Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Author
Тик Так и Зорка
Category
Podcast website
Latest episode
May 14, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Среда, 5 јули 2023 05.07.2023 20:22
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка утрово се прашуваа зошто нема професионален "лизнувач" во белата куќа? Можете ли да ја изиграте играта на пасворди, до каде стаса Тик Так? Новиот тренд на Тик Ток предвидува користење на пивото освен за пиење на плажа и за нешто друго. Дали телефонот ви е на нечујно? Новите светски истражувања покажуваат опасност од оваа опција. Се што пропуштивте, преслу...
Вторник, 4 Јули 04.07.2023 25:07
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес зборуваа за математиките во месецот, односно колкава плата би требало да земате за да живеете прикладно? Кои се најслушаните реченици на плажа? И што е тоа- друг се лути, а ти не можеш на работа да стасаш? Кој победи во гатанките? Се што пропуштивте, преслушајте овде!
Понеделник, 3 Јули 03.07.2023 32:15
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка, повторно заедно после паузата од 2 недели каде Зорка замина на летен одмор. Но, планот дома и на одмор не е секогаш ист. Што и се случи на Зорка додека беше таму? И дали песните кои се слушаат ве текот на летото оставаат траг низ нашата меморија? Како би звучел all inclusive хотел во Македонија? Што пропуштивте, преслушајте овде!
Четврток 22 Јуни 22.06.2023 16:04
Send us Fan Mail Тик Так и Ива утринава зборуаат за месо прозиведено во лабораторија, за читање книги на плажа и зошто храната за носење секогаш се носи со пластика. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути..
Среда, 21 Јуни 22.06.2023 31:45
Send us Fan Mail Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!
Вторник, 20 Јуни 20.06.2023 24:28
Send us Fan Mail Тик Так и Ива дебатираат од потребата од количики за бебиња од 1500 евра, дискутираат за тоа што се случува во Скопје и анализираат непотребни факти. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 19 Јуни 20.06.2023 29:59
Send us Fan Mail Зорка е на одмор, жешкото столче го држи Ива и веднаш сака да го тестира Тик Так колку е физички спремен. Имаме гатанки, бескорисни факти и еден куп муабет. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Петок, 16 Јуни 16.06.2023 33:19
Send us Fan Mail Во денешното издание на Тик Так и Зорка, ви ја претставивме Ива Позитива, со чија енергија Тик Так ќе се труди да ве засмејува секое утро во следните 2 недели, додека Зорка е во лов на богатството од нејзиниот прадедо на Малдивите. Што е новото романтично, а што манијакално? И кога е вистинското време да се пензионирате? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути.
Четврток, 15 Јуни 15.06.2023 24:09
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка инспирирани од министерството за среќа во Бутан, ве прашаа, какво министерство сметате дека и фали на нашата земја? До каде оди човековата глупост и лудост кога е во прашање тестирањето на важноста на еден човек во неговото семејство. Ја научивме приказната за пчелата и осата преку гатанките, а Тик Так цел ден креваше два прста за да го каже одговорот. Што пропушти...
Среда, 14 Јуни 14.06.2023 29:51
Send us Fan Mail ик Так и Зорка во среќна Среда со сите расположливи инструменти, ќе се потрудат да ја направат уште посреќна! Сте слушнале ли за јога со смеење? И од каде периодов имавме најголем број на туристи? Колку е совршено човековото тело и дали е случајно издизајнирано така? Се што пропуштивте утринва, преслушајте овде
Понеделник, 12 Јуни 13.06.2023 32:06
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка во комплетирано издание овој Понеделник. Малку повеќе дискутиравме за превозот, односно реалната состојба на патишта, новите казни во Грција, автобускиот превоз и на крај возот како транспорт до работното место, и оправданијата што кондуктерите ги даваат доколку задоцните. Неколку гатанки и вистинска борба за поен плус. Што пропуштивте денес, преслушајте овде.
Вторник, 13 Јуни 13.06.2023 28:12
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ве потсетија на најинтересните моменти од рекламите од минатото. Ве вративме назад, да ги помирисате најинтензивните мириси кои мирисаат на спокој и детство, а потоа компаративно го објаснивме одењето на нудистичка плажа. Денес гатанки, кои повеќе не насмеаа отколку што не надмудрија. Што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 7 јуни 07.06.2023 30:31
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка на тема човековата глупост и нејзината бескрајност. Што е рецептот за балкански лузер? Што била примарната дејност на одредени светски компании? Како една девојка заработува пари, тестирајќи ја вероноста на мажите? Се што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!
