Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Среда, 9 декември 09.12.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка со ексклузивно сведоштво, како се живее во пост коронарни услови. Што научиивме од филмовите, гледајќи ги и анализирајќи ги , за време на карантин. Колку реално се почитуваат правилата во општеството и каква е акцијата " Твитер Дедо Мраз"? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 3 Декември 03.12.2020

Send us Fan Mail Што е тоа динамична работна средина? Што сака работодавецот да ти појасни кога ти нуди динамична работна средина и зошто се бара мотивационо писмо за немотивирачки работни места. Од мистериите на денот, следнава: од каде потекнува адетот да ти преспијат парите (на сметка) од плата кога ќе ги добиеш? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 2 Декември 02.12.2020

Send us Fan Mail Што купуваат и преферираат повеќе македонците, презевативи со вкус или со боја? И дали навистина ни е потребно сексуално образование? Како постапуваат политичарите во Европа кога се фатени на дело?  Зорка и Тик Так сакаат да одат за Солун, ама роденденкото задолжен за превоз ги откачи. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 1 Декември 01.12.2020

Send us Fan Mail Кое е Вашето совршено домашно животно според хороскопскиот знак? Чудни забрани низ земјите во светот, дали знаевте дека во Данска има листа на имиња од која можете да одберете како ќе се вика Вашето дете. Југото слави 40 години постоење,  најдобрите и не многу познати факти за оваа безвременска машина. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 30 Ноември 30.11.2020

Send us Fan Mail Бескорисни факти,  дискусија за Скопскиот сообраќаен хаос и три родендени.  Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути.

Четврток. 26 Ноември 26.11.2020

Send us Fan Mail Каква боја на автомобили е најпопуларна и најбарана при изборот на нов автомобол и зошто? Што се случуваше деновиве со струјата во главниот град? Тик Так и Зорка решаваат да ја променат професијата, а што следно ќе работат ќе дознаеш ако слушнеш.  

Среда, 25 Ноември 25.11.2020

Send us Fan Mail Што симболизира црвената боја и каква поврзаност има таа со апетитот? Трамп има нов фонт со кој може да го напишете Вашето CV доколку аплицирате за претседатеска позиција. Кој е Тасе? И зошто велиме преку Тасе-та? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 24 Ноември 24.11.2020

Send us Fan Mail Како принцот Џорџ го добил името? Тажна вест во кралството споделена преку социјалните мрежи. Зошто споредено со профилите на инстаграм, во живо изгледаме како нарачани од Али Експрес? Кинеските научници со решение против стравот. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 23 Ноември 23.11.2020

Send us Fan Mail Замислете да имате огромно богатство и да решите да ги малтретирате своите роднини на разо- разни начини за да дојдат до своето делче од богатството. Тик Так раскажа ситуација поврзана со ова и тетоважите и еден креативен невозможен начин како да се реализира тестаментот. Зошто Понеделникот е најтажен ден? Дали знаете што е син понеделник? Законот за семејно насилство наскоро во с...

Четврток, 19 Ноември 19.11.2020

Send us Fan Mail Зорка официјално позитовна на корона, следните 20 дена ќе биде во изолацоја, ама вели ќе не дружи секое сабајле. Кои се најбизарните обичаи пред свадба? Кој победи во натпреварот "колешка каква секој бара"?  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Среда, 18 Ноевмри 18.11.2020

Send us Fan Mail Кризни времиња, за кризни мерки. Кои се најдобрите градови за живот во светот, како е во Ковид болницата во Скопје, и зошто сите кукаат од онлајн оценувањето. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

Вторник, 17 Ноември 17.11.2020

Send us Fan Mail Колку пиво е доволно за добро здравје? Делчево со шокантен брејкинг њуз, а редовен слушател од Кавадарци со бомбастичен рецепт како до среќен брак. Тик Так открива што прочитал во последната прочитана книга- 50 работи што треба да ги направиш пред да умреш.  Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 16 Ноември 16.11.2020

Send us Fan Mail Како животот добива розе боја по 40тата? Понеделнички, кои се најмакедонските ситуации во животот? Зошто не немаше деновите наназад и како 15минутното одење пешки може да го подобри Вашето здравје? Кој е најнечистиот предмет во хотелска соба? Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути 

