Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Среда, 10 Март 2021 10.03.2021

Send us Fan Mail Среќна среда и нова "рубрика": Прашај ги Тик Так и Зорка што сакаш.  Кои се најкористените лаги во бракот? Тик Так со варијација на емисијата ако би морале да бидеме сериозни. Се јавивме да честитаме роденден ама дознавме како да препознаеш јајце со 2 жолчки? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Вторник, 9 Март 09.03.2021

Send us Fan Mail Зорка е отсутна денес, ама имам еден куп интересни родендени. Ако ги пропушти, клик на линкот!

Понеделник, 8 Март 08.03.2021

Send us Fan Mail Дискутираме за денот на жената и анализираме се што се случи викендов. Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути. 

Петок, 5 Март 2021 06.03.2021

Send us Fan Mail Зорка со аспирации да напише книга: "10 мин порано", Тик Так открива каков е животот во помалите места додека трае пандемијата.  Кафана после 10 и многу луѓе на една адреса, пренесуваат Тик Так и Зорка. И колку се мисли на здравјето на работното место? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 4 март 2021 04.03.2021

Send us Fan Mail Тик Так планира пат до месечината, за да создадеТикТаконија. Но тој има и нова професија, експерт е во важно животно поле. Што е потребно за да бидеш шеф? Или како се станува шеф кај нас? Што пропуштивте утринава преслушајте на линкот

Среда, 3 Март 2021 04.03.2021

Send us Fan Mail Денес дискутираме сметки за струја, имаме вишок родендени и правиме анализа на личноста врз основа на начинот на кој ги запишуваме имињата во телефонскиот именик.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 2 Март 2021 02.03.2021

Send us Fan Mail Која е најчуднатам а воедно и највкусна комбинација на храна  што сте ја пробале? Патување и спиење: каде и како најслатко се спие? Како Зорка успеа да го расположи Тик Так и  дали Тик Так ќе успее да си најде нов најверен другар?  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 1 Март 02.03.2021

Send us Fan Mail Која е тајната на вечната младост на Путин и Тик Так ? И дали бројот на чевли има некаква врска со возраста?  Апел до џепарошите и потресно искуство на еден слушател.  Тик Так се јави да ургира за еден добитен тикет.  Што пропуштивте утринава, сумнирано во 30 минути. 

Петок, 26 Февруари 26.02.2021

Send us Fan Mail Каков е животот во Македонија? Што се не штима во хорор филмовите и бајките за деца? Како работи моторната пила? И како воопшто дојдовме до темата моторна пила? Ќе дознаеш ако преслушаш што пропушти утринава сумирано во 30 минути. 

Четврток, 25 Февруари 25.02.2021

Send us Fan Mail Четврток полн со смеа, битолцизми полни со разоткривачки детали и навраќање на едни дамнешни спомени од детатвото. . Дознајте кој е најголем прилепчанец? Зорка со сценарио за филм посветен на вакцината, а Тик Так бара ќофтиња од градинка. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 24 Февруари 24.02.2021

Send us Fan Mail Какво значење имаат соништата во Вашиот живот? Видовитиот Тик Так толкува се она што сонувала Зорка. Неуспешниот обид да ја најдеме Жане од кадрово заврши како успешна честитка за роденден. Тик Так со дефиниција за успешен работник- како до плата секој 1ви со малку напор. Имавме можност да го чуеме најмладиот слушател на Тик Так и Зорка. Се што пропушти, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 23 Февруари 23.02.2021

Send us Fan Mail Сте пробале да читате македонска народна песна поетски? Ние пробавме! Резултатот воодушевувачки! Ќе се најде ли уличка достојна да го носи името на Тик Так и Зорка? И чии имиња се на листата за преименување на улиците? Што пропуштивте утринава преслушајте овде

Понеделник, 22 Февруари 22.02.2021

Send us Fan Mail Зошто се скараа Тик Так и Зорка и зошто го немаше на програма 3 дена? Мистеријата разрешена, секирите закопани. Кој е совршениот подарок за 8ми Март? Што налагаат новите предлог протоколи за свадби? Од родендените издвојуваме Германска хаику поезија. Што пропуштивте утринава, ви сумираме во 30 минути. 

