Беседа
Беседа
Беседа – добронамерно посегање кон мудроста. Добредојдовте на нашиот канал „Беседа“ – место каде што го истражуваме животот надвор од границите на секојдневното размислување. Придружете ни се во ова патување кон подлабоко разбирање на животот, стварноста и духовноста. Откријте нови гледишта и дознајте како да ја подигнете вашата свест на повисоко ниво. Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkastX: https://x.com/BesedaPodkastOdysee: https://odysee.com/@beseda Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkastTelegram: https://t.me/besedapodkast
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Беседа - XVII - Фахман: стоицизам, менторство, физичка спремност, проактивност 27.04.2025 1:03:21
Во седумнаесеттата епизода на Беседа имаме посебна чест да водиме разговор со еден од нашите слушатели и поддржувачи – @FlyingFahman. Во оваа епизода дискутираме четири суштински теми: Прво, го разгледуваме стоицизмот, неговата вистинска природа и ја правиме јасната разлика меѓу стоичката сила и потиснувањето на емоциите или лажното прикажување на непоколебливост. Второ, зборуваме за менторството...
Беседа - XVI - Менторство 20.04.2025 48:59
Во шеснаесеттата епизода на Беседа ја разгледуваме темата на менторството – процес кој го надминува пренесувањето на знаење и станува суштински дел од личниот и колективниот развој. Што значи да се биде ментор? А што, да се биде ментеј? Како менторството влијае врз личниот раст, духовната зрелост и општествената преобразба? Во оваа епизода ги анализираме различните аспекти на менторството – од тра...
Беседа - XV - Разговори за смртта 13.04.2025 51:11
Во петнаесеттата епизода на Беседа зборуваме за една од најважните и најделикатни теми – смртта. Од што се плашиме кога зборуваме за смртта? Дали таа е крај, премин, или нешто сосема поинакво? Во оваа епизода ја разгледуваме темата од повеќе перспективи – лична, општествена, философска и духовна. Зборуваме за стравот од смртта, културните табуа, односот на модерното општество кон смртта, како и за...
Беседа - XIV - Великанство 06.04.2025 48:56
Во четиринаесеттата епизода на Беседа навлегуваме длабоко во концептот на великанството – што значи да бидеш вистински голем, и дали тоа е привилегија на малкумина или пат што сите можеме да изодиме. Според најопштата дефиниција, великанството е силна надпросечност во квалитет. Истражуваме три различни форми на великанство: - внатрешното великанство, борбата со сопствените слабости, страсти и стра...
Беседа - XIII - Колективна одговорност (и трагедијата во Кочани) 30.03.2025 51:31
Во тринаесеттата епизода на Беседа ја отвораме темата за колективната одговорност низ призмата на трагедијата во Кочани. Колку сме сите одговорни за катастрофите што се случуваат во нашето општество? Дали е виновен само поединецот, или сите носиме дел од товарот? Во оваа епизода дискутираме за длабоките системски и културолошки фактори што водат до вакви трагедии – од негрижа, корупција и себеобсе...
Беседа - XII - Парадоксот на постоењето 23.03.2025 54:35
Во дванаесеттата епизода на Беседа навлегуваме во една од најдлабоките и најмистериозните теми – парадоксот на постоењето. Дали животот има објективна смисла, или сами ја создаваме? Како е можно нешто да постои наместо ништо? Дали свеста е темелот на реалноста или само нуспроизвод на материјата? Го истражуваме ова прашање од повеќе перспективи – философска, лична и духовна. Ги разгледуваме концепт...
Беседа - XI - Машко - женски односи 16.03.2025 54:28
Во единаесеттата епизода на Беседа ја отвораме една од најконтроверзните теми – машко-женските односи. Како дојдовме до точка на постојан конфликт меѓу половите? Дали кризата на модерните врски е резултат на природни разлики, социјални промени или намерен културен инженеринг? Ги истражуваме корените на динамиката меѓу мажите и жените низ историјата, традицијата и биологијата. Анализираме како совр...
Беседа - X - Што се случува со Америка 09.03.2025 56:59
Во десеттата епизода на Беседа навлегуваме во анализата на тековните настани во САД и поширокиот контекст што ги обликува. Ги истражуваме империјалните одлики на САД и Западот во целина – од нивната доминација и културна хегемонија до знаците на внатрешна слабост и можен пад. Истовремено, анализираме како корпократијата – владеењето на корпоративните интереси – паразитски го поткопува „царството“...