Вторник, 10 Ноември 10.11.2020

Send us Fan Mail Како најбрзо и најлесно да изнервираш келнер? Го проучуваме женскиот речник- 5 топ фрази што секој маж мора да ги знае, за да ја разбере својата жена. Тик Так со мудра мисла за пријателството, откако имаше неуспешен обид да порача 40 камини за вила на Водно. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 9 Ноември 09.11.2020

Send us Fan Mail Од образовната редакција, денес дискутираме за влијанието на брачниот статус на Колумбо врз откривањето на америка.  Ако може Готам Сити да го има Бетмен, зошто да бидеме покуси? Започнуваме со потрага по првиот скопски суперхерој! Доколку ги исполнуваш најважните критериуми, те очекуваме со пријава. Роденденски бараме експерт за корона да работи про боно врз проблематиката со зар...

Петок, 6 Ноември 06.11.2020

Send us Fan Mail Која е Вашата омилена песна  што ве враќа назад низ годините?  Дискутираме за странски зборови за кои ние немаме еквивалент, и доаѓаме до сознание дека дел од нив имаат македонско потекло. . Дали паметниот часовник е дизајниран по пример и со функција на  мајка? Ирена има роденден, а ние проверуваме дали е во изолација на најклреативен начин.  Се што пропушти  утринава сумирано во...

Четврток, 5 Ноември 05.11.2020

Send us Fan Mail Диксутираме за работа во недела и бараме примери за кршење на права на работниците.  Плус, дали е во ред да се даде предност во маркет на лице кои има САМО еден продукт. За роденденска честитка, бараме стан за 10 лица! Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

Среда, 4 Ноември 04.11.2020

Send us Fan Mail Среќна среда и утринско разрешување на мистеријата што ги мачи многумина: "Што има ново во Пехчево?"  Претседателски избори во САД и што тоа нам ни значи?  Колку пати сте купиле производ и потоа уште во првите 20 минути сте се покајале? Се ова плус еден куп родендени сумирано во 30 минути

Вторник, 3 Ноември 03.11.2020

Send us Fan Mail Што е тоа што се носи вечно, а има рок на траење само 6 месеци?   Зошто Тик Так и Зорка наликуваат на англичани, открива слушателот Предраг.  Што не научи короната и зошто до Идризово нема гифт шоп? Доктор Шаренковски денес во обид да ја регрутира роденденката на работа во Кавадарци. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 2 Ноември 02.11.2020

Send us Fan Mail Влакнести или природно мазни мажи? Депилирани или претерано влакнести? Што кажува и како е поврзано тоа со нивниот интелект? Колку чини да бидеш забавен и шармантен? Колку плочкари во Македонија знаат да лепат плочки во ЗД? Се јавивме во Прилеп да прашаме, а на враќање честитавме роденден.  Што пропушти, сумирано во 30 мин!

Петок, 30 Октомври 30.10.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава на мисија да објаснат многу мистерии како тоа, кој ќе живее наскоро во палатата на Јованка Броз и дали Тито имал или немал вештачка рака? Дали се сеќавате на зелените кармини кој ги користеа нашите баби? Тик Так во улога на инспектор Горан, во најава за посета во локал во Прилеп на една роденденка утринава. Успеа да " ќари" 400 грама торта и мног...

Четврток, 29 Октомври 29.10.2020

Send us Fan Mail Да се носи или не (маска) прашање е сега!  Учебниците на дел од основците надвор од употреба, а ние ги имаме деталите и пикантериите.  Во финска, кучиња намирисуваат корона.  Бараме песна за комбе, дивееме прасиња и честитаме роденден. Се што пропушти сумирано во 30 мин

Среда, 28 Октомври 28.10.2020

Send us Fan Mail Колку жртва прават родителите за своите деца?  Кој е најдобриот лек против уроци? Зорка денес роденденски "гата" на гравчиња и му погоди се на роденденкото, додека пак Тик Так бара работа во Берово. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Вторник, 27 Октомври 27.10.2020

Send us Fan Mail Главното прашање за денес беше: со колкава месечна плата може да се живее комотно? И каква разлика има во најбогатите 10 во 1990тата и сега? Роденденски дознавме за Валентин и неговите планински авантури, а ги прочешлавме и дневните новости низ розеви наочари! Што пропушти пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 26 Октомври 26.10.2020

Send us Fan Mail Зимско сметање на време, загаден возудх, експерти за сè,  и три родендени сумирано во 30 минути!

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.