Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episódios

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Não deixe de visitar o site do podcast e apoiar quem o produz: www.tiktakizorka.mk

Autor

Тик Так и Зорка

Categoria

Comedy

Site do podcast

www.tiktakizorka.mk

Último episódio

14 de mai de 2026

Onde ouvir?

Podcasts no app Replaio Radio Em breve

Os podcasts estão chegando ao app. Instale agora e seja o primeiro a descobrir um jeito totalmente novo de curtir podcasts

Baixe no Google Play Instale grátis Android 5 mi+ downloads · nota 4,8 iOS em breve

Episódios

Понеделник, 27 септември 27.09.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес со дегуситација на првиот ајвар пратен од слушатели. Како да се "одљутиш" ако не поднесуваш луто?  Кој е последниот посетен курс откако сте возрасни луѓе? Тик Так со брилијантна идеа за нова академија чија светла иднина може да донесе огромен успех. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 24 Септември 24.09.2021

Send us Fan Mail Петочки дискутираме што е заедничко кај Бугарите и Македонците преку два примера од дневните билтени. Кое е вистинското име на филмот Брилијантин и како е дојдено до преводот? Што пропушти, преслушај овде

Четврток, 23 Септември 23.09.2021

Send us Fan Mail Зорка за прв пат седнува во фотеља. Какво е чувството и кои се нејзините реакции? Колку се промени образованието од минатото до сега и кој е единствениот предмет кој не се изучува во училиште, а брзо еволуираше од 70тите до денес? Роденден и љубовна приказна на Зоран и Љубица за сите генерации. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 22 Септември 22.09.2021

Send us Fan Mail Денес, Тик Так и Зорка прават анализа на бизнис план за испорака на бурек и го развиваат концептот на првата македонска видео игра за major gaming платформите со работен наслов  "Потрага го мајсторот". Како ви изгледале ниво тоа и што треба за да се помине на следното.  ги поминуваме нивоата едно по едно. Роденденски го баравме Боре, од планина горе. Што пропушти утринав...

Вторник, 21 Септември 21.09.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес, со интерпретација, Ви покажаа како изгледа една дебатна политичка емисија. Што е џенем и кој е усул? Колку се важни "хејтерите" за славните личности? Што пропушти утринава,  сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 20 Септември 20.09.2021

Send us Fan Mail Колку и какво творештво поседуваме на тема ајвар? Дали психологијата може да влијае на фокусот со помош на минимални  стикери? По што би ја паметеле Билјана ако не белеше платно? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Петок, 17 Септември 17.09.2021

Send us Fan Mail Колку новчаници треба за една минимална, а колку за една просечна плата? Која банкнота има најголема куповна моќ во светски рамки?  Што жените не знаат за мажите? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 16 Септември 16.09.2021

Send us Fan Mail Зошто гулабарството како хоби исчезна.? Дали поради човековата мрза ќе воскреснат бањите (закажуваш, одиш, те бањаат и си одиш дома). Што е тоа што другите го сакаат а ти го мразиш? Како изгледа предизборна кампања од гледна точка на маркетинг агенција? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 15 Септември 16.09.2021

Send us Fan Mail Колку е Важно да имаш добри колеги и дали е уште поважно да имаш добар фризер? Според кои критериуми се бира фризер и што се прави фризерот, а не е во опис и попис на работни задачи. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 14 септември 14.09.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ве прашаа што би донеле на забава, а да почнува на првата буква од Вашето име. Што значи цакум-пакум? Кое е образложението на бабите кои ти поставуваат незгодни прашања пред останатите членови на семејството или нејзините пријателки? Организираме натпревар на тема ајвар. Деталите за конкурсот ќе ги објавиме наскоро- но што е потребно за да учествуваш? Што про...

