Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Петок, 29 Јануари 29.01.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес со рецепт како да им сигналиризираш на гостите кога е време да си одат дома. Каква поврзаност има растот на брадата на мажот и неговиот сексуален живот? Се јавивме да бараме песок, но и совети по хортикултура! Како завршија обидите ќе дознаеш ако преслушаш се што сумиравме во 30 минути. 

Четврток, 28 Јануари 28.01.2021

Send us Fan Mail Колку зборови може да напише еден молив? А колку предмети може да собере една женска ташна? Дали постојат ролетни на акомулатор и како можат да направат каша попара повозрасните користејќи социјални мрежи? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 27 Јануари 2021 27.01.2021

Send us Fan Mail Зорка во костец со законот уште од рано наутро. Што се случи и како се заврши работата. Загрижени слушатели со предлог како да се подобри работата на некои контакт центри и центри за грижа за корисници, плус позитивен пример за тоа како граѓаните може да влијаат на решавање на некои урбани проблеми. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Вторник, 26 Јануари 26.01.2021

Send us Fan Mail Трпи бабо за убавина или каква се болка трпат жените со цел да се разубават. Дали знаевте дека потребни се 66 дена за една работа да ви стане навика?  Чив производ е нашиот карактер? Ја баравме и Тања од Прилеп да замениме малку носени панталони и еден куп други работи сумирано во 30 минути!

Понеделник, 25 јануари 25.01.2021

Send us Fan Mail Прашањето на денот е: КОГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ во новата врска  ДА СЕ ИСПУШТАТ ГАСОВИ пред партнерот/партнерката? Експертските мислења се поделени. Ги анализираме меѓу-соседските односи во урбани средини со блиски градби и решивме да менуваме клима кај Јасминка, ама не завршивме славно.  Што пропушти утринава, сумирано во триесетина минути!

Петок, 22 Јануари 22.01.2021

Send us Fan Mail Зборуваме за попис- попис во фрижидер, па ги попишавме роднините и пријателите, а раскажавме и неколку мотивирачки стории како за Петок. Зборувавме за убавината на рускиот јазик и искуствата на Тик Так во Русија. Новото "земи си маж министер" е земи си маж рудар. Дали сте ноќна или дневна птица и дали спиете со пижами или голи? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минут...

Четврок, 21 Јануари 2021 21.01.2021

Send us Fan Mail Како се препознава богаташ и како да направите брз тест за да откриете дали сте доволно богати?  Денес си играме доктори и откриваме која дијагноза ја има Тик Так според наведените симтоми.  Во Скопје украдени капаци на шахти, кој, зошто и како, одговорите ги има Тик Так. Зорка бара филм, гледан одамна и нафрла детали со цел да го откриеме.  Плус, за што се може да се користи евро...

Среда, 20 Јануари 2021 20.01.2021

Send us Fan Mail Првото шоу во новата година носи два родендена, анализа на корона ситуацијата, мудрости од Предраг и преглед на дејтањето на нашите баби и родители. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути! 

Екслкузивно интервју со Корона 20.01.2021

Send us Fan Mail На крајот на 2020, седнавме да направиме муабет со највлијателната личност на годинаита. Еве што таа имаше да каже. 

Четврток, 31 Декември 04.01.2021

Send us Fan Mail На крајот на годината, маратонско издание кое носи ексклузивно интервју со Короната, Битолцизми со Кекел, интервју со Скопскиот суперхерој Космонаутко и еден куп други интересни работи со кои ја одбележивме 2020. Се што пропушти на 31 Декември, сумирано во 70 минути!

Среда, 30 Декември 02.01.2021

Send us Fan Mail Предпоследната дружба во 2020 изобилуваше со прекрасни идеи. Како би изгледала пандемијата да се случеше пред 13 години и кои се позитивните нешта што ни ги донесе? Фотографии- временака машина, што открил Тик Так прелистувајќи ги семејните албуми? Баравме кошули за персонал за отварање хотел утре и најдовме лаборант за на врв планина за нов центар за здравје. Што пропуштивте, пре...

Вторник, 29 Декември 29.12.2020

Send us Fan Mail Како да кажеш НЕ или како да научиш да кажеш НЕ во животот? Што можеш да промениш кај себеси од 1ви Јануари? Зорка јавно одбиена за договорен брак, како решение на нов данок за немажени/неженети.  Дали ќе ја погодите гатанката? Што пропуштивте сумирано во 30 минути

Понеделник, 28 декември 28.12.2020

Send us Fan Mail Како се готват родендените? Јасен приказ на тоа како ги подгоувуваме родендените, чекор по чекор! Најава за големата журка на 31 Декември и понеделнички моменти. Екстра рааположени, неуспешно заврши еден обид да честитаме роденден,  а имавме и експертско јавување директно од Кавадарци. Што пропуштивте ви сумираме во 30 минути. 

