Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Author
Тик Так и Зорка
Category
Podcast website
Latest episode
May 14, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Среда, 18 Август 2021 18.08.2021 42:06
Send us Fan Mail Денешната дружба на Тик Так и Зорка изобилуваше со поделени ставови и мислења. Дали треба да му кажеш на пријателот/пријателката ако нивниот партнер/ка ги изневерува? Откриваме кои се најубавите жени на светот и колку часа на ден жената е најубава. Што пропуштивте утрива, сумирано во 30 минути!
Вторник, 17 Август 2021 17.08.2021 32:14
Send us Fan Mail Денешното будење го посветивме на СМОКИТЕ.- од начин на јадење па се до содржина. Ве прашавме што би направиле со 5 000 евра. Дали Тик Так ќе успее да ги најде теглите ајвар кај роденденката? Што пропуштивте утринава, сумирамо во 30 минути.
Понеделник, 16 Август 2021 16.08.2021 36:34
Send us Fan Mail Денес, ги откриваме животните вистини што секоја жена мора да ги знае за мажот. Го анализираме потеклото на зборовите појадок и доручек и се прашуваме дали пиењето кафе е државен непријател број 1. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Петок, 13 Август 2021 13.08.2021 38:52
Send us Fan Mail Петочки, воведуваме нова игра која се вика КОЈ ЛАЖЕ. Со оглед на тоа дека секој хотел кај нас си става ѕвезди по желба, откривае кои се критериумите за доделување ѕвези на светстко ниво и пробуваме да замисиуме каков би бил животот на супер луксузна пловна зграда со 7 ѕвези. Проверивме колку зборови знаете на буквата Љ и објаснивме зошто Охридското езеро во текот на летото го зго...
Четврток, 12 Август 2021 12.08.2021 34:04
Send us Fan Mail Кој е најкреативниот прекар на професор кој сте го слушнале? Кој прекар го имаше Вашиот професор и зошто? Зошто сите експерти за љубовни врски се сингл? Како правилно да ја "дозирате"вистината? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 11 Август 2021 11.08.2021 36:57
Send us Fan Mail Инспириран од рубриката “тетка Савета” Тик Так одговара на љубовни прашања, ама од машка перспектива. Зорка слави роденден, а Тик Так евоцира спомени од средношколски денови и списанијата Чик и Стар. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 10 Август 2021 10.08.2021 34:47
Send us Fan Mail Што е шушумига и како се користи? Дали треба да се знае платата на колегата и зошто да или не? Тетовската свадбовна сага, корона на пајдушко. Одговор на сите овие прашања ќе слушнете од денешното издание на дружбата меѓу Тик Так и Зорка. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!
Понеделник, 9 Август 2021 09.08.2021 39:27
Send us Fan Mail Нова сезона будење со Тик Так и Зорка, а во неа разговараме за совршениот одмор. Која е поврзаноста на македонскиот просечен работник и цвеќето? Од светските трендови, кои полека се пресликуваат кај нас го извдојуваме откривање на полот на бебето во бременоста, проследено со забава, авиони и торти. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Четврток, 24 јуни 24.06.2021 18:44
Send us Fan Mail Растурени љубовни врски како резултат ма ретрограден Меркур. Како најдобро се лечи депресија? Како мито и корупција работат во пракса. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 23 јуни 23.06.2021 31:16
Send us Fan Mail Колкава и каква мотивација му треба на маж за да на +40 чисти автомобил?. Да имаш можност, која македонска ѕвезда би сакал да ти го испере автомобилот и зошто по пералните не работат жени? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 22 Јуни 22.06.2021 35:41
Send us Fan Mail Жолто небо над Скопје, високи температури, фудбал. Кои се најбизарните сообраќајни закони ширум светот? Зошто се почесто низ Македонија недоразбирањата се решаваат со тупаници? Идеа за збратимување на македонските и британските основни училишта со една основна цел- која? Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути.
Понеделник, 21 јуни 2021 21.06.2021 40:01
Send us Fan Mail На што ве асоцира недела? Како Старо Купујем еволуираше со текот на годините. Дали стануваме “инстант културни” веднаш штом излеземе од државава? Корисни совети за правење бургери и зошто треба да носиш чорапи со папучи. Што пропушти утринава, сумираме во 30 минити.
