Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Author
Тик Так и Зорка
Category
Podcast website
Latest episode
May 14, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Четврток, 22 Септември 22.09.2022 23:23
Send us Fan Mail Го испраќаме летото, анализираме бабини деветини за тоа како да се пречека есента, го славиме денот на 100-годинишниците и муабетиме со слушатели. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 21 Септември 21.09.2022 35:43
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ве враќаат назад во времето на полифоните мелодии. Препознавате ли некои од нив? Нераскинливата врска на тоалетната хартија и човештвото. Дали навистина мажите и жените се еднакви? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 19 Септември 19.09.2022 29:50
Send us Fan Mail Патешествието на Тик Так на еден патен правец, состојбата на истиот и хорор приказни од слушателите. Понеделник, дилемата е, дали мажите и жените имаат иста толеранција кога е болката во прашање? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Untitled Episode 16.09.2022 36:51
Send us Fan Mail
Петок, 16 Септември 16.09.2022 36:51
Send us Fan Mail Петок со Тик Так и Зорка, а во него слушавте колку пари му се потребни на еден балканец за да живее удобно? Му наплатиле торта на гостинот на свадба- како би реагирале ние на тоа? И зошто нема производи кои нудат мирис на пекара или сендвичара? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Четврток, 15 Септември 15.09.2022 34:42
Send us Fan Mail Од неодговорливи прашања до сезонска мода. Тик Так и Зорка денес со шарени теми и многу муабет. Од блиску, како изгледа измамата со телефонски јавувања и изнуда на пари. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 14 Септември 14.09.2022 40:43
Send us Fan Mail Конечно одговорена најстарата дилема - што е постаро, кокошката или јајцето? Понесени од еуфоријаѕа, се обидовме да одговориме уше неколку прашања кои немаат одговор. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 13 Септември 13.09.2022 25:42
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка во вторник дискутираат за позитивата која секој од нас ја шири, наспроти секојдневните случувања во главниот град. Колку е лесно да се биде среќен? Плус, еден куп непотребни факти со кои можеш да започнеш муабет на состанок. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 12 Септември 12.09.2022 38:24
Send us Fan Mail Понеделнички, зборуваме за листата на традиционлани Македонски јадења кои еден светски познат гастрономски портал го објавил, а со која ние не се сложуваме. Тик Ток трендови и алгоритми влијаат врз тоа што гледаме на интерне. Кекел не замисли на тема приватни патишта, а ние го прашавме зошто Битола порано се викала Манастир. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Среда, 7 Септември 07.09.2022 29:04
Send us Fan Mail Колку треба да си среќен за да бидеш вистински среќник? Која е алфа женска во домот - снаата или свекрвата? На кој јазик се разбираат децата и мајките? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 6 Септември 06.09.2022 25:22
Send us Fan Mail Што е променето и колку е сега подобро или полошо кај храната на дечињата во училиште и градинките? Кои се најлудите комбинации со храна што досега сте ги пробале? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 5 Септември 05.09.2022 35:50
Send us Fan Mail Како се мери лутината на пиперката? Постои ли мерна единица и колку луто е многу луто? Ве запознаваме со најинтересните финти со кои може да ги претворите вашите простории во миризливи оази, користејќи хигиенски проиводи! Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Четврток, 1 Септември 01.09.2022 32:32
Send us Fan Mail Први Септември, песнички, тетратки по широки и тесни и многу смеење. Тик Так и Зорка утринава ги испратија учениците во училиште, ве прашаа дали тетратката е по коцки или квадрати и ви раскажаа за најневеројатните училишта низ светот. Ако не пропушти, преслушај не овде
Среда, 31 Август 31.08.2022 34:25
Send us Fan Mail Зорка синоќа имаше ексклузивна можност да биде присутна на првата традиционална ад хок манифестиација “Препливај го Скопје - aко можеш”. На Французите им даваме идеа како да камуфлирааат базени. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 30 Август 30.08.2022 35:09
Send us Fan Mail Дали беше побезбедно некогаш или е побезбедно за живот сега? Дали е ОК некој да даде твој телефонски број без да побара дозвола? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 29 Август 29.08.2022 29:43
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка понеделнички ги анализираа цените на училишниот прибор, книгата на Тик Так и инцидентите во изминатиот викенд. Резултат? Многу смеа! Што пропушти утринава сумирано во 30 минути.
Петок, 26 Август 27.08.2022 17:15
Send us Fan Mail Денес учевме Охридски и слушавме Македонска ретро музика. Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути.
Четврток, 25 Август 26.08.2022 16:19
Send us Fan Mail Утринава Тик Так и Зорка дискутираа за утринскиот секс и бенефитите што тој го носи во споредба со кафето. Што пропушти утринава сумирано во 30 минути.
Среда, 24 Август 24.08.2022 32:49
Send us Fan Mail Денешната емисија ја посветивме на клучните заеднички карактеристики на еден инфлуенсер и еден политичар. Тик Так и Зорка ве прашуваат, знаете ли да наброите 25 дела од автомобил? На колку години сме најсреќни, а на колку најбогати? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 23 Август 23.08.2022 30:48
Send us Fan Mail Во текот на денешната емисија екипата на Тик Так и Зорка работеше н расонување на популацијата во државава при што беа реализирани 9 влеза, пуштени 27 песни, вклучен 1 слушател и реализирани два информативни блока. Нашата екипа посветено ќе работи и во иднина, за што ќе бидете информирани преку нашите комуникациски канали.
Понеделник, 22 Август 22.08.2022 27:04
Send us Fan Mail Понеделнички дебатираме за маркетигот кај мажите и жените, осмислуваме нов квиз и гостуваме во утринската програма на МТВ Што пропушти сумирано во 30 минути.
Петок, 19 Август 19.08.2022 26:41
Send us Fan Mail Ретро Петок со Тик Так и Зорка и првиот роденден за оваа сезона. Знаете ли за што служат копчињата F1 до F12? И што гледаат децата на YouTube? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Четврток, 18 Август 18.08.2022 31:18
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка ја разоткрија мистеријата на македонската азбука. Скопје, како дел од еден "важен" филмски проект, кој ќе ве остави без зборови. Во колумбиски град, жителите пресреќни - ќе ви откриеме зошто. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути,
Среда, 17 Август 17.08.2022 35:39
Send us Fan Mail Тик Так и Зорка денес ви помагаат да ги разберете и имплементирате новите мерки за штедење. Но со одлични предлози истапија и слушателите. Дали би примениле некои од нив и кој? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 16 Август 16.08.2022 36:34
Send us Fan Mail Во пресрет на барањето на слушатели, Тик Так и Зорка побараа сродна душа за еден слушател. По ревидирањето на историјата, може да воздивнеме- Врчак е наш! Кекел се врати од одмор па си муабетиме околу квалитетот на мрежата. Потврдуваме истражување направено со звукот на тоалетната школка! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.