Josif Damjanov

Wellcast with Josif

Health MK ↓ 36 episodes

11 years ago I've involved myself in the fitness and wellness industry. My father was diagnosed with prostate cancer, later it transferred to the bones and after couple of years he was diagnosed with Alzheimer's disease. That was the reason why I went on a mission for healthier and happier life. This podcast has a goal to inspire people and help them achieve quality of living.

Author

Josif Damjanov

Category

Health

Podcast website

josifdamjanov.com

Latest episode

May 15, 2024

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Како да превенираш рак 15.05.2024

Дали си запознаен(а) со најновите откритија во борбата портив ракот? Во оваа епизода, на гости ми е Синиша, млад научник во сферата на медицината, био медицината и вештачка интелигенција. Разговараме за разликите помеѓу медицина и био медицината, улогата на органоидите, и надежите што ги носи имунотерапијата во лекувањето на оваа болест. Дали со добра исхрана и активен живот може да се превенира р...

Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот? 02.04.2024

Дали знаеш дека ATG тренинзитe ја намалуваат бoлката во телото? Во оваа епизода разговарам со Бојан Диков, тренер во ATGMacedonia, кој ни ги открива предностите на ATG методот на вежбање и како може со овој метод на вежбање да се намалат болките во телото. За оние што се заинтересирани за слабеење, има и таков дел - како се постигнуваат саканите резултати. Дополнително ќе дознаеш и за многу други...

Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме? 19.03.2024

Се мислиш да додадеш суплементи во исхраната или веќе ги конзумираш? Не знаеш дали се квалитетни и испитани? Тогаш оваа епизода е за тебе! Зборувам со Катерина Гудева, доктор кој се надоградува во областа на базични и клинички испитувања. Денес таа е со нас да ни каже сè што треба да знаеме за суплементи и лекови. Навлегуваме подетално во влијанието и квалитетот на суплементите, како тие стигаат д...

Хотел со дополнителни услуги за стари лица 20.02.2024

Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од Феникс домови за стари. Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа добиваат, какво мени имаат (тука Мето сподели информации што и мене ме изненадија) и како им се исполнуваат де...

Женско здравје: RED-S синдром 30.01.2024

Девојки и жени – дали сте слушнале за RED-S синдромот? Ако активно или професионално се занимавате со спорт, оваа епизода не смеете да ја пропуштите. Зборуваме за влијанието на циклусот на спортските перформанси, прекин на циклусот при пренапорни тренинзи, последиците од ненавременото третирање на овие проблеми и третманите за надминување на истите. На гости ни е Виолета Николов, специјалист гинек...

Грижа за очите во модерното дигитално време 17.01.2024

Во денешницава факт е дека доминираат екраните. Веројатно и ти или работиш или поминуваш многу време пред екран. Дали се имаш запрашаношто тоа значи за твоите очи? Дали имаш отидено на проверка на видот? Од разговорот со офталмологот Тодор Јаковлевски ќе дознаеш за симптомите на нарушувањата на видот, особено од синдромот на компјутерско око. Ќе научиш како најдобро да ги одмараш очите и кои мерки...

Срце мое не се грижи | Wellcast 30 27.12.2023

Независно колкава физичка активност имаш во животот, треба да се грижиш за здравјето на срцето. Можеби не посветуваш доволно внимание? Повели добра прилика да се информираш. Во оваа епизода гостин ми е д-р Маријана Манеска, кардиолог. Ќе те потсетиме на сите важни работи во врска со срцевото здравје со цел да го оптимизираш твојот начин на живот. Разговараме за најчестите ризик фактори, симптомите...

Безбедност и квалитет на храната 28.11.2023

Знаеш ли дали храната што ја внесуваш е безбедна и квалитетна? Веројатно одговорот е не, но се потпираш на институциите и законите кај нас тоа да го обезбедат за сите. Во ова интервју, разговарам со Александар Диље, агроном, кој што убаво објаснува како функционираат токму овие процеси во однос на контролата на квалитетот и безбедноста на производите што се одгледуваат во Македонија. Слушни ги нов...

