Дарко и Ниџо
Мотори + Баскет + Пиво
Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот.
Author
Дарко и Ниџо
Category
Podcast website
Latest episode
May 18, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Catalunya MotoGP: Сè, само трка не! 18.05.2026 1:09:35
Отсуството на повредениот Марк ја разгоре борбата за титула, а мазниот асфалт и редуцираниот избор на пневматици во комбинација со невообичаено ниските темпратури, направија од трката реално шоу на ниво на дистопиоскиот серијал Hunter Games! ДиЏија успеа да победи со една и пол рака иако пред само половина час му помина животот пред очи како што прелетуваше предното тркало со вилушките откорнати о...
Повторно Маркез, Алекс! - Jerez MotoGP 27.04.2026 51:23
Победничкиот низ на Безеки го прекина Маркез, ама Алекс наместо Марк. Марк втора година по ред паѓа во главна трка. Затоа пак Марк победи, на маестрален начин, во супер интересниот спринт! Дукати го заокружи подиумот со одличиниот ДиЏија, но најсреќен беше Безеки кој заврши како втор зад неверојатниот Алекс Маркез на кој и нему не му се веруваше како извозе како во транс. Дукати не се предава и де...
Безеки и Априлија недопирливи! Brasil & COTA MotoGP 30.03.2026 1:08:35
Додека се сушеше цементот на патеката на бразилското сонце, Безеки одјава во далечината со втората победа во сезоната, а ја потврди доминацијата со третата сезонска победа по ред и петта по ред од 2025та наваму. Априлија е на врвот на табелата и заради воскреснатиот Мартин кој полека се враќа на врвот и засега му чува грб на Без. Марк со уште нови повреди заминува на пауза, а браните на Дукати, до...
MotoGP Thailand: БЕЗобразно брз 03.03.2026 1:03:13
Новата сезона започна со бум! И тоа неколку, не еден! (за жал и на Блискиот Исток...) Априлија го дотера RSGP26 до совршенство и сега мотивираниот Марко се истакнува како најголем кандидат за титулата! Дукати го прекина неверојатниот низ од 88 трки на подиум. Во топ 5 се наоѓаат 4 Априлии! КТМ, односно Акоста води во генералниот пласман, а Јамаха е убедливо најспора! ОК, не беше баш толку едностав...
Затвораме MotoGP сезона 2025 18.11.2025 1:07:25
Сезоната 2025 заврши во недела вечер во Валенсија а веќе во вторник започна новата, 2026. Ние се обидувме да направиме пресек но и да бидеме доволно храбри и оптимисти за да прогнозираме за следната година! Следете не на Инстаграм: https://www.instagram.com/motori_pivo/
Кој може да го победи Марк? 18.08.2025 1:00:58
Дали викендот во Австрија конечно ги најави вистинските ривали на Марк? Фермин Алдигер и Марко Безеки покажаа дека нивните резултати може да бидат поконстантни, а и Педро Акоста конечно зачекори во вистински правец. Секако, ова прашање се однесува за следната сезона. Оваа, Марк може да си ја изгуби само сам. Дефинитивно никој не може да го победи!
Dutch GP - Марк повторно недопирлив 30.06.2025 55:56
И покрај двата пада во петок, Марк успеа два пати да се искачи на највисокот место на подиумот во Холандија. Ниту неговиот брат, Алекс, нити Марко Безеки можеа да му ги пореметат плановите, иако беа екстремно блиску.
Mugello is back, ама со Шпанци на тронот 24.06.2025 52:26
Духот и шармот, да не речеме лудоста на Муџело се врати. Ама домашните не можеа да се радуваат со полно срце за победниците. Шпанци на врвот во сите три класи. Честа ја одбрани Фабио Диџантонио освојувајќи го третото место на глaвната трка. Марк и понатаму само докажува дека е Марк, и никој не му е достоен за споредба.
