Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Четврток, 22 Октомври 2020 23.10.2020

Send us Fan Mail Случка која може да ни ја врати вербата во луѓето, Кекел со битолцизми од Германско потекло и едне куп родендени. Се што пропушти во Четвртокот, сумирано во 30 минути.

Среда, 21 Октомври 2020 21.10.2020

Send us Fan Mail Што е тоа кринџање, гивавеј и како се одлучува кој е побеdник? Кои се најпознатите песни со кои сме растени и како тие излгедаат од денешна гледна точка? Тик Так во мисија да сними документарен филм за Мафи, и да го пребои камионот на Зорка. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 20 Октомври 2020 20.10.2020

Send us Fan Mail Кој би бил класичен пример за Македонец пресликан во лик од цртан филм? Дали знаете што е бонела?  Кражби на цвеќе како нов хит во Македонија, кој тоа и зошто краде? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 19 Октомври 19.10.2020

Send us Fan Mail Толку многу свадби периодов, а Тик Так и Зорка, не беа поканети на ниедна.  Тик Так раскажува за случајната средба со верен слушател, а Зорка се жали на ниските температури. Роденденски пративме понуда на директорот за онлајн прирачник и ZOOM семинари. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Петок, 16 Октомври 2020 16.10.2020

Send us Fan Mail Роденденковци- спанковци. Петочки никого не добивме, ама затоа го чествувавме големиот празник- денот на Шефот! Тик Так и Зорка откриваат кој се тајните на среќниот работник и никако да се погодат за температурата на работното место. Скопје во хаос, најавено снимање на филм низ скопските улици.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Четврток, 15 Октомври 2020 15.10.2020

Send us Fan Mail Кога би можеле да одберете, дали би имале повторно 18 години или би одбрале да ги задржите годините но да имате мноооогу пари? Ја дискутираме вчерашната љубовна драма која се распламна на интернет. Роденденковци дури 4, меѓу кои неуспешниот обид на Зорка и успешните обиди на Тик Так да продаде скопски воздух во Крушево и пушени дрва во Прилеп. Што пропуштивте, сумирано во 30 минут...

Среда, 14 Октомври 2020 14.10.2020

Send us Fan Mail Колку за Вас може да открие една најобична фотографија, поставена на социјалните мрежи? Дали нашите политичари се всушност почетоците на инфлуенсерството, со нивните постапки? Роденденски ја бараме Јагода од Ресен, да ни ја објасни мистеријата околу нејзининото име. Уште еден вонсериски роденден нарачан од свекрва за снаа, и која е тајната за беспрекорно функционирање меѓу двете н...

Вторник, 13 Октомври 2020 13.10.2020

Send us Fan Mail После продолжен викенд, ежок е Понеделник во Вторник. А уште потешко е да се справиш со маж кој не бил во војска. Тик Так има одлична идеа за семинари по теоретска и практична настава - како да го доведеш својот маж до совршенство. Боби бара големи лешници за производство на домашен крем, ама брзо е разоткриен, плус дали со половно возило се наследуваат и сообраќајните казни на пр...

Петок, 9 Октомври 09.10.2020

Send us Fan Mail Денес го прашавме Трајче матичарот да ни раскаже за најсмешната случка во матично, а Гоце гинекологот ни ја откри мистеријата зошто докторите имаат лош ракопис. Идат славите, имаме топ идеа како да се организирате според протоколите. Мистерија: ЧИНГЕЛЧЕ или ЧИНГЕРЛАКЕ за плетење? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Четврток, 8 Октомври 2020 08.10.2020

Send us Fan Mail Директно вклучување од левата и десната страна на градот со аудио од градот, Тик Так и Зорка против сивилото во Скопје. Неисправни автобуси, роденденот на инстаграм и роденденот кој ќе ве насмее до солзи се самo дел од содржините кои денес беа наменети за Вашето насмеано будење. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Протоколарна средба 08.10.2020

Send us Fan Mail  Музичарите имаат средба во влада во петок. А ние се трудиме да се осигураме дека нивните претсавници следат протокол. 

Среда, 7 Октомври 2020 07.10.2020

Send us Fan Mail Скопје стана град со изобилство на чудни и смешни настани: побегнал од клиника и се шетал низ Скопје, две алхохолизирани лица нападнале полоцајци и се снимале, се скарале за паркинг место, па го удрил со шише од парфем.... се обидовме и да ја разјасниме мистеријата, обратните фрази во македонскиот јазик. Честитавме неколку родендени и Ве испративме на работните места. Што пропушти...

Вторник, 6 Октомври 2020 06.10.2020

Send us Fan Mail Хигиената е половина здравје, па утринава се потсетуване на некои основни правила за лична хигиена. Тик Так со истражувачка сторија спонзорирана од некој институт открива каков се имот поседува Зорка, ама и слушателите не ни се за фрлање - ведаш ја наоѓаат мистериозната дејност на Тик Так и тоа во Африка! Во таблоидски стил - откриена мистеријата зошто жените се лутат!  Тик Так во...