Четврток, 17 Јуни 17.06.2021 29:42
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес се потсетија на царот на македонските народни приказни, Ѓорѓи Колозов и неговите најсмешни реплики. Зошто е важно 40 дена по раѓање бебето да не излезе од дома? Постојат ли песни кои до ден денес ги пеете грешно? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 16 Јуни 2021 17.06.2021 33:30
Send us Fan Mail Што можеш да кажеш на фризер, но не и за време на водење љубов, и уште неколку филозофски прашања кои не мачат. Што ако уредите од домаќинството беа супер паметни? Дискутираме за корона пронајдок кој може да го промени светот Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Вторник, 15 Јуни 15.06.2021 36:59
Send us Fan Mail Отворивме една стара болна тема- вошки! Колкав е просечниот национален IQ, дали оди нагоре или надоле? Каков IQ имаат Тик Так и Зорка и кој има поголем? Кои работи ги правиме често, а може да се опасни за нашето здравје? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 14 јуни 14.06.2021 16:45
Send us Fan Mail Денес ја нема Зорка. Имаме два родендена и практични совети како да се справиш со мали деца додека ги чуваш.
Петок, 11 Јуни 2021 12.06.2021 29:34
Send us Fan Mail Тим Тик Так или Тим Зорка? На чија страна се слушателите? Што открива позицијата на спиење за твојот карактер? И дали името има некаква поврзаност со ведрината и позитивата во карактерот? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути
Четврток, 11 јуни 2021 11.06.2021 35:25
Send us Fan Mail Како изгледаше најлошиот одмор во животот на Тик Так? Зорка размислува за патентирање на најмакедонскиот изум- селективно слушање. Селски туризам? Или хотел со 5 ѕвезди? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 9 Јуни 09.06.2021 23:22
Send us Fan Mail Што е патетика, а што романтика според просечниот македонски маж? Каква поврзаност имаат свеќите и многудетноста на семејството? Која е совршената замена на класичниот подарок - цвеќе? Денес, посебна личност слави роденден, виновникот за постоењето на Тик Так и Зорка. Дали ќе успееме да го изненадиме? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 8 Јуни 2021 08.06.2021 35:36
Send us Fan Mail Денес и објаснуваме на Зорка како функционирало запознавање на партнер пред да се појави интернетот и социјалните мрежи. Која е мистеријата на Огласним М? Имаме еден куп коментари преку социјалните мрежи за тоа како нашите слушатели се запознаеме и телефонско јавување кое ни разреши дилема која сами си ја наметнавме.
Понеделник, 7 јуни 07.06.2021 35:01
Send us Fan Mail Ги анализираме песните кои сите се срамат да признаат дека ги слушаат, а чии текст го знаат напамет. Што може да откриеме за некоја личност со анализа на ракописот? Имаме и три родендени, од кои два доаѓаат директ од САД. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Петок, 4 Јуни 2021 04.06.2021 28:34
Send us Fan Mail Тик Так со болка во грлото на судни маки ја истурка денеска емисијата. Зборуваме за мода и трендови кои со нетрение ги очекуваме да се вратат, плус изненадуваме роденденци. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути
Четврток, 3 јуни 03.06.2021 33:52
Send us Fan Mail Согласно протоколите за свадби, ако гостинот има температура повисока од 37.5 нема да биде примен. А што се случува со поредокот?? Дали ги памтите најважните броеви? Тик Так денес поднесе мотивационо и CV за работната позиција од неговите сништа. Дали Зорка ќе го земе предвид ќе дознаете ако преслушате што пропуштивте утринава.
Среда, 2 Јуни 02.06.2021 23:36
Send us Fan Mail Среќна среда, во која не пропуштивте ама баш ништо, или во ученички жаргон, кучето ни ја изеде домашната. Ако не веруваш, клик плеј.
Вторник, 1 јуни 01.06.2021 38:38
Send us Fan Mail Денес дебатираме дали е подобро да се живее во куќа или зграда, анализираме живот со комшии и бараме храбри волонтери да кажат зошто прекршиле полицискиот час. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.