Marina Urdinov und Pance Causevski
Петочно во Германија - со Марина и Панче
Единствениот подкаст за Македонци во Германија
Author
Marina Urdinov und Pance Causevski
Category
Podcast website
Latest episode
Jul 10, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Роденденска реприза – се враќаме на почетокот! 🎉 1. Кои сме, што сме, зошто подкаст за Македонци во Германија 14.02.2025 14:14
Денес славиме роденден! 🎉 Помина една година од кога ја објавивме нашата прва епизода, па решивме да се навратиме на самиот почеток. Ова е совршена прилика повторно да ја слушнеме нашата прва приказна, да се потсетиме од каде почнавме и како сè се развиваше. Ако си со нас од почетокот – фала ти за поддршката! Ако си нов/a слушател/ka – уживај во ова патување низ времето со нашата прва епизода. Се...
40. Разговор со Андреј од DNK – Се гледаме на 15-ти во Хилден! 07.02.2025 58:38
Оваа недела ни гостува Андреј од DNK, кој ни открива детали за претстојниот концерт на 15-ти февруари во Хилден заедно со Андријана Јаневска! Разговараме за патот на DNK во македонската музичка сцена, нивните хитови кои обединуваат генерации, инспирацијата зад песните и она што публиката може да го очекува на овој незаборавен настап. 🎶 Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Маке...
39. Музика, традиција и инспирација со Андријана Јаневска 31.01.2025 59:28
Во оваа епизода, повторно посебна и прекрасна гостинка :) Разговараме со Андријана Јаневска за нејзината музичка кариера, подготовките за настапи и значењето на македонската музика во Германија. Андријана споделува лични искуства од концертите, важноста на образованието во музиката и нејзините проекти за деца. Исто така, зборува за зачувувањето на македонските народни песни, хуманитарните настани...
38. „Next Time“ на турнеја во Германија-и на гости во "Петочно во Германија" 24.01.2025 59:35
Во оваа епизода на нашиот подкаст со гордост го најавуваме специјалниот гостин – Стефан, еден од членовите на познатиот македонски бенд Next Time. Овој разговор ќе нè однесе зад сцената на нивната претстојна турнеја во Германија, каде што ќе зборуваме за тоа како нивната музика го освојува интернационалниот простор. Стефан ќе ни раскаже инспиративни приказни од нивната кариера, почнувајќи од првит...
37. Апликација за работно место - CV 17.01.2025 38:42
Денес збориме за аплицирање на работно место во Германија и на што да се обрати внимание при пишување на CV. Освен тоа, ги најавуваме претстојните македонски настани во Германија :)
36. Мотивација за работа во Македонија и Германија 10.01.2025 39:37
Во првата епизода за оваа година зборуваме за мотивација, посебно на работно место, и споредуваме актуелни статистики на оваа тема од Македонија и Германија. Ако сакате, споделете во коментари колку сте мотивирани за работа и како се мотивирате :)
35. Божиќ и Нова година: Традиции и прослави во Германија 20.12.2024 49:38
Во последната епизода за оваа година правиме ретроспектива на годината што помина. Се потсетуваме на сите епизоди од изминатата година, ги спомнуваме нашите гости и им се заблагодаруваме за нивниот придонес. Понатаму, зборуваме за Божиќ во Германија, традициите, обичаите и како се прославува овој празник. Исто така, ги споделуваме плановите и очекувањата за Новата година. Уживајте во оваа празничн...
34. Систематски прегледи за возрасни во Германија 13.12.2024 56:19
Во оваа епизода зборуваме за систематските прегледи достапни во Германија и нивното значење за одржување на здравјето. Ќе дознаете кои прегледи се покриени од здравственото осигурување и колку често се препорачуваат.
33. Каролина во Германија: Концерти за паметење 06.12.2024 50:05
Во оваа епизода разговараме со Каролина за нејзината успешна турнеја во Германија, енергичната публика, подготовките пред настап и одлично избраниот репертоар. Освен тоа таа споделува совети за здрав живот и разговараме на различни теми како популарноста во денешно време, важноста на квалитетот на музиката, а и предизвиците на преселбите и осаменоста. Исто така, споделуваме лични впечатоци од неј...
32. Систематски прегледи за деца во Германија 22.11.2024 42:12
Систематските прегледи за деца во Германија се задолжителни и внимателно организирани за да се обезбеди оптимален раст и развој на секое дете. Овие прегледи се дел од редовната превентивна грижа што ја обезбедува здравствениот систем. Во оваа епизода детално зборуваме за лекарските превентивни прегледи во Германија – од првите месеци од животот на детето па сè до адолесценција. Што значат прегледи...
31. Божиќен бонус (Weihnachtsgeld) и како да се потроши 15.11.2024 39:24
It's beginning to co$t a lot like Christmas-периодот со најголема потрошувачка во цела година официјално започна. За да се издржат сите дополнителни трошоци, во Германија често се исплаќа Божиќниот бонус. Дознајте кој има право на овој бонус, колку изнесува, и како најпаметно да го искористите за време на празниците. Линк до работилницата на Маја Achieve your goals in 2025-mu – Mayamj и до нејзина...
