Elena Gj.Kostadinovikj
Eliezer Obnoven Um
За патот, вистината и животот... содржини за обновување на човековиот ум...
Author
Elena Gj.Kostadinovikj
Category
Podcast website
Latest episode
May 28, 2026
Where to listen?
Podcasts in the app Replaio Radio Coming soonPodcasts are coming to the app soon. Install now and be the first to see a whole new take on podcasts
Episodes
Трансфер од Небесата 10.05.2022 13:23
Богатството на грешникот се чува за праведните. Доаѓаат деновите на просперитет, совршено здравје, благослови во изобилство. Доаѓа нашиот трансфер од Небесата.
Од каде доаѓаат моќта и авторитетот? 07.05.2022 9:36
Исус дојде со авторитет бидејќи рече ДА на мисијата, но дојде со моќ заради средбата, а нашиот авторитет доаѓа од нашето ДА на овластувањето, а моќта ни доаѓа во средбата, соочувањето, пресретнувањето.
Има ли чесни и верни луѓе? 06.05.2022 6:09
Извадок од Книга пророк Еремија.
Исусовата молитва 05.05.2022 4:51
Евангелие според Јован 17 глава.
Да се победи војната во нас 04.05.2022 17:35
Војната во нас трае постојано. Тие внатрешни сили постојано ќе се обидуваат да излезат на површина и да го диктираат нашето однесување. Да одбереме да живееме по духот, а не по телото! Исус Христос ни дава повеќе од сила за да успееме! Тој е патот, вистината и животот!
Одбивам да се плашам! 29.04.2022 22:19
Преку крвта и телото на Исус Христос ние сме избавени од стравот. Стравот е уништувач! Кој е духот на стравот? – Ѓаволот, тој е стравот. Исус рече: крадецот доаѓа да украде, убие и уништи. Целта на ѓаволот е да нѐ натера да се откажеме од животот, благословите, просперитетот, од ближниот, од верата во Бог, да се откажеме од себеси, од борбата за доброто и праведното.
Давај, за да имаш! 01.04.2022 20:00
Давај му принос на Господа од имотот твој и од привините на плодовите од твоите придобивки, та твоите житници да се исполнат до врвот, твоите бочви да се прелеваат од вино.
Имај вера во Бога! 23.03.2022 17:57
Исус вели: Имајте вера во Бога! Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: Дигни се и фрли се в море! и не се посомнева во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Она што излегува од устата на човекот, тоа го осквернува човекот 18.03.2022 6:01
Исус им рече: „Слушајте Ме сите и разберете: Ништо што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; освен она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!” (Евангелие според Марко 7 глава)
Беседа на гората 14.03.2022 9:28
...бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко. (Матеј 5)
Послание до Римјаните 8 глава 12.03.2022 6:48
И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот, бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото,...
Бог е присутен кога си во болка 10.03.2022 9:41
Ако Господ Бог, како грнчар, те зел како глина и те оформува во некаков сад, и ги поминува сите фази до крајниот производ, во некаква форма и притоа чувствуваш притисок, болка, знај дека секогаш си во неговите раце, и дека во која било фаза да се наоѓаш сега, знај дека си во Неговите раце.
Партнерување со Бог во молитвата 09.03.2022 6:34
Научи како да допреш до срцето на Бога, изрази го тоа во молитва и направи го она што треба, а тоа е промена во светот!
Што сееш, тоа и ќе жнееш! 03.03.2022 18:38
Не лажете се: Бог не дозволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел, а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.
Исклучи ги негативните гласови во твојата глава 26.02.2022 8:16
Како негативните гласови влијаат на нашиот живот?
Нашето вистинско огледало 25.02.2022 14:44
Божјото огледало е нашето вистинско огледало...
Како загриженоста ги задушува Божјите благослови за твојот живот 10.02.2022 9:39
Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
Мисли, говори, манифестирај! 09.02.2022 27:39
Изреки 23: Зашто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој...
Ние сме телото на Христос 07.02.2022 5:22
Исус е наречен последниот човек Адам бидејќи ја сврти клетвата умирајќи за својата невеста. Колкава голема љубов може да има човек што дури го дава својот живот.
Дали веруваме во Исусовите зборови? 22.01.2022 7:26
Свето евангелие според Јован, глава 5.
Благословен си Ти Господи! Слава! 13.01.2022 9:05
Благословен си Ти Господи! Зашто нѐ извлече од пеколот и нѐ спаси од раката на смртта! Слава!
За Исусовиот подарок даден на Небесниот Татко 11.01.2022 18:13
Кога се раѓаме наново, тогаш сме како бебиња и Исус нѐ носи пред Таткото и му вели: Што велиш Татко, ти се допаѓа ли ова бебе? А Таткото ќе одговори: Колку е убаво ова бебе!😊 Што значи, ТИ си тој подарок! Исус те носи пред Небесниот Татко кој е воодушевен од твојата убавина! Затоа, отсега па натаму никогаш повеќе немој да се наречеш себеси невреден или некој да ти го рече тоа. Туку речи: Јас сум...
Да се живее во двете сфери 23.12.2021 21:30
Дали може да се живее во земската и небесната сфера истовремено?
За божествената благонаклоност 22.12.2021 25:27
Си ја почувствувал ли божествената благонаклоност?
Библиска медитација 20.12.2021 16:07
Оваа медитација е вклопување, составување со она што Бог го рекол за нас. Божјиот збор вели дека човекот нема да живее само од лебот, туку и од секој збор на Бога. Сѐ што постои и сѐ што функционира е заради тоа што Тој го изговори. Исус зборуваше само она што говореше Бог.
Replaio is not a podcast publisher; show names, artwork and audio belong to their authors and are distributed through public RSS feeds.