Дарко и Ниџо
Мотори + Баскет + Пиво
Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот.
Author
Дарко и Ниџо
Category
Podcast website
Latest episode
May 18, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
950-та трка во WSBK и малку MotoGP муабет 22.04.2024 45:59
Овој викенд се одбележаа 98 години трки во Катедралата на брзина, воедно се возеше и јубилејна 950-та трка во Супербајк. Реа по рекордни 17 победи се враќа на врвот по катастрофално лошиот почеток на оваа сезона, со пол позиција и солиден викенд. Баутиста и Разгатлиоглу потврдуваат зошто се на врвот на табелата. Булега со нови лекции, Гарднер со прв подиум, Алекс Лоус со уште еден подиум за остану...
Вињалес влезе во историјата на MotoGP 16.04.2024 46:35
Како што Бетмен го ослободуваше Готам од константните напади на Џокер и компанија, така и Вињалес ја "ослободи" МотоГП (барем на еден викенд) од доминацијата на Дукати. Дали Акоста ќе биде неговиот Робин ќе видиме во продолжение на сезоната.
MotoGP & WSBK во ист викенд за х2 возбуда 24.03.2024 57:31
Во викендот во кој се поклонија двата шампионати видовме 4 различни победници, Вињалес со Априлија имаше кисело сладок викенд, Марк и Пеко се заглавија со роговите додека Мартин, Бештија и гладниот Акоста завршија на подиумот. На другата страна BMW со Топрак однесе двојна победа, Баутиста и Булега се вгнездуваат на врвот, додека Реа конечно влезе во топ 10!
Qatar MotoGP: Новата ѕвезда е родена! 11.03.2024 34:20
Дукати со Мартин и Пеко победи во Спринтот и во Главната трка, КТМ со Биндер е најподготвен за да им парира, Априлија се појавува и губи, Јапонците се борат за по некој бод...ОК ова го гледавме и минатата сезона? Точно. Па што е ново? Педро Акоста е новиот херој кој не држеше на работ на столот, барем во првата половина од трката. Неизбрусен дијамант! Да уживаме во неговото брусење. Добредојдовте...
WSBK Филип Ајленд за луд старт на сезоната 25.02.2024 30:16
Новиот лидер во Кавасаки Алекс Лоус ја оправда улогата, додека стариот колега Реа едвај извлече жива глава од веројатно најлошиот викенд во неговата кариера. Топрак делумно задоволен со еден подиум и еден продуван мотор додека Баутиста полека се исправа од лошиот старт. Тука се и младите возачи кои дефинитивно се вмешуваат во борбата за подиум.
MotoGP предсезонски муабети 2024 21.02.2024 30:35
Тестираме нов тип содржина со надеж дека ќе фатиме ред повторно и со другата. Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот. Кои се твоите очекувања за сезонава кој...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.