Петок, 25 Декември 25.12.2020

Send us Fan Mail Која историска личност би сакал да бидеш ако можеш? Најмладиот и најстариот милионер во Македонија имаат 6 и 101 година, колку пари имаше Тик Так во каса на свои 6 години? Бизнис со картони и честитање роденден- бесплатна бизнис идеа за сите слушатели утринава.  Тик Так брои кикирики и фќстаци и бара нов сметководител.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Четврток, 24 Декември 24.12.2020

Send us Fan Mail Споделуваме со Вас мал прирачник, како да не им го расипете денот на оние кој паркираат на булевар! Се обидовме да направиме мини анкета за тоа колкави напори и нерви се потребни ако работиш во градинка. И тест за одредување кои се нашите приоритети во животот апоред дадена ситуација. Што пропуштивте, сумирано во 30 минути. 

Среда, 23 Декември 23.12.2020

Send us Fan Mail 7 дена до крај на првото полугодие од оваа учебна година. И родителите и децата во паника. Сикрет санта популарен и кај нас! Што да купиш и подариш на колегите? Кои се топ 10те професии кои привлекуваат психопати? Провери на кое место на листата сме ние, а на кое си ти! Што пропуштивте утринава,  сумирано во 30 минути. 

Вторник, 22 Декември 22.12.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка бараат мајстор да им ја декорира шољата, и скоро да најдоа еден таков. Дали ќе им се нафати? Зошто се кити баш елка за Нова година а не некое друго дрво или цвеќе? Она што го пропушти утринава, го сумираме во 30 минути. 

Понеделник, 21 Декември 21.12.2020

Send us Fan Mail На 10 дена до Нова година, ја откриваме мистеријата зошто одредени мажи поседуваат долги нокти на малото прсте. Кои се имињата на новите пингвини во ЗОО Скопје и кои се најпопуларни или имињата во изумирање и селективна употреба кај нас?  Роденденски контактираме колешка, а најавуваме и голема журка на радио следниот Петок. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Петок, 18 Декември 18.12.2020

Send us Fan Mail На тема развод, кои се најчестите причини за развод во Македонија и во светот? Како се опишуваат себеси возачите и колку се спремни да возат на дожд и снег? Тик Так си најде тезга за стенд ап во Прилеп, а Зорка го објасни начинот на кој проверува колку било ладно во текот на ноќта. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Четврток, 17 Декември 17.12.2020

Send us Fan Mail Скопје доби нови жители, моментално се во излоација за адаптација. Зошто гори инстаграм, откриваат Тик Так и Зорка. Каква врска има превртената чорапа или поголемиот втор ножен прст со твојата судбина? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 16 Декември 16.12.2020

Send us Fan Mail Сличности и разлики меѓу Кралствот Бутан и Неготино - да, и ние бевме вчудоневидени! На која возраст најчесто се случуваат неверствата? Дали знаевте дека пакетчињата од година на година варираат и имаат различно значење?  Кој е најнезаменливиот производ во домот? За крај, слушател со ексклузивни валкани приказни за Тик Так.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Вторник, 15 Декември 15.12.2020

Send us Fan Mail Мистеријата е откриена: кој се шесте најстрашни женски фрази и што тие навистина значат. Кои се највалканите предмети што секојдневно ги користиме? И зошто плачат бебињава? Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути. 

Понеделник, 14 Декември 14.12.2020

Send us Fan Mail Тик Так со одличен предлог игра за новогодишните празници, за целото семејство и сите сетила.  Дали знаете како е вистинакото име на Чак Норис? Денес дебатираме на тема ТЕРМО ПЕЧКА и враќаме спомени од минатото.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Петок, 11 Декември 2020 11.12.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка во потрага по бели гулаби, за потребите на еден преубав настан кој следи во иднина, но безуспешно. Тик Так има иљач против замрзнато ветробранако стакло, а Зорка е дотерана како за на црвен килим... или не е? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 10 Декември 10.12.2020

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава со важно известување за планираното патување на МАРС до 2024та. Изгледа, сепак нешто научиле од Колумбо. Нова песна посветена на Тик Так или можеби не? Отварање на подарок/пратка од верен слушател, и тоа на инфлуенсерски начин.  Колку ќе биде подобра или полоша 2021та? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.