30. Разводна постапка во Германија: Совети од македонска адвокатка во Германија 08.11.2024 1:34:20
Во оваа епизода, ја имаме честа да разговараме со специјална гостинка – Наташа Мицкоски, адвокатка од Македонија, која е успешна во својата професија и тука во Германија. Главната тема на епизодата е процесот на развод, но исто така разговараме за нејзиниот личен пат, предизвиците со кои се соочувала и како успеала да најде работа по струка во Германија. Доколку сте заинтересирани за правни совети...
29. Нашите услуги: Од судски преводи до советување и помош во бирократија 25.10.2024 1:01:20
Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување фо...
28. Oktoberfest за почетници: Што треба да знаете за најголемиот народен фестивал во светот 11.10.2024 33:47
Денес зборуваме за Октоберфест – светски познатиот фестивал што секоја есен го претвора Минхен во центар на забавата, пивото и традицијата. Ќе дознаете како започнала оваа прослава, што ја прави посебна, и како Македонците во Германија ја доживуваат. Ќе зборуваме за обичаите, традиционалните костими и вкусната храна што го одбележуваат Октоберфест. Октоберфест помина, ама вистинската забава допрв...
27. Книга vs. Kindle - што се чита во Германија? 04.10.2024 31:18
Книга vs. Kindle или Панче vs. Марина - во денешната епизода слушате што и колку се чита во Германија, какви читачки навики имаат Германците, за библиотеки, книжари и размена на книги на македонски јазик.
26. Што би му препорачале на некој, кој сака да се пресели во Германија? 13.09.2024 33:11
Слушнете што препорачуваме ние и споделете, кои би биле вашите препораки, за некој кој сака да се сели во Германија? Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de или телефонски на 017672141049 / 017655686356
25. Првооделенци во Германија 06.09.2024 58:48
Збориме за првите денови во прво одделение, книги, ужинки, родителски и сите убави работи поврзани со почеток во училиште. Среќно на сите првачиња, мнигу другарчиња и многу единици :) Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на info@makedonsko-sonce.de или телефонски на 017672141049 / 017655686356
24. Купување online во Германија 09.08.2024 39:17
Во последната епизода пред летната пауза збориме за онлајн шопинг во Германија, споделуваме како секогаш наши искуства и препораки, и секако - актуелни статистики. Ви посакуваме убав остаток од летото!
23. Германците како колеги 02.08.2024 36:26
Тема инспирирана од нашето секојдневие со германски колеги: Какви се Германците како колеги и какво е нашето искуство со нив, слушнете тука. Дали работите со Германци и кое е вашето искуство? Споделете на нашите социјални канали!
22. Што јадеме во Германија? 26.07.2024 44:22
Минатата недела испазарувавме, денес готвиме: што се јаде во Германија, каква е културата на исхрана, кои им се омилени јадења итн., слушни денес во #petocnovogermanija
21. Пазариме во Германија 19.07.2024 44:13
Денес зборуваме за тоа како пазарат Германците, во кои супермаркети е најевтино и како можете да заштедите. Споделуваме наши препораки и искуства и по некој совет на што да пазите при пазарење :)
20. Дозвола за престој: Дете со македонски & родител со ЕУ пасош 12.07.2024 38:01
Стара тема во нов формат. Збориме за познатата проблематика, со која се соочуваат многу фамилии во Германија, кога на дете со македонски пасош службите не му издаваат дозвола за престој, со образложение дека детето има право на европскиот пасош. Збориме за различните начини со кои може да се проба да се добие дозвола за престој, за различните искуства на луѓето и ја објаснуваме ситуацијата од аспе...
19. Промени во законот за државјанство 05.07.2024 40:47
Денес збориме за долгоочекуваните промени во законот за државјанство, кои одредби се променија и што може да очекуваме во следните месеци и години. Ако имаш поднесено или планираш да поднесеш барање за германско државјанство, добредојден/a си да споделиш искуство со процедурата на нашите социјални канали
18. Во светот на формуларите 28.06.2024 40:11
Von der Wiege bis zur Bahre, Formulare, Formulare Со тоа писателот сака да се каже дека од почеток до крај на живот има нешто да се пополнува во Германија. Денес збориме за формулари, барања, како да си помогнете и кои се вашите права во административни постапки. А ако ви треба помош, му пишувате на Панче тука : https://www.causiconsulting.de/
17. Дали сме задоволни од квалитетот на здравствените услуги во Германија? 14.06.2024 1:02:53
Збориме за наши искуства со здравствениот систем тука и споделуваме совети за полесно добивање термини и општо за намалување на фрустрација низ тој процес. Кое е вашето искуство со здравствениот систем во Германија? Споделете во коментари или во дм на нашиот инстаграм профил https://www.instagram.com/petocnovogermanija/ Страна и апликација за барање лекари и закажување термини: https://www.doctoli...
Similar podcasts
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.