Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка

Comedy MK ↓ 810 epizód

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

Mindenképp látogasd meg a podcast oldalát, és támogasd a készítőjét: www.tiktakizorka.mk

Szerző

Тик Так и Зорка

Kategória

Comedy

A podcast weboldala

www.tiktakizorka.mk

Legutóbbi epizód

2026. okt. 1.

Hol hallgathatod?

Podcastok az alkalmazásban Replaio Radio Hamarosan

A podcastok hamarosan megérkeznek az alkalmazásba. Telepítsd most, és láss elsőként egy teljesen új megközelítést a podcastokhoz

Letöltés a Google Play-ről Telepítsd ingyen Android közel 10 M letöltés · 4,8-as értékelés iOS hamarosan

Epizódok

Понеделник, 27 Јули 27.07.2020

Send us Fan Mail Додека сите се фокусирани на Корона, ние анализираме колаква штета ни нанела промајата.  Малкумина знаат, ама Галите имаат потекло од Македонија, а ние ова го поддржуваме со факти. Како Крушево се бори со Корона аскерот дознаваме од прва рака. Плус, три родендени, меѓу кои и жена таксист! Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути 

Петок 24 Јули 24.07.2020

Send us Fan Mail Вештачка сланина, зависнот од мобилни телефони, извезуваме корнишони и заговараме бизнис со канабис а во градов има и нова полициска единица што санкционира возачи на тротинети. Плус, бонус роденден со барање за лепење перика.  Се она што пропушти утринава сумирано во 30 минути

Четврток, 23 Јули 23.07.2020

Send us Fan Mail Мистеријата и шармот на белата гаќа, родендени поврзани со право, и за прв пат - извршуваме извршител. Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

Среда, 22 Јули 22.07.2020

Send us Fan Mail Има код на Давинчи, морзеов код, и код на женски битолски имиња кој ние се обидуваме да го откриеме, Плус, проверуваме колку Јусуф знае Германски пред да одобриме виза за престој.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Вторник, 21 Јули 21.07.2020

Send us Fan Mail Дома сепак, може да ти тече мед, а ние откриваме како. Филмски рецензии за жешки денови, креативни начини како навечер да го заклучиш фрижидерот и два родендена - бараме машка депилација и сакаме да направиме трансфер на фудбалер во ГФК Осогово.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 20 Јули 20.07.2020

Send us Fan Mail Корона оптимизам на максимум, хорор приказни за мајстори со лепливи раце и роденден со Мајбах во автошкола.  Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути!

Петок, 17 Јули 17.07.2020

Send us Fan Mail Петочна пост изборна анализа, колаче кое ги задоволува сите дневни потреби на зеленчук и овошје и убрзан курс за модерен дејтинг! И се разбира еден куп родендени.  Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути

Четврток, 16 Јули 16.07.2020

Send us Fan Mail Пост изборно се чудиме како тоа секој е победник, цел свет е хакирана, Зорка четири-пет ден не знае дека вози расипано возило. Плус, расклопуваме хируршка маска за да видиме дали навистина во желевцата за нос се скриени 5Г антени.  Разговараме со најкул техичарот од ИЈЗ на тема Корона, плус дознаваме зошто Денис е секогаш весел.  Родендените, се секако стандард! Се што пропуштисум...

Вторник, 14 јули 2020 15.07.2020

Send us Fan Mail Денес е неработен ден, па да ви рециклираме тоа што пропуштивте вчера на радио. Интересни родендени, креативни одмири и еден куп интересни работи да слушаш додека чекаш да исполниш граѓанско право

Понеделник, 13 Јули 13.07.2020

Send us Fan Mail Понеделничко заладување насред лето, а ние дискутираме која е поентата да се произведуваат и продаваат летни пижами. Комарците и покрај сите биолошко хемиски оружја кои се користат, успеваат да ја задржат одбрамбената линија и тргаат во офанзива. Кој се спаси ќе раскажува. Читаме пораки од слушатели и анализираме што треба една личност да поседува за да ти биде жирант за кредит. ...

Петок, 10 Јули 10.07.2020

Send us Fan Mail Скопјанец нападнал сопруга со секира, а него го нашле мртов. Внимателно што правите со секири!  Ги поддржуваме докторите во нивниот обид да бидат ослободени од предизборни обрвски. Местото на докторите е во болниците. Тик Так е директен сведок на оговарачки мубает за него па пренесува искуства и чувства на таа тема, а Зорка упорно лепи фотки на Инстаграм. Туристичките агенции сака...

Четврток, 9 јули 09.07.2020

Send us Fan Mail Будење без аларм е благодет кој не многу луѓе може да ги осетат. Дискутираме како да се навиеш за да можеш да станеш минута пред алармот да ѕвони. Во отсуство на странски туристи, домашните угостители се обидуваат на секој начин да привлечат домашни гости. За прв пат после 10 години, се случува човек сам да си побара да му честитаме роденден, а покрај овој, денеска имаме уште 6 ро...

Среда, 8 Јули 08.07.2020

Send us Fan Mail Работите се менуваат преку ноќ - легнуваш додека се е мирно, се будиш наутро во комшии хаос!  Продолжуваме да бараме домашни туристчки дестинации согласно новите насоки од СЗО, која овој пат тврди дека Корона се пренусва преку воздух. Консистентност нема никаде! ОЕЦД со некоја статистика за тоа што се подразбира под средна класа, а ние се пребројуваме да видиме каде припаѓаме.  Ро...

