето плаќаат за него? Која е историјата на играта "не лути се човече" и најважно како станала толку популарна? Кој ја свртил играта Тетрис? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Понеделник, 15 Април 16.04.2024

Send us Fan Mail Нова работна недела, Тик Так и Зорка на радио со приказна за мистериозната шума во Полска, денот на перењето и уметноста и начините на кој што можеш да го одбележиш денешниот ден. Што пропуштивте утринава? Паааа многу позитивна енергија и смеење. Преслушајте овде

Вторник, 16 Јули 2024 16.04.2024

Send us Fan Mail Чудесен Вторник со Тик Так и Зорка: знаевте ли дека најголемиот сериски убиец потекнува од Балканот? И колку навистина има моќ песната да лекува? Ја знаете ли историјата на чадорот? Или кој е најпознатиот чадор? Се што пропушти ова утро преслуашај овде

Петок, 12 Април 12.04.2024

Send us Fan Mail Ретро Петок во секоја смисла на зборот. Инспирирани од гласот на Тик Так кој го добил како резултат од јадење сладолед и спиење со гол газ, Јане Задрогаз и Зорка пред 13 години, почнаа да се вадат од нафталин и архива некој ретро парчиња од Тик Так и Зорка и нивните поранешни радио водителски кариери. Како звучат? Ако пропушти, преслушај овде

Четврток, 11 Април 2024 11.04.2024

Send us Fan Mail Денес шетавме Македонски села!

Вторник, 9 Април 09.04.2024

Send us Fan Mail Денес Тик Так и Зорка дадоа идеа како да се модернизираат политичките митинзи!

Понеделник 8 Април 08.04.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви ги претставија 10те најниско рангирани македонски традиционални јадења. Дали ќе успее Тик Так да ги прочита вулканите во Исланд како утринска мозочна гимнастика? Која книга ќе ја добие Зорка наскоро за подарок? Што прпопуштивте, преслушајте овде

28 Март 2024 28.03.2024

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро и го честитаа роденденот на Лејди Гага, со желба, следната година на време да им ја испрати поканата. Кои бабини деветини ви се познати? Како еден дечко од Тексас го решава политичкото незадоволство во САД? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.