Katerina Ljamova
Growcast со Катерина
Ако не знаеш што сакаш но знаеш дека сакаш повеќе, на вистинското место си. Ова е подкаст за патувањето низ личниот развој и онлајн бизнисот на една жена и мајка, која преку своите предизвици и искуства сака да ве поттикне сите, да се впуштите во следење на вашите најлуди соништа.
Author
Katerina Ljamova
Category
Podcast website
Latest episode
Apr 8, 2025
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
#19 Како постигнувам се? Уметноста на управување со времето низ призма на темелните вредности 31.07.2023 33:07
Во оваа моќна епизода , со вас ги делам моите топ 3 совети за за управување со времето со фокус на моите темелни вредности. Дали користите нешто од спомнатите техники или имате некоја техника која ви помага на вас? Кои се тајните на вашето управување со времето? Доколку сакате да добивате секоја среда mail-ови поврзани за growth mindset и градење на онлајн бизнис пријавете се на мојот newsletter...
#18 Одмор со деца - нереални очекувања или неприфаќање на улогата 10.07.2023 18:43
Во епизодава ви ги пренесувам моите размислувања во врска со летен одмор со деца. Како се менуваше мојата перцепција за одмор низ времето. Како се менуваа нашите очекувања. Како се подготвувавме порано наспроти како се подготвуваме сега за одмор и што правиме по враќањето од одмор дома. Можете да ме следите на мојот личен Instagram профил или на профилиот на невладината организација Grow...
#17 Дигитален детокс - начин да се земе чекор назад со цел да се тргне напред 14.06.2023 19:10
Во оваа епизода зборувам за тоа што правев изминатиов месц колку што трае до сега мојот дигитален детокс, зошто се решив на овој чекор и што научив од истиот. Иако не бев активна на Инстаграм и се фокусирав на квалитетно време со децата и сопругот, работев и на подготовка на нашата конференција за која има многу многу новости кои сеуште не можам да ги споделам. Она што е важно е дека оваа година и...
#16 10 верувања за промена на мајндсетот 09.05.2023 19:14
Оваа е една поинаква епизода, снимена пред публика. Ова е мојата презентација за мојата NLP Practitioner сертификација. Зборувам за оние верувања кои треба да ги усвоиме со цел промена на нашиот мајндсет. Овие верувања се основата на која се базира целата NLP методологија. NLP значи Невро лингвистичко програмирање и е методологија која јас ја следев во програма од 8 месеци од Октомври до Мај. Мето...
#15 За нас, обичните луѓе 24.04.2023 12:23
Втората епизода е тука и е целосно инспирирана од вас. Јас имав некој план за теми на кои сакав да зборувам на подкастот но оваа епизода излезе случајно како моментална инспирација на една од вашите пораки. Ова е нешто кое долго време го имам размислувано, па мислам дека е толку моќно, што заслужи да си има цела епизода за себе. Ова е една кратка, инспиративна епизода. Можете да ме следите на мо...
#14 Запознавање со Катерина и Growcast 09.04.2023 24:13
Добредојдовте во новата сезона на мојот поткаст. Во оваа епизода сакам да ви кажам која сум јас, како ќе се смени концептот на овој поткаст и што можете да очекувате од него. Можете да ме следите на мојот личен Instagram профил или на профилиот на невладината организација Grow , како и на мојата web страна. Ако сакате да бидете дел од мојата newsletter листа каде што секогаш прво објавувам за најн...
#13 Мајчинство и планирање со Добрина од @darigo_art 09.04.2023 47:50
Како планирањето секојдневно и помага на Добрина да постигне се што носи работата од 9-5, приватниот бизнис и животот со две деца од кои едното со предизвици во развојот. Дневникот и планер за мајки можете да го нарачате преку нашата онлајн продавница.
#12 Свесно родителство и Монтесори метода со Анѓела од “Среќно родителување” 18.11.2022 1:05:32
Свесно родителство и Монтесори метода со @sreknoroditeluvanje. Квалитетно поминат 1 час. Со енергија на високо ниво а богами и споделено знаење.
#11 Запознајте се со NLP науката за успехот и извонредноста 14.11.2022 51:40
NLP или невро лингвистичко програмирање е наука која може да ја подобри нашата комуникација, работи на целите и што е најважно на нашето однесување. Со Зорица Поповска основач и тренер во Сенсум тренинг и coaching центарот, разговаравме за тоа како NLP им ги менува животите на луѓето кои ќе се решат да го изучуваат.
