Monika

Monika Zec Audio Blog

Kids MK ↓ Episoade: 23

Здраво и добредојде на Моника Зец аудио блогот. Благодарна сум што си тука! На овој блог ќе може да ги слушнеш моите секојдневни приказни, патувањето низ мајчинството, како и за личниот и бизнис развој. Се надевам дека со сите нив ќе те инспирирам да станеш твоја најдобра верзија. Да научиш нешто ново. Да го откриеш целиот твој потенцијал, со цел да имаш многу подобар и посреќен живот. Со љубов, Мони!

Vizitează neapărat site-ul podcastului și susține-i creatorul: www.buzzsprout.com

Autor

Monika

Categorie

Kids

Site-ul podcastului

www.buzzsprout.com

Cel mai nou episod

28 iun. 2025

Unde asculți?

Podcasturi în aplicație Replaio Radio În curând

Podcasturile ajung în curând în aplicație. Instaleaz-o acum și fii primul care descoperă o abordare complet nouă a podcasturilor

Descarcă din Google Play Instalează gratuit Android aproape 10 mil. descărcări · nota 4,8 iOS în curând

Episoade

Кампување со деца 28.06.2025

Добредојде во уште една епизода од мојот подкаст! Овој пат зборувам за кампувањето – како изгледа кога летниот одмор е во камп. Дали сте размислувале некогаш да кампувате со децата? Дали тоа е авантура или само уште една компликација на одморот? Во оваа епизода споделувам наше лично искуство како семејство кое ужива во кампување, а одговарам и на неколку ваши прашања поврзани со логистика, организ...

Семејството како систем 17.01.2025

Во оваа епизода зборуваме за семејството како систем што го градиме секојдневно. Системите се дел од нашето секојдневие, а семејството е еден од најважните. За еден семеен систем да биде здрав и стабилен, според мене потребно е планирање и поставување цели. Планирањето создава основа за функционално и хармонично семејство. Во хаосот на секојдневието, често се губат приоритетите, но замислете како...

Поставување на цели за годината која престои 03.01.2025

Поставувањето цели за секоја нова година е како ритуал за мене, нешто што го негувам веќе неколку години. Овој процес не е само обична задача, туку момент за размислување, планирање и креирање визија за годината што претстои. Поставување на цели, заедно со креирање на vision board е нешто што мене ми дава смисла и насока, јаснотија за тоа што навистина сакам да постигнам, но и чувство на контрола...

Моќта на паузата во бурни денови 14.11.2024

Неодамна ја слушнав оваа порака: „ When you press the pause button on a machine they stop. But when you press the pause on a human being they start. “ Од тој момент, оваа мисла е постојано со мене. Често, во бурни денови и тешки ситуации, забележував како нетрпеливоста и силниот порив веднаш да го решам проблемот ме водат кон стрес и вознемиреност. Вчера, по многу обиди и грешки, за првпат успеав...

Нашата приказна за спиењето - Втор дел 05.03.2024

Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ! Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ. Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она шт...

Постпартум втор дел 18.01.2024

Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024!  Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар. Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мај...

Постпартум и пораѓај 15.12.2023

Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката.  Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите...

Улогата на односот со себе 25.10.2023
Интро во новата сезона 27.09.2023
Една за родителство 25.03.2022

Родителството за мене лично беше најголемиот повик за раст и развој. Родитеството за мене е една од најголемите улоги кои јас можев да ги добијам во мојот живот. Улога која ме натера да се преиспитам колку знам и колку всушност не знам. Улога кога ми кажа дека е време за промени, време за превземање на одговорност и константо работење да бидам подобра личност. Родитеството ме натера да согледам шт...

Значењето на личните граници со Елена Џебр 09.03.2022

Улогата на личните границите е клучна во сечиј живот, и истите имаат големо влијание врз нашата среќа и квалитетот на животот. За жал живееме во општество каде што секојдневно се соочуваме со преминување на тие наши лични границите и некако сме навикнати дека тоа е во ред, а всушност не сме ни свесни колку не е. Живееме во опшество каде постои патерн на однесување и тоа се пренесува од генерации н...

Нашите мисли се нашата среќа 10.02.2022

The only things making you unhappy are your thoughts.  Уште една лекција која животот ми ја наметна е колку моите мисли се тесно поврзани со мојата мојата среќа и среќата на моите најблиски. Во моментот кога ќе сфатите дека решението на сите проблеми се вашите мисли ќе сфатите колку голема контрола имате врз многу работи, вклучувајќи ја и вашата среќа. Проблемот не е во проблемот, туку во вашето р...

Улогата на самостојната игра во развојот кај децата но и кај целото семејството со Марија Илкоска 10.11.2021

Оваа недела мој гостин е Марија Илкоска, или повеќе позната по профилот развој низ игра на инстаграм. Специјален едукатор и рехабилитатор за деца, меѓутоа пред се една феноменална мајка на две мали деца. Оваа недела со Марија разговараме на тема родителство и улогата на родителот во животот на децата. Разговараме на заеднички теми се со цел да ја подигнеме свесноста кај родителите, кај мајките. Но...

