uk

Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ Епізодів: 795

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Автор

Тик Так и Зорка

Категорія

Comedy

Сайт подкасту

www.tiktakizorka.mk

Останній епізод

14 тра 2026

Де слухати?

Подкасти в застосунку Replaio Radio Уже незабаром

Подкасти незабаром з'являться в застосунку. Встановіть уже зараз і першими побачте зовсім новий погляд на подкасти

Завантажити з Google Play Встановіть безкоштовно Android 5 млн+ завантажень · рейтинг 4,8 iOS незабаром

Епізоди

Четврток, 14 Мај 14.05.2026

Send us Fan Mail По наставниците, се јавија и спортските тренери со хорор пораки од родители. Дали волкот е волк или куче, се чудиме исто како што се чудевме од што е направена посебната салама. Кои се првите три работи кои  мажите ги приметуваат кај жените? Тик-Так погоди две од три! Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

Среда, 13 мај 13.05.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка отворија навидум различни, а всушност многу поврзани теми – од тоа како волкот од „Козле“ стана симбол за „луксузен комшилук“ и шегите дека му ја кренал цената на квадратот во населбата, до пораките што наставниците ги добиваат од родители и границата меѓу грижа и претерување. Се потсетивме и на најгледаната ТВ серија на сите времиња, но и зборувавме колку...

Понеделник, 11 Мај 11.05.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка по една недела пауза се обидоа да сумираат сè што се случуваше и што се пропушти во изминатите неколку дена. Од најкреативните дополнителни извори за заработка, преку хајлајтите и најинтересните моменти од неделата, па сè до заклучокот дека едноставно е невозможно баш сè да се раскаже во само 2 часа утринска програма. Што пропуштивте утринава – преслушајте...

Четврток, 30 Април 30.04.2026

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ова утро ја решаваа мистеријата за бројките на личната карта, но не успеавме, иако завршивме со неколку теории. Постојат ли машки и женски пиперки? И дали би пробале млеко од бубашваби? Што пропуштивте ова утро преслушајте овде

Среда, 29 Април 29.04.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за влијанието на позитивната и негативната енергија во секојдневието, за улогата на социјалните мрежи во тоа како се чувствуваме, како и за поуката од приказната со волкот и овчарот. Споделија и дел од честитките што Тик Так ги доби за својата објава, отворајќи тема за тоа колку лесно може да се излажеме или дефокусираме. Што пропуштивте утринава...

Понеделник, 27 Април 27.04.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка отворија три интересни теми – како предметите во домот добиваат „втор живот“, колку љубомората е дел од нашиот менталитет и дали жените или мажите се пољубоморни, како и што носи влегувањето на Уран во Близнаци и новиот бран на идеи и комуникација. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Понеделник, 20 Април 20.04.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка отворија понеделнички муабети со актуелните дојави за бомби во трговски центри, необичен план за пензионирање што звучи предобро за да е вистина и вечната дилема – кој е позлобен во одмаздите, мажите или жените. Дополнително, разговараа и за тоа какво чувство е да се „уловиш“ себеси или некој познат на Google Street View и што тоа значи за приватноста дене...

Четврток, 16 Април 16.04.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ една навистина необична мешавина од теми – од вевчанскиот случај кој ја разбранува јавноста, до приказната за Кавадарци како пример за побезбеден град. Застанавме и на Светски ден на гласот, зборувајќи за моќта на гласот што секојдневно го користиме, но ретко го цениме, а откривме и нешто фасцинантно – дека глувците „пеат“ свои ултразвучни...

Вторник, 24 Март 24.03.2026

Send us Fan Mail Денес нема синопсис! Ама преслушај

Понеделник, 23 Март 23.03.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ време и мисли, од првиот лифт во светот и во Скопје, преку приказната за Ристиќевата палата и колку би вредела денес, па сè до реалноста со цените и недостатокот на бензин. Зборувавме и за тоа како мозокот може да се „наштелува“ да бара позитивни нешта во животот, но и си признавме кои ни се guilty pleasures – оние мали задоволства без кои...

Среда, 18 Март 19.03.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка ве однесоа 10 години во иднината – во еден ден што не изгледа како што сте го замислувале, каде секоја одлука тежи и секое „утре“ станува предоцна. Но токму кога сè изгледа изгубено, доаѓа најважниот момент – отворање на очите и сфаќање дека сè уште имаме шанса да избереме поинаку. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Четврток, 19 Март 19.03.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка - три сосема различни, но подеднакво провокативни теми – од светот на казината и зависностите, до прашањето: што имаат заедничко мажите и бебињата, па сè до тоа како се сака една жена цел живот. Разговаравме искрено, допирајќи ги и слабостите и најубавите страни на човечките односи. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Вторник, 10 Март 10.03.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка разговараа за тоа дали утринското водење љубов навистина може да го подобри денот и да влијае врз успехот на работа. Зошто се повеќе жени денес сакаат романтичен почеток на љубовните врски? Колку навистина ја носиме гардеробата што ја имаме – од просечни 96 парчиња, само 12 редовно се во употреба.  Што пропуштивте утринава , сумирано во 30 минути.