Градење отпорност на повреди 15.11.2023

Речиси секој се соочува со рехабилитација еднаш или повеќе пати во животот. Причините се обично некакви повреди настанати од претерано или неправилно вежбање, недоволно вежбање или пак неправилна положба на телото при седење. За соговорник во оваа епизода го имам физиотерапевтот Иван Колачески (@i.kolaceski) кој работи рехабилитација во студио Moves .  Првично зборувавме за тоа како да не се дојде...

Тесната врска меѓу дигестивното и менталното здравје 10.10.2023

Што ни кажуваат најновите сознанија за дигестивното здравје т.е. за последиците од дисбалансот во системот за варење? Што правиш ти за да го оддржуваш твојот дигестивен систем во добра форма? Ако сакаш да провериш дали правилно постапуваш и дали ги имаш вистинските информации, тогаш треба да издвоиш време да го ислушаш овој разговор со нутриционистот Сашо Дрвошански. Зборувавме за многу теми како...

Здравјето на забите како дел од целокупната грижа за себе си 26.09.2023

Здравите заби и правилната орална хигиена не треба да ги занемариме бркајќи го совршениот физички изглед или работејќи на личниот развој. Оралното здравје е дел од целокупната слика за нашата добросостојба. Во оваа епизода, се надевам дека ги поставив сите прашања што ги имаш во врска со грижата за забите. Разговорот со мојата гостинка д-р Матеа Џипунова ми даде доста нови информации, ми потврди н...

Кога деменцијата станува дел од животот 12.09.2023

Тема на оваа епизода во која разговарам со Елеонора Лазарова е деменцијата (и Алцхајмеровата болест).   Информирај се за симптомите на болеста, како и за оние работи што придонесуваат таа да се појави. Слушни и што можеш да направиш како превентива.   Зборуваме и за терапија со лекови, но и алтернативна терапија и колку таа е ефикасна во различни стадиуми на деменцијата. Исто така ги опфативме и н...

Колку е квалитетна храната што ја јадеш секојдневно? 07.06.2023

Знаеш ли што се случува со храната пред да стигне на полиците во еден супермаркет? Испитувањето на прехрамбени производи претставува сложен и долг процес чија цел е на луѓето да им овозможи здрава храна, а воедно и здрав живот. На оваа тема разговараме со Ана од Институтот за аналитичка хемија на храна која ќе ни каже повеќе за тоа како еден производ станува достапен за јавноста, кои фактори влија...

Биди здрава и успешна компанија во чекор со времето 23.05.2023

Модерниот начин на живеење бара модернизирање и на работните места и процеси.  Што е тоа што една компанија ја издвојува од останатите и ја прави да биде во склад со денешницата? Како фирмите се справуваат со новите предизвици што им се наметнати? Во оваа епизода зборуваме со Владимир од одделот за обуки и развој на Seavus за тоа што значи да се биде глобална компанија која вложува не само во прои...

Органска козметика и чаеви за поздрав живот 26.04.2023

Дали внимаваш какви производи користиш и што внесуваш во твоето тело? Важен ли ти е составот на продуктите? И дали истиот влијае на твоите одлуки дали ќе си го купиш производот или не? Во оваа епизода, нашата гостинка Соња од LaSoy ни зборува за органската козметика, како нова гранка во светот на козметологијата, и за разновидните чаеви на денешницата. Доколку сакаш да ја намалиш употребата на хем...

Со информации и логика до здрав живот 03.04.2023

Во оваа нестандардна епизода на WellCast with Josif, на гости ми се повторно Елена Бубало Михајловска и Антонио Велковски. Опфативме многу актуелни теми и дилеми, како што се: - исфрлање на одредени намирници од исхраната - колку треба да се следат трендови во исхрана и вежбање - како мажите да го покачат нивото на тестостерот - како да се спречат женски хормонални проблеми Ако сакаш да создадеш п...

Во потрага по совршениот изглед 27.02.2023

Што е за тебе совршен изглед? Дали се стремиш да изгледаш совршено? Колку изгледот придонесува за позитивно мислење за себе си? Софија Манчева, психолог и фитнес тренер, ги спојува менталното здравје и фитнесот за да постигне целосна трансформација со нејзините програми. Тоа ја прави повеќе од квалификувана да зборува на овие теми кои што на многумина од нас ни се актуелни. Слушни го разговорот и...

