Marina Urdinov und Pance Causevski
Петочно во Германија - со Марина и Панче
Единствениот подкаст за Македонци во Германија
Author
Marina Urdinov und Pance Causevski
Category
Podcast website
Latest episode
Jul 10, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
16. Хоби во Германија: Што да се прави во слободно време? 07.06.2024 48:55
Во оваа епизода на нашиот подкаст, ќе се фокусираме на различните хобија и активности што можат да се прават во Германија за време на слободното време. Ќе зборуваме за учество во клубови, здруженија и волонтерски организации и за тоа како овие активности можат да помогнат во запознавање нови луѓе и создавање нови пријателства. Зборуваме и за концепти, пристапност и понуда на различни курсеви. Ужив...
15. Chancenkarte 2024: Шанса или илузија? 31.05.2024 53:22
Од први јуни стапува на сила промена во законот за странци, кој овозможува виза за барање на работа во Германија базиран на основни услови и систем на поени (Chancenkarte). Зборуваме за условите, процесот на апликација и можностите кои ги отвора. Дискутираме за тоа дали е оправдана еуфоријата поврзана со неа, дали има потенцијал да успее и дали ќе ја исполни својата цел- да го намали недостатокот...
14. Свадбени обичаи во Германија 24.05.2024 54:24
Денес слушате како се слави свадба во Германија, кои се најчестите обичаи, што се случува во матично и во црква-и каде повесело се слави :)
13. Избор на Европски парламент 17.05.2024 45:26
Во денешната епизода слушате што и како се бира, кој се кандидира, како се одвиваат избори во Германија и други поврзани теми. Ако имате право на глас или ако едноставно ве интересираат претстојните избори во ЕУ слушнете тука, на вашиот омилен подкаст :) Барање за внес во избирачки список Wahl-O-Mat
12. Празници и неработни денови во Германија 10.05.2024 30:28
Во оваа епизода збориме за државни и религиозни празници во Германија, посебни празници во покраините, која покраина има најмногу неработни денови и како да искористиме најмногу слободни денови околу празници
11. Каде на одмор ова лето? 26.04.2024 1:02:57
Каде одиме на одмор кога не одиме во Македонија, каде најчесто патуваат Германците, каде и кога да букираме, препораки, искуства - за тоа и сè друго поврзано со летен одмор слушате во денешната епизода на Петочно во Германија :)
10. Како патуваме до Македонија (и назад) и што да направиме при задоцнет или откажан лет? 19.04.2024 56:41
Како патуваме до Македонија и назад, кои проблеми можат да настанат при летови и како може да направите повраток на пари при задоцнет или откажан лет-слушнете во последната епизода на Петочно во Германија :) Линк до агенцијата, која е спомната во епизодата https://soep-online.de/
9. Т'га за југ: Дали сме носталгични во Германија? 12.04.2024 33:51
Си муабетиме за носталгија, како и дали ја чувствуваме, што ни помага во справување со неа. Сподели со нас како размислуваш на оваа тема и дали те фаќа носталгија, посебно сега пред празници :)
8. Барање стан во Германија: На што да се обрати внимание? 05.04.2024 56:43
Што е важно кога се бара стан во Германија, како се бара стан, кирија, комуналии, сметки, струја-ако те интересира оваа тема и деталите околу неа, слушни ја оваа епизода.
7. Велики петок во Германија: Како се слави Велигден тука? 29.03.2024 44:11
Слушнете како се слави Велигден во Германија, кои обичаи и традиции се слични со нашите, а кои различни. Уживајте во слободниот ден и слушајте не и понатака секој петок :)
6. Што е потребно за успешна интеграција во Германија? 22.03.2024 57:50
Во оваа епизода разговараме за интеграцијата во Германија и што е потребно за успешна интеграција. Се фокусираме на различните аспекти и на тоа како нашите можат да си го олеснат процесот на интеграција
5. Што има ново во законот за странци во 2024? 15.03.2024 39:53
Во денешната епизода ќе се посветиме на една од најактуелните теми во Германија - новите промени во законот за странци. Но, зошто ова е важно за нас, Македонците? Ќе истражиме разни аспекти од законот и како неговите промени можат да влијаат на нас. Во законот за странци има многу нови промени, но во оваа епизода ќе се фокусираме само на неколку од најзначајните аспекти. Останете со нас за интерес...
4. Осмомартовска мотивација за сите жени: Како до исполнет живот далеку од дома? 08.03.2024 1:11:49
Разговараме со две прекрасни дами, трансформациски coach и водич во мајчинство и постпородилен период за различните предизвици со кои се соочуваат жените, постпородилна депресија, разлики во културата меѓу Германија и Македонија и други интересни теми. Преку нивните лични инспиративни приказни мотивираат за интегрирање на сите совети кои ги споделија во епизодата. Запознај ја Маја тука https://m...
3. За македонцките пасоши 01.03.2024 26:43
Во оваа епизода зборуваме за тоа како актуелната ситуација со пасошите може да влијае при влез и престој во Германија Линк до ФБ Група https://www.facebook.com/groups/391363226770182
2. Данке, Боро Мирчески! 23.02.2024 1:23:40
Во оваа епизода на гости ни е македонскиот конзул во Бон, Германија Боро Мирчески, разговараме со него (и со неколку други гости :) за неговиот живот пред доаѓањето во Германија, неговата фитнес трансформација, неговото мислење за Германија, идни планови и други интересни теми. Линк до профилот на фитнес-тренерот на Боро https://www.instagram.com/icebbf/
Similar podcasts
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.