Беседа - IX - Клетвата на декаденцијата 02.03.2025 1:05:15
Во деветтата епизода на Беседа ја истражуваме една од најопасните сили што ги уништуваат цивилизациите – клетвата на декаденцијата. Дали удобноста и изобилството неизбежно водат кон морален и духовен пад? Дали општествата, откако ќе го достигнат својот врв, се осудени на пропаст? Дали постои начин да се спротивставиме на оваа сила и да изградиме иднина што нема да заврши во колапс? Во оваа епизода...
Беседа - VIII - Шварцови основни вредности 23.02.2025 54:56
Во осмата епизода на Беседа ја истражуваме една од најсеопфатните теории за вредностите што ги движат луѓето и општествата – Шварцовата теорија на основните вредности. Што навистина ја движи човековата природа? Дали вредностите се релативни, или постои универзален систем што ги обликува сите општества? Во оваа епизода навлегуваме во Шварцовата теорија на основните вредности, која открива дефиниран...
Беседа - VII - Колбергови стадиуми на морален развиток 16.02.2025 1:06:25
Во седмата епизода на Беседа навлегуваме во еден од најважните психолошки модели за човечкиот морал – Колберговата теорија на морален развиток. Како луѓето го разбираат доброто и злото? Дали моралот е само научена норма или нешто што еволуира низ различни стадиуми? Ги анализираме шесте фази на морален развиток, почнувајќи од примитивната послушност заради награди и казни, па сè до највисоките ниво...
Беседа - VI - Спирална динамика втор дел 09.02.2025 56:49
Во шестата епизода на Беседа го продолжуваме истражувањето на Спиралната динамика, фокусирајќи се на повисоките нивоа на свесност и развиток. Ги обработуваме жолтото ниво, кој го носи вплотувањето (интеграцијата) на сложеноста и прилагодливоста, и тиркизното ниво, кој ги поврзува системите во една холистичка целина. Дополнително, навлегуваме во шпекулации за можните идни степени на развиток, разгл...
Беседа - V - Спирална динамика прв дел 02.02.2025 1:23:05
Во петтата епизода на Беседа навлегуваме во основите на Спиралната динамика, моќен модел за разбирање на човечкиот развиток и еволуцијата на свеста. Започнува со издавањето на книгата наречена „Спирална динамика: совладување на вредностите, водството и промената“ во 1996-тата година од Дон Едвард Бек и Кристофер К. Коуан, кои пак се вдахнати од предходната работа на Чарлс Грејвс. Ги истражуваме пр...
Беседа - IV - Маслова хиерархија на потреби 26.01.2025 1:01:12
Во четвртата епизода на Беседа ја преиспитуваме познатата Маслова хиерархија на потреби од една нова, над-концептуална перспектива. Наместо традиционалната пирамида, ја разгледуваме како превртена структура, каде што себе-остварувањето не е крајна цел, туку почетна точка за вистински развој. Истражуваме како овој пристап може да нѝ помогне да ги разбереме нашите длабоки внатрешни потреби и како од...
Беседа - III - Зреењето како процес и нивоа на развиток 19.01.2025 1:10:07
Во третата епизода на Беседа го истражуваме зреењето како процес на длабока преобразба, анализирајќи ги различните нивоа на развиток што влијаат врз поединечниот и колективниот раст. Посебно внимание посветуваме на концептот на иницијација – древен ритуал и пресуден тест за зрелоста на индивидуата низ историјата. Исто така, ја објаснуваме јамката (циклусот) составена од четирите фази на искачување...
Беседа - II - Meta-episode 12.01.2025 50:47
In this first (technically: second) episode, we introduce ourselves and talk about our vision, mission, and the purpose of this channel and podcast. The purpose of BESEDA is for us, together, to create a space where thinking, living, and looking upon the world, will rise to a higher, beyond-conceptual, and holistic level. In this episode we explain why we consider this important for the world of t...
Беседа - I - Мета-епизода 10.01.2025 1:01:47
Во ова наша прва епизода се претставуваме и зборуваме за нашата визија, мисија и целите на овој канал. Целта на БЕСЕДА е заедно да креираме простор каде што размислувањето, живеењето и гледањето на светот ќе се издигнат на едно повисоко, над-концептуално и холистичко ниво. Во оваа емисија објаснуваме зошто сметаме дека ова е важно за денешниот свет и како сакаме преку оваа платформа да ги инспирир...
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.