SBS

SBS Macedonian - СБС Македонски

News MK ↓ 1789 episodes

Independent news and stories from SBS Audio, connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians. - Независни вести и приказни што ве поврзуваат со животот во Австралија и Австралијците кои го зборуваат македонскиот јазик

Be sure to visit the podcast's website and support the creator: www.sbs.com.au

Author

SBS

Category

News

Podcast website

www.sbs.com.au

Latest episode

Oct 6, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android almost 10M downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Спортско натпреварување кое дозволува допинг за спортистите ќе започне во 2026 година 28.05.2025

Со децении, зборот дрога, ce сметал за валкан збор во спортот, но ново натпреварување се обидува да го промени тоа. Така наречените “Enhanced Games” треба да започнат во Лас Вегас следната година, а на натпреварувачите ќе им биде дозволено да земаат дрога (допинг) за подобрување на физичките перформанси.

Три австралиски држави погодени од зголемените цени на електричната енергија 28.05.2025

Жителите во некои австралиски држави се соочуваат со потенцијално зголемување на нивните годишни сметки за електрична енергија од 1 јули. Жителите на Квинсленд, Нов Јужен Велс и Јужна Австралија веројатно ќе видат зголемување од три до 10 проценти на нивните годишни сметки - токму кога ќе дојде зимата.

Ментално здравствените состојби, аутизам и дефицит на внимание-хиперактивност, треба да се третираат одделно 28.05.2025

Социјалните медиуми ги преобликуваат границите помеѓу аутизмот и дефицитот на внимание/хиперактивноста (ADHD), според ново истражување на Универзитетот на Мелбурн. Откриено е дека сè поголем број луѓе од онлајн групи на двете ментални здравствени состојби идентификуваат дека имаат и ADHD и аутизам.

Вести на СБС на македонски 28 мај 2025 28.05.2025

Вести на СБС на македонски 28 мај 2025

Кои се украдените генерации? 26.05.2025

Австралија има темно поглавје од историјата за кое многумина сè уште учат. По европското населување, децата на Абориџините и островите Торес Стрејт биле одземени од своите семејства и принудени да се вселат во не-домородно општество. Траумата и злоупотребата што ја доживеале оставиле длабоки лузни, а болката сè уште одекнува низ генерациите. Но, заедниците создаваат позитивни промени. Денес овие л...

Државниот парламент одобри закон за подобар пристап до абортус во регионалнитe предели на Нов Јужен Велс 26.05.2025

На 16ти Мај, нацрт-закон за подобрување на пристапот до абортуси во регионалните предели на Нов Јужен Велс беше одобрен во државниот парламент, во услови на жестока дебата. Законодавството - поднесено од пратеничката на Зелените, Аманда Кон - беше воведено по откритието дека на жена ѝ било одбиено да направи абортус на денот на нејзината планирана процедура во болница во Квинбијан во август 2024 г...

Националната партија ги отфрла шпекулациите за промена на лидерството 26.05.2025

Наспроти хаотичната недела и забележителната поделба во коалицијата, Националната партија ги отфрла шпекулациите за промени во лидерските позиции.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 26 мај 2025 26.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 26 мај 2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 23 мај 2025 23.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 23 мај 2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 22 мај 2025 22.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 22 мај 2025

Sijka Eminagova - election scrutineering kept her close to where the action was 22.05.2025

Сијка Еминагова направила многу работи во животот, а задачата како изборен надѕорник штотуку ja додаде на списокот.

Aнонимната група што ги таргетира колонијалните статуи на Австралија 22.05.2025

Јавните статуи што ги слават лидерите од колонијалното минато на земјата, станаа фокус на негативно внимание, критика или вина, дури и кога тие можеби не се примарна причина за проблемот или ситуацијата. Една група мисли дека го има одговорот. SBS The Feed разговара со анонимна група од Мелбурн чија цел се колонијалните статуи – групата ги соборува ги крши или ги обезличува.

Како генска терапија по нарачка може да го спаси животот на едно бебе 22.05.2025

Бебе родено со ретка, опасна по живот генетска болест сега напредува откако доби експериментален третман за уредување на гени.

Албанезе се сретна со светските лидери на маргините на инаугуративната миса на Папата 22.05.2025

Светските лидери кои присуствуваа на инаугуративната миса на папата Лeo XIV го искористија максимално собирот во Ватикан, користејќи ја можноста за разговори во Рим.

Како да се спречи заплеткувањето на миграторните китови во рибарската опрема 22.05.2025

За време на сезоната на миграција илјадници китови минуваат покрај источниот брег на Австралија додека се упатуваат кон потоплите води, пред да се вратат на Антарктикот. Но, додека патуваат, тие ризикуваат да се замрсат во рибарска опрема. Vо тек се напори да се отстранат овие пречки.

Харвард открива дека "копијата“ на Магна Карта е всушност оригинал 22.05.2025

Двајца британски истражувачи се подготвуваат да патуваат во САД за да ја видат Магна Карта што ја држи Универзитетот Харвард, откако откриле дека станува збор за автентична оригинална верзија на документот.

Федералната коалиција се распадна - зошто и што значи тоа 22.05.2025

Коалицијата, составена од Либералната и Националната партија, се распадна - жртва на сопствениот убедлив изборен пораз на 3 мај. Партнерство кое траеше повеќе од осумдесет години - повеќе не постои.

Вести на СБС на македонски 21 мај 2025 21.05.2025

Вести на СБС на македонски 21 мај 2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 21 Мај 2025 21.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 21 Мај 2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 19 мај 2025 19.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 19 мај 2025

Објавени позициите во кабинетот: Кој влегува, а кој заминува 19.05.2025

По федералните избори, премиерот Антони Албанезе го објави својот нов кабинет со некои неочекувани измени во министерскиот состав.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 мај 2025 15.05.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 мај 2025

Марио има 93 години и живее со рак на простата веќе 30 години. Тој го припишува тоа на раното тестирање. 14.05.2025

Ракот на простата е најчесто дијагностициран рак кај австралиските мажи и, доколку се дијагностицира рано, релативно лесно се лекува.

Евровизија започнува: но демонстрантите пеат друга песна 14.05.2025

Евровизија 2025 е во тек во швајцарскиот град Базел каде двете полуфиналиња на натпреварот ќе се одржат во вторник и четврток 13 и 15 мај, а големото финале оваа сабота 17 мај.

Еколошкиот отпечаток на вештачката интелигенција 14.05.2025

Зголемената популарност на генеративната вештачка интелигенција се соочува со растечкa загриженост за нејзиниот еколошки отпечаток. Клучот за технологијата е компјутерската моќ од центрите за податоци кои бараат огромни количини вода и енергија.

Listen to the SBS Macedonian - СБС Македонски podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.