Гласни идеи
Гласни идеи
Подкастот Гласни идеи настана како иницијатива да се слушнат обесправените работници, да се истакнат потребите на социјално загрозените лица, и да се потенцираат проблемите кои ги засегаат сите луѓе, а кои не стигаат до најавните шпици на вестите и не се топ тема во интернет просторот. Гласни идеи е еманципаторска и организациска алатка на група активисти со социјалистички поглед на стварноста – која е нашминкана или под тешки слоеви магла, благодарение на владејачката идеологија. И додека останатите медиуми гребат по површината на проблемите или прикажуваат сосема искривена слика за состојбит...
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Депрограма еп 27 – СТАРИ СКОПЈАНИ / Deprograma ep 27 – SHKUPJANËT E VJETËR 15.12.2025 1:05:07
Дебатно-едукативниот караван се врати во Скопје каде со другарите Александар Митров – туристички водич, и Зоран Василески – истражувач на минатото, во фокус ни е периодот меѓу двете светски војни, воениот и повоениот период, односно: – Скопје меѓу 1919 – 1939 | Хотели, бордели, жандармерија, колонисти, контра чети, атентати, сликари, поети, буржуи и пролетери, Спиро […]
Депрограма еп 26 – ЗАПАДЕН И ИСТОЧЕН БАЛКАН / Deprograma ep 26 – BALLKANI PERËNDIMOR DHE LINDOR 15.12.2025 59:13
Балканот на големите сили? Балканот на балканските народи? Обединет Балкан… Уставна монархија? Империјалистичка колонија? Федерација на републики? Или федерација на региони и комуни? Народњаштво, социјал-утопизам, анархизам, социјализам и марксизам. Светозар Марковиќ, Љубен Каравелов, Димитар Благоев и Димитрије Туцовиќ. Прва и втора балканска Социјалдемократска/Социјалистичка Конференција,...
Депрограма еп 25 – БИТКАТА ЗА СОЛУН / Deprograma ep 25 – BETEJA PËR SELANIKUN 15.12.2025 53:17
Во оваа епизода на Депрограма разговараме за најзначајните настани и процеси со повеќевековно и повеќедецениско одвивање, односно: – За начините за решавање на т.н Источно прашање, односно за судбината на европскиот дел на Османлиската империја во распаѓање; – За буните и востанијата задушени во крв, поттикнати од гладот за земја и безвластието во периодите на […]
Депрограма еп 24 – НОВА КЛАСА – НОВИ ВЕСНИЦИ / Deprograma ep 24 – KLASË E RE – GAZETA TË REJA 15.12.2025 1:03:27
Во оваа епизода на Депрограма со Ивана Хаџиевска и Зоран Василески, ги отвораме страниците на скриената работничка историја на новата класа која стапи на балканската политичка сцена зовриена од нерешени верски, национални и други територијални прашања. Тврдиме дека се работи за скриена историја која не се изучува преку формалното образование и не се дебатира, затоа […]
ДЕПРОГРАМА ЕП 23 – Национално будење и кошмар / DEPROGRAMA 23 – Zgjimi kombëtar dhe makthi 15.12.2025 1:03:16
Во оваа епизода на Депрограма со другарите Васко Гичевски и Зоран Василески, со мислите сме во 19 век, за да сфатиме како се одвивало националното будење на балканските народи во конкретните материјални услови, но и за последиците од идеите за големи држави за сметка на други, сеништа од минатото од кои не е поштедена сегашноста. […]
ДЕПРОГРАМА ЕП 22 – Вистинското ВМРО / DEPROGRAMA EP 22 – VMRO-ja e vërtetë 15.12.2025 55:44
Во оваа епизода на Депрограма со другарите Евгениј Литовски и Зоран Василески, разговараме за историското ВМРО, односно: – За организацијата на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, за вооружените пресметки на ВМРО со КПЈ и ЕЛАС, за т.н Независна Држава Македонија и т.н „Крваво коледе“. – За врската меѓу силите на оската со ВМРО, за низа […]
ДЕПРОГРАМА ЕП 21 – Најстариот народ на Балканот / DEPROGRAMA EP 21 – Populli më i vjetër në Ballkan 15.12.2025 57:56
Во оваа епизода на Депрограма со другарите историчари Ивана Хаџиевска и Васко Гичевски разговараме за: – феноменот и потребата да се биде најстар народ на Балканот; – дали во официјалната државна историја доминира етноцентричното гледиште; – какво е влијанието на популарните наративи на онлајн просторот и кому служат истите; – за ревизионизмот и начините на […]
ИНТЕРВЈУ: Вработување со поддршка / INTERVISTË: Punësim me përkrahje 05.06.2025 23:36
Со Јасмина Калеовска од здружението Мој социјален работник, разговараме за предизвиците со кои се соочуваат луѓето во процесот на барање работа. Особено внимание посветиме на можностите за вработување на лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, како и на можноста за вработување со поддршка. Конечно, од личното искуство во работа со невработени лица, приматели на […]
ДЕПРОГРАМА ЕП 20 – Возможен ли е свет без насилство? 05.06.2025 52:05
Во оваа епизода на Депрограма, Руфат, Мариглен и Џејлан, поттикнати од се поголемиот број случаи на семејно и врсничко насилство, разговараат за причинско последичните врски кои доведуваат до нив, проширувајќи ја темата и на трудовата експлоатација. Иако официјално се води борба против овие појави, особено во делот на спречувањето на семејното и меѓуврсничко насилство, сепак […]
ИНТЕРВЈУ: Првите партизански одреди во Куманово / INTERVISTË: Aradhat e para partizane në Kumanovë 05.06.2025 28:14
По повод 80 години од победата над фашизмот, Гласни идеи беше во Куманово, градот со кој се врзани самите почетоци на НОБ, град на скоевци, илегалци, првоборци и партизани. Наш соговорник/домаќин е Стефан Илиевски со кого тргнавме по стапките на Карадачкиот и Козјачкиот партизански одред, односно бевме на местата „Менкова колиба“ и „Студена Вода“, каде […]
Similar podcasts
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.