Игри на среќа #BritishGP 26.05.2025 1:04:40
Порака до Мартин: моторот е победнички! Срцепарателна трка за Квартараро по неверојатната пол позиција и водство од скоро 5 секунди. Пеко во се подлабока дупка со уште еден пад. Марк сѐ по несигурен на GP25 кој е сѐ само не предвидлив, но со солиден збор на бодови. И Алекс како и Марк со втора шанса на рестарт. Безеки ѕвезда на денот за спас на честа на Априлија. Мартин е на потег!?
Експлозија од емоции! #FrenchGP 12.05.2025 52:50
Додека на еден Французин му се темнеше на другиот му се разведри. Зарко со уште едно легендарно салто наназад прослави уште една победа. Победа како ниедна до сега. Публиката во делириум славеше прва победа на домашен возач во кралската класа по дури 71 година! Марк мудро до втората позиција пред младиот Алдегер. Без бодови главните конкуренти Пеко и Алекс. Фабио не го издржа притисокот на домашна...
MotoGP Jerez - епизодата за притисокот 28.04.2025 41:38
Епизодата кога повторни сите работи беа под влијание на различни притисоци. Alex Marquez победи, ама Fabio Quartararo беше возач на викендот.
QatarGP + Assen TT: Кој може да го победи Марк? 14.04.2025 56:22
Совршениот викенд за Марк за малку ќе завршеше неславно по контактот од неговиот брат Алекс. Ниту раното водство на Морбидели, ниту пак фантастичното водство на Вињалес не го оддалечија од намерата да победи во двете трки. Мартин со нова повреда, веќе трета за оваа сезона. Барем покажа дека ќе биде брз и на Априлија, а надеж ни даваат и Јамаха и Хонда предводени од Французите. Дали Хонда подготву...
Сите по Марк! - COTA MotoGP + WSBK Portugal 31.03.2025 1:02:08
Тексас холдем во Аустин, или искалкулиран потег на Марк Маркез кој беше слепо следен од пола грид? Да не беше хаосот во боксовите ќе следевме уште поинтересен рестарт, но падот на Марк и даде втор живот на Амеранската Голема Награда. Втор живот и за Пеко кој конечно победи во Аустин, и се врати во игра за титулата. Хонда повторно брза, но само зад Џек Милер на Јамаха на петтата позиција за Дукати....
MotoGP Thailand - Кралот си поигра со ”децата" 04.03.2025 46:05
Ако постои совршен викенд за некој возач, тогаш дефинитивно ова е токму тој, секако ако го прашате семејството Маркез. Комплетна доминација и во спринт и во главната трка. Да не беше Марк толку надмоќен, веројатно сите ќе зборувавме мнооооогу повеќе за новајлијата Огура. Дефинитивно заслужи!
Нова сезона!!! MotoGP & WSBK 16.02.2025 50:29
Од Хонда преку Гресини до фабричкиот тим на Дукати. Феноменот Марк Маркез ја има најдобрата можност да освои деветта титула и да се израмни со исто така големиот Вале Роси кој токму денес слави 46-ти роденден (HBD!). Дали перфекционистот и пулен на Роси, Пеко Бањаја ќе ја повтори ланската одлично сезона и ќе му застане на патот?! Дали ќе видиме сезона слична на 2009-тата на дуел меѓу тимски колеги...
Крај на MotoGP, сезона 2024 - со Виктор Караколев 19.11.2024 1:10:34
Титулата ја зема оној кој лани немаше искуство и смиреност за да издржи до крај. Професорот Пеко со најдобрата сезона во неговата кариера не успеа да компензира за 8те падови. Мартин ја доби својата одмазда за одлуката на Дукати да продолжат без него. Си поиграа што си поиграа, сега е време за нова сезона со многу промени. Грешките нема да бидат простени!
Сите шампиони познати освен главниот! 29.10.2024 1:06:10
Во изминатите неколку тркачки викенди се решија скоро сите титули во шампионатот WSBK, BSB, Moto3 & Moto2. Скоро сите да. Останува само уште веројатно најпрестижната, бисерот во круната. Во следниот викенд Хорхе Мартин ја има првата сет топка за освојување на првата титула во MotoGP! Дали Пеко ќе ја пренесе борбата за титула во Шпанија, или ќе му честита на Шпанецот?