Препораки за користење суплементи 14.02.2023

Дали редовно земаш суплементи? Бираш ли какви суплементи купуваш (синтетски или природни)? Ако потврдно одговори барем на едно од прашањава, тогаш неизбежно треба да ја ислушаш емисијава со д-р Александра која што работи во полето на испитување лекови (и суплементи) и нивното влијание на здравјето на луѓето. Ги продискутиравме најчестите дилеми, кои што верувам и ти ги имаш, и дојдовме до заклучоц...

Здрави навики за здраво срце 31.01.2023

Си размислувал(а) ли за тоа како твоите животни навики влијаат на здравјето на твојот кардиоваскуларен систем? Или повеќе си од тие што не се загрижуваат за пречекорувањата на вообичаените параметри (шеќер во крв, холестерол, триглицериди, итн.)? Но, дали покачување на вредностите на овие параметри треба да те загрижува? Дознај во оваа епизода во која гостин е нашиот познат кардиохирург Александар...

Јакнење на самодовербата на жените во бизнисот 16.01.2023

Дали жените имаат поинаков пристап од мажите во бизнисот? Им треба ли охрабрување или не? Или пак само насоки за да го искористат својот потенцијал? Нова епизода на WellCast со Ирена Јакимова, тренер за трансформација за жени во која зборуваме за ослободување на скриените потенцијали кај жените (но и во секој од нас) овозможувајќи ги идеалните услови за раст и развој. Дополнително, ќе слушнеш и за...

Како до успешна фитнес приказна? 01.01.2023

Се гледаш ли како дел од заедница која што ќе те мотивира да го спакуваш егото и да дојдеш и да работиш на своето здравје? Во оваа епизода можеш да се запознаеш со едната половина од тимот на Bubalo.mk , фитнес инструктор Елена Бубало, да слушнеш какви можности нудат, и да ја осетиш заразната енергија на Елена. Со Елена зборуваме за нејзините тренинзи, мотивацијата, создавањето здрави навики за ис...

Бркање виножито или мотивација? Како до подобри перформанси? 14.12.2022

Која е главната мотивација да работиш на себе и како да продолжиш и кога мислиш дека веќе не можеш? Како стануваш подобар човек кога чекор по чекор се доближуваш до замислените цели? Можеш ли за сé да имаш време? Ова се дел од прашањата за кои разговаравме во оваа епизода. Гостин е Томе Попчевалиев (@tomasperformance) кој што во сé гледа предизвик. Активен спортист и натпреварувач кој ќе те натера...

Комплетен личен развој со боречките вештини 29.11.2022

Каква врска има медитацијата со боречките вештини? Како се развива фокусот и сетилата? И како всушност боречките вештини (кунг фу-то) го развиваат и телото и умот? Во оваа епизода ги предизвикуваме стереотипите за боречките вештини со Сифу Предраг Петрески. Разговор полн со интересни факти и искуства што ќе ти го променат погледот на оваа дисциплина. Интересни моменти: [05:54] Каде и кога можам да...

Како хормоните влијаат на дебелината и кое е решението? 15.11.2022

Се бориш со својата телесна тежина? Знаеш ли дека дебелеењето е тесно поврзано со нарушувањето на хормоналниот баланс? Кои се причините за хормонален дисбаланс и кон кои состојби и болести води? Разговараме со Соња Пановска, м-р по јавно здравје и едукатор и нутриционист на лица со дијабет и проблеми со тироидата. Можеби ќе те натераме да размислиш за потеклото на проблемот со дебелината што го им...

Дом за стари лица - да или не? 31.10.2022

Голем дел од луѓето во нашата средина се со ставот дека носењето на родител во дом за стари лица е лошо бидејќи со тоа покажуваме дека не ги сакаме и дека не се грижиме доволно. Но, таквото мислење е во најмала рака неосновано бидејќи животот во домовите и негата што се дава таму е приспособена на потребите на лицата што живеат во нив. Во оваа епизода на WellCast, се дружиме со физиотерапевтот (и...

Listen to the Wellcast with Josif podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.