Нова сезона нови почетоци 29.09.2021

Нова сезона нови почетоци! Со доаѓањето на есента за мене лично ова е време за нови почетоци. Време е да ги отфрлам сите оние работи коишто не ми служат и да направам место за се она ново што треба да дојде. Превземање на одговорноста за самите нас и будење на свесноста како примарни фактори за било каков почеток се едни од основните алати за креирање на тој позитивен mindset и за култивирање на и...

Baby Led Weaning со мајката Ката 03.06.2021

Во нашата земја сметам дека постои огромен проблем со децата и храната и е нужно потребно се повеќе и повеќе да се зборува на оваа тема се со цел да се едуцираат се повеќе и повеќе мајки. Ова е еден од оние проблеми коишто е клучно да се решат според мене за доброто на детето, а и на мајката. Сметам дека не е хумано и не е фер мајката секој ден да поминува низ толку голем стрес и грижа дали детето...

Приказната позади Kids&Co и сите оние фактори коишто влијаат врз развојот на брендот 05.05.2021

Оваа епизода е повеќе неменета за бизис аспектот на мојот живот, и што точно значи една мајка денес да води свој сопствен мал бизис. Можеби навидум тоа изгледа доста лесно и едноставно, но водењето на свој сопствен бизнис, додека покрај себе имате едни мали рачиња зафатени околу вас, може да е голем предизвик и бара огромна борба, посветеност, самодисциплина и упорност. Но доколку човек го работи...

Навики и рутини кои го менуваат животот 18.03.2021

Јас премногу верувам дека животот е во малите нешта, поточно во малите навики. Како ги поминувате вашите утра, како зборувате самите со себе, што е она што го јадете или можеби читате. Со кого и на што го трошите вашето време и вашата енергија директно има влијание врз квалитетот на вашиот живот. Тоа се работите што го менуваат вашиот живот.  Нашите секојдневни навики и рутини го обликуваат секој...

Нашата приказна со спиењето 27.01.2021

Спиењето кај децата е една од оние табу теми кај нас и сметам дека на оваа тема не се зборува многу од причина што многумина би биле осудувани. Но ако зборуваме јавно на оваа тема сметам дека многу мајки ќе можат да согледаат дека имаат и друг избор, избор којшто можат да го направат и којшто потенцијално може да им го промени животот. Редно време е да почне да се зборува и да се почитува слободат...

Важноста на менталното здравје со Елена Џебр 21.01.2021

Поддршката на вашето ментално здравје честопати може да звучи престрашно и многу комплицирано, поготово поради стигмите коишто кружат во нашето општество за тоа што точно претставува менталното здравје. Но, сметам дека многумина не се ни свесни за улогата на менталното здравје за поубав и посреќен живот.  Во оваа епизода ми се придружува мојот личен тренер, Елена Џебр, магистер по психологија, но...

Нова година, нови почетоци 12.01.2021

Новата година е совршено време за нов почеток. А мислам дека во оваа на сите ни треба нов почеток повеќе од било кога.  Верувам дека за многумина изминатата година беше навистина тешка, и дека е тешко човек да се соочи со иднината, поготово после се она што се случи во 2020. Сите сме свесни дека иднината носи многу непознати работи и многу неизвесности. Ако се чуствувате малку изгубено и не знаете...

Self Care или грижа за себеси, и зошто истата е многу важна. 21.12.2020

Self Care или грижа за себеси е една од оние теми која што кај нас речиси и да не се зборува. Една од оние теми која што дирекно е поврзана со нашето ментално здравје. Многумина не се ни свесни што всушност претставува грижата за самите себе. Не можат да сфатат дека човекот треба да се вреднува себе си подеднакво како и другите. Но тоа е така зошто ние, како општество, не сме научени на тоа. Ние с...

Time Management. Организација. Приоритети 04.12.2020

Ова е мојата приказна за мојата организација на моето време. Како некој кој што веќе 4 години работи од дома, freelance, откако станав мајка почнав постепено да станувам свесна што за мене значи моето време. Почнав полека да ја сфаќам вредноста на истото, и колку времето е единствено нешто со кое што апсолутно никој не може да управува. Откако увидов дека моето време го трошам на многу непотребни...

Нешто повеќе за мене 25.11.2020

Конечно се решив дека е време за аудио запис. Во блиска иднина и подкаст. Се работи на случајот. Сметам дека ваквиот вид на ширење на информации, на пораки, може да е доста покорисен за многумина. Од причина што може истовремено да слушате додека чекате ред во банка. Додека готвите, чистите, спремате ручек. Но исто така е еден добар начин за подобро да ме запознаете мене. Мојот тон, начинот на кој...

Ascultă podcastul Monika Zec Audio Blog în Replaio

Radio și podcasturi într-o singură aplicație - gratuit și fără înregistrare. Instaleaz-o azi și nu rata lansarea

Descarcă din Google Play

Replaio nu este editorul podcasturilor; numele emisiunilor, coperțile și materialul audio aparțin autorilor lor și sunt distribuite prin fluxuri RSS publice