Вторник, 7 јули 07.07.2020

Send us Fan Mail Зорка дава рецепт за позитивен ден ама некако не оди како што планира!  Еден Македонски филм направи лом по фестивали минатата година, Зорка е фасцинирана од премиерата, ама, секогаш има ама.  Не тема закон за вработување и дискриминација, имаме искуства на долго и на широко, ама  заеднички заклучок е дека жена не смее да се прашува за планови за раѓање. Плус, денес имаме 4 роденд...

Понеделник, 6 јули 06.07.2020

Send us Fan Mail Понеделнички дискутираме за викендот, за времето, за состојбата со Македонскиот туризам и проверуваме колку Зорка ги знае кафанските песни кои толку многу наводно и фалат.  Тик Так се надоврза на викенд случката со Капрезе салатата па се разви дебата околу класификација на објектите.  Од денес, за секој лајк делиме и награда, а за да дознаеш како до награда мора да слушаш. Плус, и...

Четврток, 2 Јули 02.07.2020

Send us Fan Mail  Сообраќајот во Скопје е хаос, а ситуацијата не е ништо подобра ни во пешачко-велоспедските патеки. Анализираме како погрешно се вози велосипед и како погрешно се пешачи и како никој ништо не превзема за да хаосот се реши. Како старееме, повредите еволуираат. Правиме анализа на повреди согласно староста, а имаме и неколку родендени поврзани со приватни детективи и рентање на базен...

Среда, 1 јули 01.07.2020

Send us Fan Mail Средовечна криза - ноќна мора за секого. Со летото, доаѓаат и проблемите во спалана. Да се спие со клима или без?  Дебатираме за моредните бракови и го бараме рецептот за идеален брак. Имаме 4 родендени - на еден славеник се обидуваме да го разработиме бизнисот со одела на креативен начин, а Јуле, која вчера се фризирала е шокирана од нашата роденденска честитка.  Се она што пропу...

Вторник, 30 Јуни 30.06.2020

Send us Fan Mail За крај на месец, анализираме цвеќиња, состојбата со велосипедските патеки во Скопје, ситуацијата со короната, и имаме еден куп родендени.  Се што пропушти утринава сумирано во 30 минути. 

Понеделник, 29 Јуни 29.06.2020

Send us Fan Mail Денес Тик Так е сам. Зорка има дентални проблеми и се јавува директно од забар. Два родендеи, сите на патерица плус Кумановка со извештај за кумановските работи.  Се што пропушти утринава, сумирано во 15 минути!

Петок, 26 јуни 26.06.2020

Send us Fan Mail Петочно, 5 родендени, првиот е на Стефчо од Босилово, баравме дел за фичо, за караконџулата на Тик Так.  Потоа ја баравме и Ирена, па покрај честитката, ни ја разреши и мистерија како да препознаеш лажен од вистински мед. Од денес, и внатрешните делови на кафаните се отворени, а Зорка запнала за певаљка па дебатираме како да се организираат луѓево ем да се ужива во жива музика ем...

Четврток, 25 јуни 25.06.2020

Send us Fan Mail Чудни закони и уште почудни инспектори. Колку е профитабилно да отвориш ДООЕЛ денес?  Комшиите се и благослов и клетва. Ако ти се погодат, супер, ако не ти се погодат, за глава ќе се фатиш какви се закони постојат за решавање на соседски спорови. Доаѓа сезона на лубеници, а ние анализираме која е поентата да се удираат "чврги" на лубеница при избор. И зошто се сече секог...

Среда, 24 јуни 24.06.2020

Send us Fan Mail Утринава почнавме со репоража за тепачката од вчера меѓу камионџиите и месното население во Облешево- Чешиново. Деталите од терен ги има Тик Так. Во Штип вчера течеше мед и млеко, ама нити се виде мед, нити тоа во Брегалница беше млеко. Дали и што превземаа надлежните околу ова уште немаме инфо, а во  во Охридско уловена риба Сунчица, многу агресивна аквариумска риба.... Кекел нев...

Вторник, 23 јуни 23.06.2020

Send us Fan Mail Зошто имаме тенденција да измислуваме производи кои ни го одложуваат процесот на бањање и одржување на лична хигиена? Мамините и татини синчиња на фукционери и познати ликови имаат опција - демант преку медиум за направен лумперај низ Скопје. Колку верувате на демантите?  Програмерите сеуште на првото место во износ на бруто/нето плата во Македонија. Имаме (не)наградна игра на наш...

Понеделник 22 Јуни 22.06.2020

Send us Fan Mail Денот го започнавме со навраќање на минатото кога во училиште се учеше домаќинство и бевме тепани со лењирче по рацете. Слушатели се жалат на телефонски оператори кои издаваат само електронски сметки на мејл, а старите не знаат како да користат мејл. Има логика! На тема корона, ги дефинираме двете категории на луѓе- екстремно претпазливи и оние на кои баш им е гајле за се. Зошто н...

Петок, 19 јуни 19.06.2020

Send us Fan Mail Tик Так и Зорка утринава петочки расправаат за ситуацијата со недвижнини во Скопје. Зошто како таргет група Тик Так добива понуда од 50 м2, а Зорка 29м2? И за каква намена е тераса од 1 м2? Тик Так е пред времето и бара стан од 29м2 со хелиопад. Од родендените издвојуваме - дали ќе се најде јунак кој ќе го осигура гласот на Зорка и дали може да добиеме перика како косата на Доналд...

Hallgasd a(z) Тик Так и Зорка podcastot a Replaióban

Rádió és podcastok egy alkalmazásban - ingyen és regisztráció nélkül. Telepítsd még ma, és ne maradj le a premierről

Letöltés a Google Play-ről

A Replaio nem podcastkiadó; a műsorok nevei, borítóképei és hanganyagai a szerzőiket illetik, és nyilvános RSS-csatornákon keresztül terjednek.