#10 Булинг - однесување кое го гази младиот дух 04.11.2022 57:03
Со Сара од @grow2guide зборувавме за булинг. Што е булинг и како да се превенира како и кои се најдобрите практики во борба против булингот. Една од најважните епизоди тука што вреди да се сподели.
#9 Партнерски односи по добивање на деца со Бојана Стојменовиќ @moj_psiholog 02.11.2022 1:10:11
Со Бојана @moj_psiholog разговараме за односот помеѓу партнерите откако ќе добијат деца.
#8 Православно родителување и позитивно дисциплинирање со Марија Илкоска 21.08.2022 54:56
Често се прашуваме дали сме добар родител за нашето дете? А што значи тоа за нас? Што е всушност добар родител? Како може религијата да влијае на начинот на кој родителуваме? Што е позитивно дисциплинирање? Во оваа подкаст епизода разговарам баш на овие теми заедно со Марија Илкоска, која верувам повеќето од вас веќе ја знаат од Инстаграм профилот @razvoj_niz_igra. Марија е многу пријатен соговорн...
#7 Чекори кон спиритуалност со Ана Ивановска 02.07.2022 52:38
Што е она што можете да го направите ако сакате да станете подуховни и ако сакате повеќе да истражувате за спиритуалноста? Што и помигнало на Ана во најтешките моменти од нејзиниот живот? Зборуваме и за јогата и техники на дишење. Во оваа епизода има и една техника за дишење која можете да ја користите за смирување. Уживајте!
#6 Промена на менталните ставови и емоции со поддршка на ароматерапија 01.06.2022 58:30
Со Дијана Цветковска која е првиот советник за ароматерапија во Македонија зборуваме за моќта на етеричните масла. Покрај повеќе познатите ефекти на етеричните масла врз физичкото тело зборуваме и за како тие можат да влијаат и на суптилните тела односно емотивното, енергетското, менталното и духовнотот тело. Потоа зборуваме за како емоциите влијаат на нашето тело, за блокирани енергетски центри-...
#5 Моќта на медитацијата 08.05.2022 53:15
Со Ивана Индра Шакти Каур разговаравме за моќта на медитацијата и придобивките од неа за целокупната добросостојба. Што е медитација, што му прави на нашиот мозок и тело, како да почнеме, како да сме доследни, што е разлика меѓу медитација и молитва, дали едното го исклучува другото, слушнете во оваа епизода на подкастот Свесни разговори.
#4 Благодарност 19.03.2022 48:46
Благодарност, тема која стана многу ин во последно време. Сите велат да се практикува благодарност но никој не кажува зошто благодарноста функционира како метод. Ако сте како мене, човек кој сака да го знае зоштото зад нештата, придружете ни се на мене и Ана на следниот лајв. Ана е coach, NLP тренер и автор на единствената детска книга за благодарност во Македонија - “Благодарам” која се темели на...
#3 Промена на негативните уверувања во врска со парите и изобилството 17.02.2022 1:14:21
Што е уверување? Уверување е само мисла или реченица повторена многу пати. Ако имате негативни уверувања прв чекор е да ги освестите, а втор да ги менувате. На овој лајв ќе зборуваме како на свесно ниво да ги менуваме негативните уверувања за парите и изобилството. Книгата што пред извесно време ја споделива кај мене на story “Богат татко сиромашен татко” од Роберт Киосаки е супер книга и претежно...
#2 Емоционално планирање со Бојана Go Girl 20.01.2022 56:05
Дали некогаш во животот сте се запрашале како сакате да се почувствувате, па врз основа на тој одговор да го планирате следниот период во вашиот живот. Со мојата гостинка Бојана @go_girl, која е воедно и мој accountability partner, сметавме дека сите ние малку имаме подзаборавено на нашите емоции и со овој лајв сакаме да ве охрабриме да се вратите кон себе. Да почнете да правите значајни планови в...
#1 New Year's Resolutions со Маја Стојчевски 11.01.2022 55:52
Ова време од годината е совршено за да си ги преиспитаме сопствените цели и да го трасираме патот за успешна нова година. Новогодишните одлуки се тема за која доста се зборува особено околу почетокот на новата година. Дали да се прават или не? Постојат различни мислења во јавноста, за мене и Маја (Instagram @maya_stojchevski) функционираат, а вие одлучете сами. Мојот прв лајв/подкаст не случајно...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.