Индонезија (MotoGP) + Арагон (WSBK) - Возбуда за сите пари! 02.10.2024 56:27
Мартин по падот во сабота победи во недела. Кисело слатко за лидерот во шампионатот кој беше убедливо најбрз овој викенд. Пеко победи во сабота за минимизирање на штетата. Акоста ѕвезда на викендот. Малиот си го оправдува надимакот Ајкула. Супербајк со фантастични трки во Арагон. Наместо Булега да намалува предност, Баутиста се враќа во старата форма. Топрак по незгодната повреда повторно меѓу нај...
Petrux9 х3 - EmiliaRomagnaGP - ItalianWorldSBK 24.09.2024 1:04:38
Пеко започна доминантно со пол позиција и победа во спринтот, но на главната трка падна од трета позиција токму во моментите кога беше побрз од сите на патеката. Но овва не беше главната вест на викендот. Дуелот за победа меѓу Мартин и Бастијанини е причината која ги запали социјалните мрежи. Преагресивно или вистинско тркање? И каде се скрија судиите? Секако херој на денот е вози во друг шампиона...
SanMarinoGP - Прв дел од трилерот: Мизано 11.09.2024 53:59
Пеко на свој терен со помош на сетилото за мирис ја препозна временската прогноза и онака повреден од претходниот викенд успеа простум да поднесе 2 порази и дури да биде доблесен и да се извини за обвинувањето кон Алекс М за претходниот викенд. Вистински шампион! Марк маестрално ги надвозе останатите и повторно победи, а Мартин тотално ја промаши шансата да ја зголеми бодовната предност во главнат...
AragonGP - Welcome to Marklend 03.09.2024 55:47
Изминаа скоро 3 години, 4 операции, 30 степени ротација на повредена и инфицирани коска, па уште една година на страшни падови и повреда на очниот нерв...и многу непроспиени ноќи за да се избере најтешката одлука. Пензија, или раскинување на најскапиот договор за да се вози во сателитски тим?! Лекција за упорноста и самодовербата потребна за остварување на еден сон. А тука е и контроверзниот судир...
ItalianGP - Пеко испрати Kiss from Mugello 03.06.2024 59:33
Азурите доминираа дома! Додека Мартин падна во саботата, а Енеа се разбуди во неделата накај 14:40, Пеко потполно фокусирано се избори против казната од 3 позиции на стартот, притисокот на возење пред домашната публика и огромната сенка на Роси за да ја освои домашната публика со две победи од две трки. Единствени кои му се приближија покрај Енеа и Мартин, беа Марк и Акоста. Останатите сигурно си...
MotoGP Catalunya - Луд спринт и не толку возбудлива неделна трка 27.05.2024 25:58
Алеиш најави заминување во стил! Бањаја уште еднаш покажа дека трката во недела е поважна од онаа во сабота, иако беше на пат да ги победи двете. Акосата потврди дека сепак има само 20 години, а Марк... од Марк се плашат сите, а тој и понатаму продолжува да ужива во својот, веројатно последен, камбек.
FrenchGP: Големата ајкула се врати! 13.05.2024 58:06
Хорхе Мартин имаше совршен викенд за зголемување на бодовната предност. Бањаја со топло ладен викенд прими уште еден пораз од Маркез кој имаше најмногу претекнувања во негов стил и го зема целото внимание. Ова не е само борба за титула туку и за место во фабричкиот тим како и доминација во и вон патеката. Шоуто продолжува во Барселона за 2 недели!
Jerez MotoGP: Бањаја го враќа ударот! 29.04.2024 51:11
Ако дуелот меѓу Пеко и Марк во Портимао беше прв од многуте кои не следат, тогаш оваа сезона може да биде една оние легендарни за паметење. Мартин со падот во моменти додека водеше, покажа дека ништо не е готово и никој не е сигурен на врвот. Априлија треба да се консолидира по лошиот викенд. Акоста со прв подиум во спринт, но и тежок пад пред главната трка за потсетување дека е во година на учење...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.