Понделник, 5 Октомври 2020 05.10.2020

Send us Fan Mail Понеделникот и сивите облаци над Скопје,  не се доволни да го расипат нашето расположение. Го анализираме викендот, многу раскажуваниот концерт, испишаните казни за прекршоци во сообраќајот во Охрид и маратонот во главниот град.  Зорка е со супер идеа врзана за сообраќајните казни, а сака да конкурира и во НАСА за астронаут, смета дека има искуство во работата.  Тик Так објаснува...

Петок, 2 Октомври 2020 02.10.2020

Send us Fan Mail Шокантно петочно издание! Утринава се расонивме со информација дека Трамп е позитивен на корона. Продолживме со веста, дека цело Скопје е раскопано, а точно каде, преслушај па дознај. Каква е разликата помеѓу ШВАЉЕР, ЉУБОВНИК и СПОНЗОР? И зошто е страшно да бидат кујнските ножеви наострени? Не, не е тоа што мислиш, ќе дознаеш ако слушаш!

Четврток, 1 Октомври 2020 01.10.2020

Send us Fan Mail Првото Октомвриско утро  на Радио 2 го започнавме со разоткривањето на мистеријата- зошто се прави гужва низ Скопје, им посакавме среќна нова учебна година на учениците (малку повеќе на родителите). Ве прашавме како се викаат вашите автомобили, не нивната марка, туку нивното име- одговорите се урнебесни. Честитавме неколку родендени и Ве испративме на работното место. Што пропушти...

Понеделник, 28 Септември 2020 28.09.2020

Send us Fan Mail Понеделнички разрешаваме мистерија- Зошто биеното сирење не се вика "збиено", а тепаната (шарена) сол биена?    Што ќе купите за 30.000 денари во викендот без ДДВ? Кративните одговори ѕирнете ги на ФБ фан страната на Тик Так и Зорка, дел слушнете го во подкастот.  Роденден на двајца Александровци и  еден Горан. Како поминаа слушнете во денешното издание сумирано во 30 ми...

Четврток, 24 Септември 2020 24.09.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава пробуваа да го поразат тмурното расположение и последиците кои со себе ги донесе небото над Скопје.  Коментираме за сообраќајните прекршоци на нашите политичари и првите напишани казни во историјата против политичари од осамостојувањето на Македонија (или прв пат во 20 и кусур години). Битолцизми 5та сезона и битни факти за докторите кои играат игри во сло...

Среда, 23 Септември 2020 23.09.2020

Send us Fan Mail Среда среќен ден, Тик Так и Зорка ги коментираат новите предлог мерки за заштита од корона, со најава на нова дневна рубрика наскоро, ПМ10 честички од Октомври (за жал). Ја откриваме тајната позната како "шест минути" и што тоа значи. Тик Так се обидува да најде плоча од Шабан Шаулич, а Зорка има нов другар дома и минско поле. 

Вторник, 22 Септември 2020 22.09.2020

Send us Fan Mail Зорка е назад и комплетирани коментираме за вчерашниот случај што ја шокираше македонската јавност, а се случи во Струмица. Го замислуваме животот без социјални мрежи и најава за можно решение доколку се донесе одлука да нема Фејсбук и Инстаграм. Колку чини еден пост на инфлуенсери?  Од роедендените, Зорка бара формула за полесно учење на пајдушко, а Тик Так јадица за да улови пла...

Разговорна примена на зборот газ во Македонскиот јазик 21.09.2020

Send us Fan Mail Бидејќи деновиве е актуелна дискусијата околу тоа колку ни е сиромав или богат јазикот, со Зорка анализираме колку се значење има зборот газ во Македонскиот јазик.

Петок, 18 Септември 2020 18.09.2020

Send us Fan Mail Идеална должина на врска пред брак, анализа на Македонско народно творештво, хаос во ЈСП, Дизни принцези и еден куп актуелности во петочното издание. Плус, во роденденската честитка бараме Кинез да настапува како гимнастичар за Македонија на следните олимписки игри! Се што пропупшти сумирано во 30 минуту!

Четврток, 17 Септември 2020 17.09.2020

Send us Fan Mail Мајтапење со служби за итни случаи конечно резултира со кривчна пријава! Освен Нобеловите награди, постојат и ИГ Нобелови награди за изтражувања кои немаат никаква корист за општеството, ама некој решил да истражува. За да дозанете на што се се фрлаат мора да слушаш.  Дали Пара бери киселец, или киселецот е од сортата Парабери дискутираме со Кекел како интро за новата сезона Битол...

Среда, 16 Септември 2020 16.09.2020

Send us Fan Mail После неколку месеци секојдневен тренинг, конечно е решен проблемот со паркинг. Кој тргне да реновира, мора да има живци од челик, анализираме како претприемачи земаат по 5-6 проектни наеднаш. МВР со акција за контрола на сообраќајот, а ние ги дискутираме ефектите од вакви викенд акции. Додека Македонците бегаат од државава, таа станува плодна почва за нови доселеници, и тоа ориен...

Вторник, 15 Септември 2020 15.09.2020

Send us Fan Mail Почнуваме со вестите на денот додека Зорка доцни поради проблеми со законот. На барање на слушателите, детално елаборираме што се треба да се направи за да ајварот и зимницата може да се прават согласно сите законски процедури.  Соседките односи се секогаш предмет на дискусија, па денес дискутираме зошто се мрзиме со соседите.  Три родедени како јагода на шлакот. Се што пропушти у...

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.