Вторник, 6 јуни 06.06.2023 23:35
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес го разграничуваа машкото и женското значење на одредени реченици. Гужвата на граници како составен дел од секое патување, колку ви пречи и како ја користите? Кои се најчудните работи што луѓето ги забораваат во такси? Што пропуштивте, преслушајте овде
Понеделник, 5 Јуни 05.06.2023 30:47
Send us Fan Mail Прирачник за бебиња, фалсификувани банкноти и гатанки! Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Четврток, 1 Јули 01.06.2023 31:52
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка во денешното издание на утринската, се тестираа, информираа и изнасмеаа. Дали е ок да се шета гол по дома и кому тоа најмногу му пречи? Нерешен резултат по којзнае пат меѓу Тик Так и Зорка, а доколку ги пропушти, преслушај ги овде.
Среда, 31 Мај 31.05.2023 29:20
Send us Fan Mail Денешното издание на Тик Так и Зорка го посветивме на најубавите плажи и новите цени и грамажата на сладоледите. Народни лекови на модерните проблеми - како да се спасиме од првата наезда на комарците? Слушателите замешаа прсти во гатанките и резултатот нерешен. Што се пропуштивте, преслушајте овде
Вторник, 30 Мај 30.05.2023 26:35
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви покажаа како да ја тестирате интелигенцијата на вашето куче. Зборувавме за парите, банкнотите, банките.... се што не знаевте, ќе научите денес. Две гатанки од слушатели и резултат кој не баш ни се допаѓа. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Понеделник 29.05.2023 30:39
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка, утринава го стартуваат денот со мудростите што ги содржат одредени книги, за старт на денот и тринаесеттата плата. Потоа анализата продолжува на поинаква тема, детските песнички и нивните скриени пораки. Од каде симболот @ е крстен "мајмунче"? Сѐ што пропуштивте, сумирано во 30 минути.
Четврток, 25 Мај 25.05.2023 24:23
Send us Fan Mail Измешани брзини со деновите но и со времето надвор, како да се препливаат деновите и да се остане весел? Се потсетуваме и на Денот на Младоста и штафетата која патувала илјадници километри пред да биде врачена на Тито. Резултатот нерешен. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 23 Мај 23.05.2023 29:00
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес, на денот на власите со акција- најди Влав, почасти го! Анализа на традицијата на Тик Так за овој ден, и вашите шеги во продолжение. Бомбастични наслови на обични вести, и што тоа ние гуглавме во изминатите 12 месеци? Се што пропушти утринава, преслушај овде
Понеделник, 22 Мај 22.05.2023 30:02
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка понеделнички ви се пожалија кој од што го добил воспалението на мускулите, а најдоа и иљач за маката. За што сѐ ќе се казнуваат туристите во Хрвстска ова лето? Зорка спремна за работа на некоја менаџерска позиција според истражувањето на Тик Так. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Четврток, 18 Мај 18.05.2023 32:29
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес се потсетија на матурските денови и ви го открија значењето на денешниот ден на меѓународно ниво. Кој е последниот музеј што сте го посетиле? И како да препознаете дека некој лаже? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 18 Мај 17.05.2023 29:55
Send us Fan Mail Како би ги поминале последните 30 минути, ако знаете дека доаѓа крајот на светот? Тик Так и Зорка ви ја уништија романтиката и ви раскажаа за 145-те месечини на Сатурн. Денес ја отворивме пандорината кутија со равенки и математички задачи за тоа кој кому му е чичко, тетин или стрина.... Завршивме повторно нерешено, ама борбата беше тешка. Сè што пропуштивте, сумирано во 30 минути
Вторник, 16 Мај 16.05.2023 27:22
Send us Fan Mail Денешното издание на Тик Так и Зорка, мирисаше на бебешко и старешко. Кои се најубавите мириси на светот? Која е најлудата семејна тужба на светот? Тик Так се обидува да измисли јазик, за потребата на една серија, а Зорка му израмни резултат. Што пропуштивте денес преслушајте овде
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.