SBS

SBS Macedonian - СБС Македонски

News MK ↓ 1525 episodes

Independent news and stories from SBS Audio, connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians. - Независни вести и приказни што ве поврзуваат со животот во Австралија и Австралијците кои го зборуваат македонскиот јазик

Author

SBS

Category

News

Podcast website

www.sbs.com.au

Latest episode

Jul 11, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

MЕЃУ ДВЕ КУЛТУРИ: Можат ли да се споредат македонското и австралиското здравство? 26.09.2025

Сферата на здравството е еден од аспектите во кои Македонија и Австралија значително се разликуваат . Во оваа епизода зборуваме за добрите и лошите искуства од двата система.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 25 септември 2025 25.09.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 25 септември 2025

Првиот македонски долгометражен анимиран филм доаѓа во Австралија 25.09.2025

Филмот на Гоце Цветановски, „Јон Вардар против галаксијата“, ќе биде прикажан на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика, што ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2025 во Сиднеј. Филмот е во трка за наградата „Рон Коб“ за најдобар игран филм.

Џон Санти ги погребува останките на својот брат кои биле изложени во музеј без негова согласност 24.09.2025

Коронијална истрага започната во Тасманија во 2016 година откри дека Универзитетот на Тасманија отстранил и чувал човечки останки без согласност или одобрение. Истрагата покренува пошироки прашања за колекциите човечки останки на други универзитети и музеи во Австралија и каква обврска имаат овие институции да го идентификуваат потеклото на останките.

Лекување на земјата и духот преку знаењето на народот Нунгар и регенеративното управување со земјиштето 24.09.2025

Во пченичниот појас на Западна Австралија, регион долго обликуван од индустриски земјоделски практики, се вкоренува нов модел на регенеративно земјоделство. На фармата Yaraguia pripadnikot na narodot Балардонг Нунгар, Орал Мекгваер, ја лекува земјата, повторно поврзувајќи го знаењето на Првите Нации за грижа за земјата со модерно управување со земјиштето за да ги обнови екосистемите и да произведе...

Глобалниот недостиг значи високи цени за љубителите на мача 24.09.2025

Глобалните цени на мача растат поради лошото време во Јапонија, зголемената глобална побарувачка, недостигот на работна сила и високите американски царини за увоз од Јапонија и Кина.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 24 септември 2025 24.09.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 24 септември 2025

Вести на СБС на македонски 24 септември 2025 24.09.2025

Вести на СБС на македонски 24 септември 2025

Understand Aboriginal land rights in Australia - Што значи право на земјиште за домородните народи? 23.09.2025

You may hear the protest chant, “what do we want? Land rights!” —but what does it really mean? Land is at the heart of Aboriginal and Torres Strait Islander identity, culture, and wellbeing. Known as “Country,” it includes land, waterways, skies, and all living things. In this episode of Australia Explained, we explore Indigenous land rights—what they involve, which land is covered, who can make c...

Што е Генералното собрание на ОН и колку е моќно? 23.09.2025

Светските лидери се собираат во Њујорк за годишното Генерално собрание. Генералниот секретар Антонио Гутереш ги истакна мирот, климата, одговорните иновации, родовата еднаквост, финансирањето на развојот и реформите на ОН како централни теми на неделата. Но, неделата на високо ниво на Генералното Собрание, исто така, ја одбележува 80-годишнината од основањето на Обединетите Нации.

Отстранување на кондом за време на секс без знаење или согласност од партнерот е кривично дело 23.09.2025

‘Stealthing’, или, отстранување на кондом за време на секс без знаење или согласност од партнерот, во последниве години стана кривично дело во речиси сите делови на Австралија. Но, експертите велат дека многумина сèуште не сфаќаат што всушност е ‘Stealthing’, и опасностите што тоа ги претставува.

Заедница: Боб Велински - Радиото ми го продолжи животот 22.09.2025

Ветеранот радио-водител Боб Велински, кој со децении доброволно и несебично ја подарува својата љубов кон етерот и во деветтата деценија од животот останува неисцрпен извор на радост за слушателите, воодушевувајќи ги со музиката и приказните што ги раскажува со душа.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 22 септември 2025 22.09.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 22 септември 2025

Извештај од Македонија 19 септември 2025 19.09.2025

Извештај од Македонија 19 септември 2025

Преглед на неделните вести на СБС 19 септември 2025 19.09.2025

Вести на СБС на македонски 19 септември 2025

Длабоките поделби се продлабочуваат во рамките на Коалицијата под притисок од климатските промени 18.09.2025

Либералниот сенатор Џонатан Данјам предупреди дека Коалицијата ќе се соочи со “масовен егзодус“ од првите редови на кабинетот ако усвои политика на нето нула емисии без ограничувања, ставајќи ѝ на лидерката на опозицијата Сузан Лиј нов тест за ставот на партијата за климатските акции.

Мислењата се поделени за тоа како да гo спасиме нашиот драгоцен планински еукалипт 18.09.2025

Ново истражување покажа дека австралиските шуми кои се изложени на топлина брзо се проретчуваат, па дури и би можеле да произведуваат емисии на јаглерод. Но, локалните истражувачи, политичарите и групите за земјиште на традиционалните сопственици остануваат поделени околу тоа како да се заштити шумата.

Вести на СБС на македонски 18 септември 2025 18.09.2025

Вести на СБС на македонски 18 септември 2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 17 септември 2025 17.09.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 17 септември 2025

Вести на СБС на македонски 17 септември 2025 17.09.2025

Вести на СБС на македонски 17 септември 2025

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на затворска казна 16.09.2025

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е осуден на затвор откако беше осуден за заговор за државен удар за да остане на власт, по поразот на изборите во 2022 година. Г-дин Болсонаро, кој негираше какво било кривично дело, не присуствуваше на судењето. Тој е првиот поранешен претседател во историјата на земјата осуден за напад врз демократијата.

Тешко вооружен и во бегство - што знаеме за Дези Фримен и суверените граѓани 16.09.2025

Во тек e голема потера по човекот осомничен за убиството на двајца полицајци и трет полицаец кој што тој го ранил, откако отворил оган врз нив за време на налог за претрес. 56-годишниот осомничен, Дези Фримен, бил познат по своите верувања што се во согласност со така нареченото движење на суверени граѓани 'sovereign citizens'.

Нов извештај покажува дека исламофобијата е "сеприсутна“ во Австралија 16.09.2025

Се упатуваат проминентни повици до федералната влада да ги усвои ново воведените препораки, по извештајот на претставникот назначен од владата за борба против исламофобијата. Ова следи по податоците од Регистарот за Исламофобија на Австралија, кои откриваат зголемување од 530 проценти на инцидентите од 7 октомври 2023 година.

"Климатска бомба“- Зошто конечното одобрение за гасна централа ги загрижува домородните групи и екологистите 16.09.2025

Федералната влада даде конечно одобрение за проектот за гас Woodside North West Shelf со низа услови. Одобрувањето доаѓа пред објавувањето на целта за намалување на емисиите до 2035 година од страна на лабуристичката влада на Албанезе, и откако Австралија ја нагласи својата посветеност на справувањето со климатските промени пред лидерите во Тихоокеанскиот регион.

Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2025 15.09.2025

Програмата на СБС на македонски емитувана на 15 септември 2025

Listen to the SBS Macedonian - СБС Македонски podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.