Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 795 episodes

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Author

Тик Так и Зорка

Category

Comedy

Podcast website

www.tiktakizorka.mk

Latest episode

May 14, 2026

Where to listen?

Podcasts in the app Replaio Radio Coming soon

Podcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts

Get it on Google Play Install for free Android 5M+ downloads · 4.8 rating iOS soon

Episodes

Петок, 5 Ноември 05.11.2021

Send us Fan Mail Ретро Петок со Тик Так и Зорка -  се потсетивме Универзалната сала и сите манифестации кои со годините се изгубија и подзаборавија во минатото. Кој е последниот концерт/настан кој го следевте таму? Тик Так открив која е неговата совршена песна за прв танц на младите на свадба. А дискутиравме и за најголемиот страв кај еден човек. Што пропушти, преслушај овде

Четврток, 4 Ноември 04.11.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес дискутираа за важноста на Viber групи. Во колку од нив учествувате вие? Кои се најзастапените алергии ширум светот? Еден неуспешен роденден во Битола и многу успешни шеги на сметка на секојдневието.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 3 Ноември 03.11.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка оваа среќна Среда Ве навратија наназад во детството за да Ве потсетат на најубавите детски цртани со кои пораснавме. Зорка одлично препознава цртани според познати реплики, а се потсетивме и на еден глас кој и ден денес маѓепсува кога го слушате.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

Вторник, 2 Ноември 02.11.2021

Send us Fan Mail Денешното будење со Тик Так и Зорка беше посветено на пазарите и шпилот карти. Откривме кој е најскапиот пазар  и зошто попот срце нема мустаќи, но и се потсетивме на најиграните игри со карти од младоста. Како се игра најпознатата битолска игра со карти бељот? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 1 Ноември 01.11.2021

Send us Fan Mail Нов ден, нов понеделник, нов месец, се е ново, само Тик Так и Зорка стари. Зборуваме на тема дали тие што остануваа на час кога цел клас бегаше станаа луѓе? И кои се причините за бегање од часови? Тик Так со став дека бегањето не е решение за проблемите.  Дали е во право? Што пропуштивте денес, сумирано во 30 минути. 

Петок, 29 Октомври 29.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зоркасе присетија на сите коментари што нашите мајки ги имаа  во процесот на средување на домот а кои се пренесени од колено на колено, па сега ги користиме и ние. Што е правилно воспитување - казни или пофалби? Колку се смениле стандардите за убавина од пред 10 години до сега?  Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 28 Октомври 28.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес зборуваат за еволуцијата на бубашвабите и плејлистата посветена на Бубамарите, од разни краишта на Македонија. Кои се изумрени работни позиции во светот кои за некое чудо, сеуште виреат во Македонија? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 27 Октомври 27.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка го анализираат предизборниот материјал кај нас во споредба со Германија. Што би било совршен маркетинг материјал? Што е толку интересно во музејот на пропаднати врски и музејот на пропаднати работни места? 2 прпопаднати родендени и куп слушателски јавувања. Што пропушти денес, преслушај овде.

Вторник, 26 Октомври 26.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка откриваат кој датум е денес во Етиопија, со оглед на тоа што тие имаат свој календар. Доколку изборот е шефот, партерот или родителите со кого би се искарале? Каква улога има гушкањето на крави во подобрувањето на расположението?  Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 25 Октомври 25.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зора понеделнички ве враќаат на детството- дали сте по професија она за кое мечтаевте во детството? Знаете ли колку членови брои најголемото потесно семејство? Која е дефиницијата за ДОМАЗЕТ?  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 21 Октомври 21.10.2021

Send us Fan Mail Во Четврток наутро правиме компарациите помеѓу секојдневниот живот и тв серија од Ирска од 80тите.  Го споредуваме менструалниот циклус со циклусот на плата и добиваме предлози од слушатели политички да се активираме. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Среда, 20 Октомври 20.10.2021

Send us Fan Mail По повод меѓунаредниот ден на храната Тик Так и Зорка ја отворија пандорината кутија наречена МАКЕДОНСКИ ПОЈАДОК. Која е тајната што се крие во популарната "тепана сол" и зошто е толку слатка? Немаш идеја што следно да јадеш? Повели преслушај ако не пропушти, гледен нема да дослушаш, не прашувај како знаеме

Вторник, 19 Октомври 19.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка, по повод роденденот на фичото со тон бескорисни но крајно смешни факти. Прашања без одговор, кои раѓаат само нови прашања. Како би ги одговориле истите? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 15 Октомври 14.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес го анализираа пристапот " Знаеш ли кој сум јас", широко распространет и доста користен кај Македонскиот народ. Што е убавина кај нас, а што во светот? Мјанмар или Мајмарн? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути!

