Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Петок, 16 Април 16.04.2021

Send us Fan Mail Што содржи просечна балканска (македонска) куќа? На тема слава и сервиси за јадење, дали се сеќавате на Славаските протоколи? Дали купувањето златник за новороденчиња може да се замени со купување на криптовалути? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 15 Април 16.04.2021

Send us Fan Mail ТикТак и Зорка, во недостиг на кафани и дружба, се потсетуваат на тема "келнери"- што е потребно за еден келнер да биде добар келнер и со кои имиња им се обраќате на келнерите? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Среда, 14 Април 14.04.2021

Send us Fan Mail Зошто Швајцарците закопуваат гаќи и каква е поврзаноста со машкиот карактер и видот на гаќите кои тие ги носат? Кои три намирници имаат ист вкус ако се јадат со затнат нос? Ова  се само дел од работите кои го обележаа денот. Се што пропушти утринава., сумирано во 30 минути. 

Вторник, 13 Април 13.04.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес решаваат мистерии на тема: Колку начини постојат за да се одговори прашањето "Како си?" И кој е најчестиот? Дали го знаете сметањето на деновите според календарот на Тик Так? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 12 Април 12.04.2021

Send us Fan Mail Утринава дознавате чии маж прави мекици, додека жената ужива во мајчинството. Кои се најинтересните правила во бонтон и дали жената оди од лево или од десно на мажот? Колку ги чинеше пикникот во Дојран слушатели од Штип? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 8 Април 09.04.2021

Send us Fan Mail Тик Таки Зорка утринава на тема: "Зошто жените молчат?" И кои бабини совети (не)треба да ги послушате доколку сакате долг и успешен брак? Дали снегот ги изненади повторно македонија пат? Во Скопје сонце, кон Охрид снег! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Среда, 8 Април 07.04.2021

Send us Fan Mail Детска пошта, миризливи пликца и сликички... се навраќаме наназад низ времето, аобиравте ли и Вие? Како кинезите го решиле крадењето на тоалетна хартија во јавните тоалети? И колку е тешко/лесно да звучиш секси на некој од македонските дијалекти?  Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 6 Април 07.04.2021

Send us Fan Mail Што е тоа "сивосекусалност" и "алосексусалност"? Уште рано изутрина решаваме животни мистерии! Зошто Путин е избран за најМАЖ во Русија 10-та година по ред на скоро свои 70 години? Тик Так и Зорка изненадени од повикот на бивш пациент во 8ми Септември. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 5 Април 05.04.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ја разоткриваат мистеријата и симптомите, на состојбата наречена "урок". По кои принципи и правила се водат пензионерите при избирање на леб, наутро? И како се постапува при контакт со лице со титула ДИРЕКТОР? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Четврток, 1 Април 01.04.2021

Send us Fan Mail Априлилили на Радио 2. Тик Так и Зорка го стартуваат новиот месес со досетки за сообраќајот, а бидејќи се шегобојци во текот на целата година, денес решија да бидат сериозни... ама не им успеа! Битолцизми и дешифрирање на дел од најкористените зборови во Битола. Што пропуштивте, сумирано во 30 минути. 

Среда, 31 Март 31.03.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ве враќаат  во 80тите на тема патувањата со тогаш популарните и највозени автомобили во Југославија. Кој што возеше и на што се сеќавате? Каква е историјата на популарното возило Лада и на Југото? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 30 Март 30.03.2021

Send us Fan Mail Што се би откриле археолозите во 2185та околу фонтаната на плоштад? Што докторите би можеле да научат од ветеринарите и како птиците и бракот се поврзани? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 29 март 29.03.2021

Send us Fan Mail На Тик Так и Зорка, Понеделник им се падна во Недела. Дознајте како изгледа новата предлог маска против Ковид 19 измислена од научник од Мексико. Каде избегаа Македонците овој викенд и каква е таа весела математика со која се послужија нашите? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 26 март 26.03.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава Ви ја откриваат мистеријата и тајната на имињата. На тема имиња, кои се новите имиња на улиците? Кратко роденденски разговаравме со инспитативна 80 годишна госпоѓа која ни го разубави денот. Каква врска има загадувањето со машкоста? Што пропуштивте утринава,сумирано во 30 минути. 