Вторник, 16 Февруари 17.02.2021

Send us Fan Mail Денес решаваме 2 мистерии: што е тоа навртка и заблудата околу храната која произведува сексуална енергија. Што е првото нешто што би го направиле Тик Так и Зорка ако утре нема корона? Негативни температури низ Македонија и позитивно расположение на радио.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 15 Февруари 2021 15.02.2021

Send us Fan Mail Денеска користевме еден од древните методи за утврдување на точната температура, дискутуравме за намалениот број бракови и зголемениот број разводи и анализравме каков тип на личност треба да си за да по дома имаш снежно бели килими.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Петок, 12 Февруари 12.02.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес со тема за вечните почивалишта и нивното планирање, Да, умирачката е составен дел од животот, ама колку навистина некој мисли на тоа? Од родендените, Зорка бараше мозаик фасада со слика на Тито, додека Тик Так се нудеше за помош на завршна сметка.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Четврток, 11 Февруари 11.02.2021

Send us Fan Mail Која е дефиницијата на руска шишка и зошто не можеме да хмкаме со затворен нос? Тик Так во продажба на сол, а и во улога на загрижен родител. Што пропуштивте утринава сумирано во 30 минути!

Среда, 10 Февруари 10.02.2021

Send us Fan Mail Зорка денес го изложи своето истражување на тема "Жени во сообраќај" чија срцевина лежи во тоа како реагираат мажите на различни жени од спротивната страна. Дали и колку си дозволуваме да реагираме на рандом луѓе со непотребно изнесување на став. Што според Тик Так е богатство после 50тата година и зошто на Зорка и е забранет еден ТВ канал?  Што пропушти утринава, сумира...

Вторник, 9 Февруари 09.02.2021

Send us Fan Mail Колку модерните апарати ни го променија животот?  Дали ни помагаат да функционираме беспрекорно или не контролираат?  Дали ја знаете приказната за бројот 7 и зошто некои луѓе го пишуваат со цртка_  Денес честитавме роденден на браќата близнаци, баравме бејби пинк очила и бевме пратени од мафијата да се јавиме кај Марија.  Што пропушти, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 8 Февруари 08.02.2021

Send us Fan Mail Дали би отишле на одмор 7 дена, се платено, ако условот е  да не смеете да носите мобилен телефон и камера? Со колку реклами во текот на денот се соочува просечен човек? И зошто Зорка доби понуда за работа како копач? Што пропушти утринава сумирано во 30 минути!

Петок, 5 фебруари 05.02.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка петочки Ви ги откриваат мистериите и Ве снабдуваат со идеи како да го преживеете седењето во тоалетот без мобилен телефон. Баравме пица мајстор кој би работел на ролшуи и кувар за приватни часови на млади домаќинки.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Четврток, 4 Фебруари 04.02.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава на тема сообраќај и редовни контроли. Кој се најфинансиски исплатливи раскрсници во Скопје и дали сте имале искуство со ротација да Ве брка полиција? Погодете кој имал такво искуство! Кој се може да биде лидер и како? И во што е Зорка лидер, а во што Тик Так? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 3 Фебруари 2021 03.02.2021

Send us Fan Mail  Која е дефиницијата за среќен брак? И која е причината за ќелавост? Потресно сведоштво од слушатели на секоја од темите, плус два интересни родендени и пренос во живо од тоа како Зорка се спрема за една потенцијала апокалиспа. Што пропуштивте сумирано во 30 минути!

Вторник, 2 Февруари 02.02.2021

Send us Fan Mail Патешествието на Зорка и водич како најбрзо да привлечеш внимание и погледи од околината. Тетка Наде ја откри тајната за совршеност во улога свекрва, а ќе дознаете и како се проценува тутун. Денес бараме супер излетнички места за Скопскиот викенд, а Тик Так ја пренесува сторијата за кривично дело- суви сливи. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Понеделник, 1 Февруари 01.02.2021

Send us Fan Mail Зошто Понеделнички никој не е расположен и како да го промениме тоа? Зорка има патешествие по групи за помош на Фејсбук кое заврушва позитивно!  Денес славиме 1 година Тик Так и Зорка и немаме никакви изнедадување.  Што пропушти, сумирано во 30 минути на линкот подолу!

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.