Среда, 13 Октомври 13.10.2021

Send us Fan Mail Мажите и жените, не можат едни без други, а толку се различни. Чиј мозок е поголем и на кој начин функционира? Колку го користиме мозокот ?И на што ви текнува прво кога ќе помислите на некој град? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 12 Октомври 12.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка, овој Понеделник во Вторник зборуваа за најомразениот збор периодов. Која е сличноста меѓу матурата и изборите? Колку е важна и неопходна улогата на кумот и каква лекција кумот треба да му пренесе на детето? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Петок, 8 октомври 08.10.2021

Send us Fan Mail Петок е ден за македонска музика, плус  ви откриваме како да си го подобриш престојот во хотелска соба и какво влијание има движењето на директниот Плутон врз хороскопските знаци. Најголемите македонски хитови на радио, плејлиста креирана од Вас. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 7 Октомври 07.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес се присетија на најпопуларните шпански серии во минатото. Која е сличноста на сите турски серии? Зошто те фаќа дремка на тросед, ама не ти се спие во спална?  Што пропуштивте утринава сумирано во 30 минути. 

Среда, 6 октомври 06.10.2021

Send us Fan Mail Во Среќна Среда зборуваме за среќни нешта! Среќен роденден на еден наш драг пријател, среќни податоци за фејсбук и среќни спомени од деновите поминати во градинка. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 5 Октомври 05.10.2021

Send us Fan Mail Денес се обидуваме да дадеме одговор на едно прашање од слушател, поврзано со одржување хигиена во домот и анализирме еден куп статистика поврзана со однесување на мажите и жените. Ајвар, лавови, статистики, вести, јавувања, родендени и многу смеење. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 4 октомври 04.10.2021

Send us Fan Mail Тик Так и Зорка со започнување на новата академска година, имаат идеја за додипломки студии на тема ајвар. Колку е изводлив новиот закон за данок на бакшиш во Италија? И како изгледа новото домаќинско чудо наречено Алекса на тркала? Што пропуштивте денес, сумирано во 30 минути. 

Петок, 1 Октомври 01.10.2021

Send us Fan Mail Петочки разговаравме за новиот предлог закон за работно време ама од поинаква перспектива. Кои се твоите најчудни искуства под дејство на алхохол? Го оценуваме  ајварот број 2, а слушател од Штип ни ја открива тајната состојка ма ајварот која може да ви заштеди многу пари.  Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Четврток, 30 Септември 30.09.2021

Send us Fan Mail За да ја разрешиме мистеријата од која година потекнува песната на Андријана Алачки "Македонска Полиција", побаравме Ваша помош и оддеднаш се најдовме како преслушуваме хитови од Макфест. Не знеме што се случи со денешната емисија, ама едно е сигурно- ова ќе остане едно од најубавите будења со Тик Так и Зорка на Радио. Плус, денес оставивме и малку од музиката. Што пропу...

Среда, 29 Септември 29.09.2021

Send us Fan Mail Од крајно непотребни факти, издвојуваме- колку пати на дневно ниво со рацете допирате разни предмети? Како изгледаат предизбопрните реклами од маркетингшка гледна точка? Тик Так и Зорка со unboxing на подарок. ? Дали начинот на кој Вил Смит го спаси бракот е вистинскиот начин за Вас? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 28 Септември 28.09.2021

Send us Fan Mail Кои се  македонските верзии на имињата на 7те џуџиња? Тик Так и Зорка се сеќаваат на старото добро југо и сите анегдоти поврзани со него. Каде се и како се слуша подкастот на Тик Так и Зорка? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Listen to the Тик Так и Зорка podcast in Replaio

Radio and podcasts in one app - free, with no sign-up. Install today and do not miss the launch

Get it on Google Play

Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.