Четврток, 25 март 25.03.2021

Send us Fan Mail Дали спиеш со спуштена ролетна и 100 snooze аларми? Кои се најважните 90 минути од ноќта? Како со апликација за мобилен телефон да пресметаш колку тоалет хартија ти треба? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 24 Март 24.03.2021

Send us Fan Mail Да или не за кафе со бившата/бившиот? Колку е паметна идеата и колку е реално она што на муабет изгледа лесно? Мноооогу јавувања и спротиставени размислувања. Дали е лесно да си возач на брза помош открива нашиот роденденец. Што пропуштивте преслушајте овде

Вторник, 23 Март 23.03.2021

Send us Fan Mail Зошто аплаудираме кога слетува авионот? Измисливме нови, Македонски, хороскопски знаци. Што сакаат да бидат кога ќе пораснат денешниве деца и колку тоа е променето од наше време? Одговори на сите овие прашања ќе најдеш овде, во вторничкото издание на Тик Так и Зорка

Понеделник, 22 Март 22.03.2021

Send us Fan Mail Првиот и вториот ден на пролетта ги одбележи снег. Контрадикторни информации за состојбата на патиштата од различни краеви на земјата. Дали постои човек кој успеал да стави чамци на возило? Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 19 Март 19.03.2021

Send us Fan Mail Милион родендени и уште толку молби, слободен термин ни за лек - некои веќе почнаа да не споредуваат со болница.  Брз и забавен Петок под палката на Тик Так и Зорка.  Жестока дискусуја на тема семеен буџет. Фејсбук со нов систем за наплата и рестрикција до 50 коментари на ден- како тоа ја погоди нашата роденденка. Што пропуштивте, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 18 Март 18.03.2021

Send us Fan Mail Која е формулата за среќен брак и како истата се применува врз семејниот буџет? Која е најдолгата автобуска линија во Скопје? И кој го сруши гинисовиот рекорд за најдолг корен за заб? Зошто Тик Так не е поканет во село Царево на пијанка? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 17 Март 17.03.2021

Send us Fan Mail Тик Так во 5та, а Зорка во 2ра брзина утринава- дознај зошто! Дали навистина ако жените имаат власт ќе имаме свет без војна? И кој е новиот начин на лечење, попознат како "ТикТак звучен метод"? Какви суеверија имаат Ирците? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 16 Март 17.03.2021

Send us Fan Mail Колку е важен појасот во автомобилот? И како проценуваме дали времето минува споро илу брзо. Колку може да трае 1 час? Преместуваме вработени, честитајќи роденден и активираме временска машина. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 15 Март 15.03.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава полемизираа за уредноста и хигиената на брадите кај мажите. Дали да се има или да се нема брада? Прашање е сега! Зошто Скопје ќе мириса на путер? И дали може да се роди љубов на вакцинација? Што пропуштивте, сумирано во 30 минути. 

Петок, 12 Март 2021 12.03.2021

Send us Fan Mail Која е финтата на супермаркетите, влегуваш за 2 производи, излегуваш со 20? Бараме локација за реклама за пелени и заштитно лице за нови патики што ги дизајнираше Тик Так. Која е сличноста меѓу Аладин и македонскиот политичар? Што пропуштивте утринава сумирано во 30 минути. 

Четврток, 11 Март 11.03.2021

Send us Fan Mail Денес се запрашавме зошто нема да се омажите/ожените ако седите на ќош на масата? Зошто повеќе нема реални шоуа со македонска продукција. Зорка има идеа за едно такво кај нас. Баравме машки чевли бр 39 и женаки 44ка. Што пропуштивте утринава сумирано во 30 минути. 

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.