Понеделник, 13 септември 13.09.2021

Send us Fan Mail Понеделник во знакот на прашањата без одговор. Зошто, од каде и кога се користи средното име? Тик Так и Зорка се обидуваат да ги решат нерешените мистерии и ви ја откриваат тајната на лесно достапност паркинг место , каде сакаш и колку сакаш, со вклучување на едно единствено копче. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 7 Септември 09.09.2021

Send us Fan Mail Како звучи интервју за вработување? Тик Так во улога на кандидат, а Зорка во улога на работодавец, одговараат на досадните 20 прашања кои ќе ги сретнете на секое интервју за работа. Што во превод значи динамична работна средина + бонуси, во пари? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

Понеделник, 6 Септември 06.09.2021

Send us Fan Mail Благ Понеделник заедно со Тик Так и Зорка. Дали торта се јаде со лажичка или вилушка?  Која е Вашата омилена торта? Замислуваме како би изгледало мени, во иднината, ако тортите би носеле имиња на истакнати политичари. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Петок, 3 Септември 04.09.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утрово зборуваа на тема свадби, обичаи, музика, гости. Кој е Ристо од комитет, присутен на секоја семејна веселба, и член на сечие семејство. Многу свадбарски приказни од слушателите и еден феноменален роденден.  Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.  

Четврток, 2 септември 02.09.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес резимираат што се научивме од цртаните филмови со кои пораснавме. Која е просечната должина на однос меѓу мажот и жената во споредба со животните? Експертските мислења на доктор ветеринар и доктор психолог ни разрешија многу дилеми. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 1 Септември 01.09.2021

Send us Fan Mail Први септември, почеток на учебната година и посетување за нашите наставнички. Слушател со трогателна приказна за најдобрата наставничка. Каде бурекот е најубав и дали вреди да се избега од инфективно за бурек? Колкава е издржливоста на Нокиа? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 31 Август 31.08.2021

Send us Fan Mail Што навистина сакаат мажите од жените? Споредба на искуство за жените кај нас и во странство на македонец кој живее во Австралија. Македонците пак тврдат дека жените се непристапни, зошто е тоа така? Јазиците на љубовта во бракот, напишани од разведен автор-кој е твојот? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 30 Август 30.08.2021

Send us Fan Mail Нова работна недела со бескорисни факти, работи кои никако не треба да ги кажеш на тазе брачен пар и квиз за да провериме колку Тик Так го познава турбо-фолкот.   Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 27 Август 27.08.2021

Send us Fan Mail Од комплимент до комплимент- топло ладно на македонски начин. Колку пати сте се излажале заради добра приказна да гледате филм кој е очајно досаден? Кои се нај(не) иновативните откритија што не доживеале успех? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 26 Август 26.08.2021

Send us Fan Mail На што ги трошат богатите своите милиони? Откривме која е најгрдиот автомобил на сите времиња. Новите производителни на асфалт додават арома во составот, на што би требало Скопје да мириса? Дали читате книги и колку трошите месечно за нив? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 25 Август 25.08.2021

Send us Fan Mail Среќна и насмеана Среда со Тик Так и Зорка, а во неа зборувавме за сообраќајната гужва низ Македонија, иронијата во животот и воспитувањето на децата. Додека гласно се смеевме ви понудивме и неколку бескорисни факти кои ќе можете да ги искористите при разговор, а добивме и корпа од еден од реденденковците. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 24 Август 24.08.2021

Send us Fan Mail Што е заедничко за свадба и избори? Зорка со нов креативен начин како да лимитираш парчиња облека во гардеробер и два просечни родендени.  Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 23 Август 23.08.2021

Send us Fan Mail Денес анализира  која возраст Македонските „деца“ се иселуваат од дома и проверуваме каде котираме по тоа прашање во глобални рамки.  Бараме преведувач од Малешевски на Скопски, а за еден од родендените, Тик Так  е во улога на мајстор посредник за темели, со работно искуство кај Нина и Панче. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минуту!

Петок, 20 Август 2021 20.08.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка  разговараат на тема добивки од играње лото, грепки и наградни игри. Дали и колку е исплатливо за фирмите да организираат наградни игри? Температурни разлики и патешествија, жена по пат на хипноза го терала мажот да ги врши сите домашни работи. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 19 август 19.08.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утринава дебатираа на тема диети. За која храна би ја прекршиле диетата и која диета е најсоодветна за тебе? Што ако роботи нѐ заменат сите нас во извршувањето на секојдневните обврски? Како би звучел Тик Так како робот? И  колку метални пари можеш да собереш во пластично шише од 0,5 литри? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. !

Ouça o podcast Тик Так и Зорка no Replaio

Rádio e podcasts em um só app - grátis e sem cadastro. Instale hoje e não perca o lançamento

Baixe no Google Play

O Replaio não é o publicador dos podcasts; os nomes dos programas, as capas e o áudio pertencem aos seus autores e são distribuídos por feeds RSS públicos