Понеделник, 9 март 09.03.2026

Send us Fan Mail Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за зборовите на генерацијата Z – од „кринџ“ и „риз“ до „краш“ и „хајп“, и како некои интернет термини дури влегуваат и во официјални речници. Отворивме и дилема: дали излегувањето со машко/женско друштво е бегство од домот или само мала оддишка од секојдневието. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

Четврток. 5 март 05.03.2026

Send us Fan Mail Утрото со Тик Так и Зорка почна, информации и рима сочна. Малку факти, малку смеа за секој час, за денот да тргне убаво — за сите вас. Ако не успеа да не слушаш и да се смееш со нас, преслушај овде смеј се на глас

Среда, 4 Март 04.03.2026

Send us Fan Mail Од микроскопските фотографии на ситните гадуринки до крупните обиди за влез во непознато. Колку е потребно а некому да го разубавиш новиот ден и новото работно место? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути

Понеделник, 2 Март 03.03.2026

Send us Fan Mail Инспирирани од македонецот кој сакал да оди во затвор заради рехабилитација, Тик Так и Зорка ова утро ви ги претставија најубавите затвори ширум светот. Од библиотеки и музички студија до базени и туристички разгледи, каде се нашите тука? Се што пропуштивте, преслушајте овде

Вторник, 3 Март 03.03.2026

Send us Fan Mail Најавената гужва во центарот на градот со себе донесе прашање за нов бизнис. Истражувавме и дознавме која е Лили Марлен. Дали сте знаеле кој луѓе се со една нога кон отказ секој Понеделник? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

Cреда, 25 Февруари 26.02.2026

Send us Fan Mail Кои се најлудите пораки кои луѓето му ги поставуваат на ЧАТ ГПТ? Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за доцнењето како неодговорност, но и како знак за креативност! Како и зошто, поради детално чистење една жена завршила во затвор? Се што пропуштивте ова утро, сумираме во 30 минути.

Четврток, 26 Февруари 26.02.2026

Send us Fan Mail Утринава Тик Так и Зорка ви решија многу мистерии, нооо ви дадоа и нови на кој одговор треба да побарате и вие. Кој го убил мртвото море, дали првата жена ќе дознае за второто семејство и зошто тихиот океан е толку гласен? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Среда, 25 Февруари 25.02.2026

Send us Fan Mail Денес ги анализиравме најнеобичните машки и женски имиња кај нас, и дојдовме до интересни заклучоци кои ќе ве насмеат. Како звучи вашето име прочитано наопаку? Што храната и сексот имаат заедничко? И една од поинтересните приказни за склуптурите на кои им се молиме. Што пропуштивте денес, сумирано во 30 минути.

Понеделник, 23 Февруари 24.02.2026

Send us Fan Mail Понеделнички, Тик Так и Зорка ги разгледуваа совршените активности за тим билдинг, со кој колегите би станале. Каде се и што прават вашите соклупници? И колку пари лани дале македонците со надеж дека ќе добијат многу повеќе? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Среда, 18 Февруари 19.02.2026

Send us Fan Mail Утрово Тик Так и Зорка дебатираа за условите и брзината на растењето на брадата. Колку деца според генетиката може да имаме? И што е совршениот рецепт за квалитетниот сон? И не, не е перницата или темната соба! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Четврток, 19 Февруари 19.02.2026

Send us Fan Mail Не очекува период на ретрограден Меркур, Тик Так и Зорка, ви кажаа како да го надминете. Ви раскажавме за приказната на Панч која го растажи светот и лекцијата која може да ја земеме од неа. Каква песна заслужува Скопје? Што пропуштивте утринава, сумирао во 30 минути.

Вторник, 17 Февруари 17.02.2026

Send us Fan Mail Тик-Так прави грешки со Португалскиот кои може скапо да го чинат. Ви откривме какви луѓе ви требаат во тимот на работно место. Што недостига на зимските олиписки игри? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Слухайте подкаст Тик Так и Зорка у Replaio

Радіо та подкасти в одному застосунку - безкоштовно й без реєстрації. Встановіть уже сьогодні та не пропустіть запуск

Завантажити з Google Play

Replaio не є видавцем подкастів; назви шоу, обкладинки та аудіо належать їхнім авторам і поширюються через публічні RSS-канали